Советниците рапсправаа за судбината на Сараште

На денешната седница како итна беше предложена и прифатена точката за издавање на Сараиште под концесија.

 |  Татјана Маленкова  | 

На денешната седница како итна беше предложена и прифатена точката за издавање на Сараиште под концесија. Невообичано, но вистинито,  за прв пат и советниците и градоначалникот истомисленици.

sednicaСо Одлуката на Министретвото за транспорт и врски и Сараиште да го издаде под концесија за плажа, не се бираат ни начин ни стредства да се закупи секоја педа охридско земјиште во вода и на копно. За овој проблем ТВМ информираше во повеќе наврати, а денес и советниците констаираа дека под итно треба да се реагира и да не се потпише договорот за закуп на култното место Сараиште.

Судбината на оваа месност ги обедини советниците и градоначалникот. Сите се истомисленици околу потребата под итно да се превземат активности, со кои Сараште и понатака ќе биде на граѓаните.

„Ова место нема плажа за издавање…тоа е јавна површина која треба само да се уреди“, вели советникот Томислав Тунтев и додава: „Се надевем дека после сите дописи кои ги имаме испратено до Министерството за транспорт и врски, министерот ја увиде грешката и дека позитивно ќе одговори на нашите барања“.

Предлогот на Тунтев, советниците да изнајдат начин да се стопира концесионирањето со Сараиште, го прифатија и советниците од ВМРО ДПМНЕ.

„Целосно застануваме зад иницијативата Сараште да не се издава под концесија“, вели Јоне Станкоски од ВМРО НП. „Треба во иднина да разговараме и за целото крајбрежје“, додаде тој.

„Мислам дека на министерот за транспорт и врски успеавме да му укажеме каков простор е Сараште и што тој значи за Охриѓани. Се надевем дека има разбирање, сега очекуваме потврдно да одговори на нашите барања“, вели советникот Дејан Паноски.

Градоначалникот Александар Петрески се сложува со советниците. Тој веќе испратил писмо до релевантното министерство. Во него се потенцира значењето на Сараиште и доколку овде се прави плажа во опасност се доведуваат културно-историските споменици на овој потег. Решение за ваквите проблеми, градоначалникот гледа во целосната децентрализација, со што општината ќе може да го издава крајбрежјето и градежното земјиште.

Да се надевеме дека министерот позитивно ќе одговори на барањата на градоначалникот и граѓаните и дека и покрај тоа што плажата е веќе издаддена под концесија, договорот за истата нема да се потпише.ТВМ и понатака ќе ја следи состојбата со Сараште.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top