Boro Pavloski

Кривична пријава за поранешниот директор на „Комуналец“

Post Views: 1 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Боро Павлоски од Охрид за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Поранешниот директор на ЈП „Охридски Комуналец“ Боро Павлоски, во април 2007 година склучил договор со АД „Галеб“ за издавање под закуп на изградено градежно земјиште „Нова автобуска станица“ во Охрид. Во 2008 година договорот повторно бил обновен, иако АД „Галеб“ не ја платил закупнината од 2007 година. Истото се случило и во 2009 година, каде по спроведената постапка за издавање под закуп со јавно наддавање по оглас, обвинетиот Б.П. ги игнорирал...

Continue reading

skuter

Охридска Капетанија ќе воведува ред кај скутерџиите

Post Views: 1 Капетанот Љупчо Настоски најави дека денеска поднеле предлог до владата за ограничување на движењето на скутерите по езерото. „Мора да делуваме на ваков начин , затоа што скутерите едноставно дивеат по плажите“, вели капетанот Настоски. Капетанијата предлага во периодот од 11 до 18 часот да се забрани пловидба на скутерите. „Реакции очекувам од скутерџиите, но тоа е нивно право, за нас во моментов најважни се капачите и нивната безбедност“, вели капетанот Настоски. Годинава пријавени се 2 инциденти, скутер со скутер, и скутер со педалинка. Постојано се вршат инспекциски...

Continue reading

logo

Паско Кузман во „Washington Post“

Post Views: 0 Во вчерашниот број на дневниот американски весник Washington Post, напишана е колумна од страна на Крејг Витлок за се поголемиот јаз помеѓу македонско-грчките односи и правото кое и двете земји го полагаат врз името на Александар Македонски. Во колумната, на долго и широко се наведува за  имињата на националниот аеродром и главниот автопат кон Грција, како и за статуата на Александар која треба да се постави на градскиот плоштад во Скопје. Централно, анализате е посветена на основните прашања: Дали имаме право да се нарекуваме како што сакаме, иако сме резидуален остаток...

Continue reading

Gorgi Kurtelov

„Никонски – земјен спој“

Post Views: 6 Изложба насловена како„Небесно- земјен спој“ од вечерва во големиот изложбен салон на центарот за култура „Григор Прличев“. Публиката ќе има можност да погледне дела иработени во една специфична и несекојдневна техника, најавува уметникот Ѓорѓи Куртелов. „Уметноста во мојот живот датира уште од мали нозе. Долги години посетував ликовни колонии низ Македонија, а потоа запишав и студии во Белград“, раскажува уметникот Ѓорѓи Куртелов. „ Потоа следеа неколку  изложби и награди. Сметав дека по толку години дојде ред да се претставам пред мојата Македонска публика“, вели Куртелов. „Инспирација...

Continue reading

Borjan Canev

Македонската филхармонија традиционално на „Охридско лето“

Post Views: 3 Претставување на Македонската филхармонија,во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Со оркестарот ќе настапат пијанистите Серџо Тјемпо и Ратимир Мартиновиќ, а ќе диригира Маестро Борјан Цанев. „Посебно место на фестивалот имаат нашите групи и оркестри, вели Гордана Јосифовска“, музичкиот селектор на „Охридско лето“. Серџо Тјемпо во текот на својата кариера има соработувано со голем број пијанисти и професори,а  активен е и како камерен музичар.„ Големо задоволство ми претставува настапот со Македонската филхармонија, токму на овој концерт чија тематика го слави животот“,...

Continue reading

korpa

Француски корпи во Охрид

Post Views: 1 На охридскиот кеј со овие корпи ќе се подигне нивото на чистота, велат одговорните на Охридското јавно претпријатие за хигиена. Задоволни и граѓаните. По теркот на Париските корпи за отпадоци, тргна и Охрид. Кога се сака не е далеку ни Париз. Директорот на ЈП Охридски Комуналец Сашо Алчев проблемот со отпадоците на едно од најфрекфентните места за охриѓани и бројните туристи –кејот, го реши по примерот на Париз поставувајќи практични корпи за отпадоци. Граѓаните задоволни од ваквата иницијатива со единствена  забелешка дека подобро би било кога проѕирините најлон вреќи...

Continue reading

sovetnici

Многу предлог-одлуки и вкрстени дискусии

Post Views: 1 Најмногу внимание кај советниците привлекоа точките околу буџетите. Буџетот на единицата на Локална самоуправа-Охрид ги скара советниците, по што групата на ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата. Советот на Општина Охрид ја одржа четвртата седница. Многу точки, а малку сработано. Од најавените 17 од дневниот ред, уште на почетокот две беа изземени, а додадени две нови. Приоритет им се даде на предлозите на советникот ТомиславТунтев и градоначалникот Александар Петрески. Првата се однесуваше на издавањето под концесија на Сараште, а втората беше предлог-одлука за одобрување...

Continue reading

Советниците рапсправаа за судбината на Сараште

Post Views: 6 На денешната седница како итна беше предложена и прифатена точката за издавање на Сараиште под концесија. Невообичано, но вистинито,  за прв пат и советниците и градоначалникот истомисленици. Со Одлуката на Министретвото за транспорт и врски и Сараиште да го издаде под концесија за плажа, не се бираат ни начин ни стредства да се закупи секоја педа охридско земјиште во вода и на копно. За овој проблем ТВМ информираше во повеќе наврати, а денес и советниците констаираа дека под итно треба да се реагира и да не се потпише договорот за закуп на култното место Сараиште. Судбината...

Continue reading

znaminja

Грантови на ОБСЕ им се нудат на Охрид и Струга

Post Views: 0 Целта е максимално искористување на средствата од ОБСЕ наменети за потребите на општините. Петрески и Мерко во шема. Во иднина тие заедно ќе можат да аплицираат за искористување на грантовите на ОБСЕ со договор за меѓуопштинска соработка. Тоа е случај само во општини каде што има мешано население како што е тоа во Охрид и Струга. Договор за заедничка соработка веќе е постигнат изјави Петрески . Предлог одлуката за одобрување на проектот за меѓуопштинска соработка помеѓу општините Струга и Охрид бил донесен и како заклучок на Комисијата за туризам и локален економски...

Continue reading

Saso Alcev

Општина Охрид доби донација од Швајцарија

Post Views: 1 Специјално возило донација од Швајцарија ставено на располагање на општина Охрид. Посетата на градоначалникот Петрески во Швајцарија резултираше со донација на автоматизирано возило кое за 5-6 дена ќе оперира низ охридските улици. „Станува збор за возило кое ќе извршува повеќе функции за да се постигне комплетна хигиена во градот. Преку ден ќе ги чисти шахтите а навечер ќе се грижи за хигиената на улиците. Нашите соработници од Швајцарија Цирих, ни помогнаа да дојдеме во контакт со тамошните локални власти и некои други здруженија од кои ја добивме оваа донација“, рече...

Continue reading

izlozba

„Моето поинакво другарче“

Post Views: 6 Во рамки на годинешната културна летна манифестација „ Деновите на толеранција“ изложени се 30 најдобри цртежи од претходно пријавени 340 цртежи направени од деца низ цела Македонија. Изложба на ликовни творби на млади уметници од основните училишта од цела Македонија, кои твореле на тема „Моето поинакво другарче“може да се види во центарот за култура „Григор Прличев“ . Овие прекрасни дела се за потребите на културната манифестација „Денови на толеранција“.Целиот проект претставува заокружување на ликовниот конкурс кој Полио плус го спроведе во партнерство со Министерството...

Continue reading

Guitarissima

„Гитарисима“ со свој перформанс

Post Views: 0 Вечерашниот концерт ќе понуди едно сосема ново доживување, велат организторите на фестивалот. Пет млади гитаристки од Австрија, Унгарија и Германија, вечерва ќе се претстават на сцената на „Св. Софија“. Благодарение на нивните аранжмани, составот е револуционерен во полето на музиката за класична гитара. Тие создаваат освежувачки нов звук, кој дава нова димензија на популарната класична музика, како и на помалку познатите композиции, велат музичките селектори на фестивалот.„ Скоро сите аранжмани се направени од нас самите и вечерва публиката ќе има можност да ужива во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top