Post Views: 8
Новинарите најчесто пласираат цифра која се сведува на слободна проценка. Нашата екипа направи напор да го открие тој податок и постапката како се доаѓа до него.
Нема прецизен податок за бројот на туристи во Охрид. Гости има, но колку точно никој не знае. Релевантните иституции доцнат со ваквите информации, па се наметнува прашањето колкава е нивната ажурност. Број на гости во јули, ќе имаме дури на 15 Август, велат од Секторот за локален економски развој и туризам. Одговорниот Гоце Симоноски, рече дека кулуминација на туристи е забележана за враме на илинденските празници....
Post Views: 10
Охрид ќе го чествува летниот Св. Климент. На плоштадот во градот ќе се одржи голем музички хепенинг на кој ќе учествуваат музичари исклучиво од Охрид.
Во чест на големиот световен празник Св. Климент, на 8ми август на плоштадот во Охрид ќе се одржи хепенинг под наслов „ Охрид во чест на Св. Климент“. „Изминативе години значение му се придаваше само на зимскиот Св. Климент, меѓутоа како патрон на градот и од причина што во летниот период има туристи од сите страни на светот, за подобра промоција на Охрид ќе се слави летниот Св. Климент“, вели градоначалникот Петрески.„...
Post Views: 0
Идејата на младите од Охрид, за изградба на „Скејт-парк“ која произлезе минатата година, конечно релизирана. Локалната самоуправа во соработка со „Ротари“ клубот од Охрид, изградија скејт-парк по терк на светските метрополи.
Охрид и официјално ќе добие современ „Скејт-парк“. Проектот е реализиран во соработка на локалната од Охрид и „Ротари“ клубот.„ Потегот од мостот кај Езерската полиција, кој некогаш со право се нарекуваше „Ајван плажа“, сега со проектот одбојка на плажа и секако скејт паркот, ќе добие едно сосема поинакво светло“, вели градоначалникот Петрески....
Post Views: 1
Во моментов градежниците се соочуваат со голем пад во обемот на изведување на градежните работи вели Јонче Илоски од градежното претпријатие „Пирин Комерц“.
Тоа се должи најверојатно на моменталната ситуација во државата која е зафатена од рецисија и со неа се осеќа и пад во градежништвото. Покрај кризата, и неповолните банкарски каматни стапки имаат влијание граѓаните да го одлагаат градењето за подобри времиња појаснува Илоски.
Охридското градежништвото дека се наоѓа во криза потврдуваат и податоците од секторот за урбанизам. Лани од овој сектор издале 180 одобренија...
Post Views: 0
Вода нема ни за лек, а камоли за кафе велат мештаните. Туристите трпеливи а одговорните свесни дека треба сериозно да ги запрегнат ракавите.
Трпејца 20 дена без вода. Мештаните на населбата и бројните гости во екот на туристичката сезона се соочуваат со најсуштинскиот проблем-водата. Трпејчани покажаа голем револт кон МЈП Проаква и ЕВН. Тие обвинуваат, рестрикцијата со вода има позадина т.е дека намерно се атакува на туристичката сезона со цел истата да се уништи. Додаваат, додека надлежните ја префрлаат вината од едни на други нека излезат на терен за сами да видат...
Post Views: 42
Авто Кампот „Елешец“ се наоѓа на 9 километри од Охрид и располага со 270 закупени приколки.
Во моментов во него нема слободни места, а летуваат околу 900 домашни кампери вели управникот на кампот Светомир Гаврилоски. Гаврилоски не се согласува со констатацијата од некои кампови дека опаѓа интерсот за овој вид на летување. Тој смета дека приватизацијата си го прави своето. Ако некогаш се кампирало и по три месеци, сега има викенд кампирање. Од петок до недела , капацитотот е исполнет и до 99,99 посто. Сега трката по егзистенција дозволува кампирање едвај 30 дена...
Post Views: 23
Вчера во попладневните часови на сред бел ден, пет мина македонски иселеници излегувајќи од џип, брутално претепаа моторциклист заради сообраќајна нетолеранција.
Тепачка на сред бел ден. Вчера во непосредна близина на „Тинекс“ маркетот во центарот на градот се случи немил настан. Кратка вербална расправа премина во тепачка. Според очевидци кои не сакаа да коментираат пред нашата камера, нападнат бил моторциклист од страна на пет мина македонски иселеници. Едниот од нив од луксузно возило џип едно време извадил метална шипка со која со неколку удари на моторциклистот...
Post Views: 11
По вечерашното откажување на албанската драма, критичарите на фестивалот „Охридско лето“, а и поширокиот аудиториум се прашуваат што навистина се случува со оваа манифестација и во која насока оди сето тоа. Фестивалот „Охридско лето“ го осбележа своето 49годишно постоење. Во сиот тој период на сцената настапиле плејада на врвни уметници, музички виртуози како Леонид Коган, Андреј Навара, Евгениј Бушков, московските виртуози на чело со Едвард Граг и многу други врвни имиња од музичката, а и театарската сцена.Во последниве години таа традиција ја надополнуваат настапите...
Post Views: 2
Културното наследство олицетворение на Охрид. Иницијативите за изградба на спомен обележјата заслужуваат подршка.
Во таа насока беше денешната предлог одлука за поставување на спомен обележје на рускаската Кнегиња Олга и Кнезот Владимир која од страна на советниците на советот на општина Охрид беше едногласно прифатена. Дејан Паноски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека конечно доаѓа до израз она што навистина му треба на градот.
Таткото на градот Петрески рече дека поставувањето на ова спомен –обележје ќе значи придавање важност на еден сегмент од богатото историско минато на Охрид....
Post Views: 6
Месната Заедница на Лакочереј, на ЈП„ Проаква“ му ја даде довербата да се грижи за водоснабдителниот систем.
Живот за жителите на Горно Лакочереј. Председателот на Месната заедница на селото, Климе Тренески рече дека конечно се стави крај на бројните проблеми околу водоснабдувањето. ЈП Проаква ја доби довербата да се грижи за водоснабдителниот систем. Тренески рече дека со овој потег работите тргнаа на добро.
Првиот човек на ЈП Проаква, Бранислав Трпчевски рече дека пред да започнат со своите активности треба добро да се скенира состојбата на терен.
Трпчевски очекува...
Post Views: 1
Со кратки дискусии од страна на претседаталите на одредени работни дискусии, беа прифатени сите 10точки предвидени со дневниот ред.
Со невообичаено доцнење од час и половина започна петтата седница на советот на Општина Охрид. Долготрајната дебата помеѓу Градоначалникот и граѓаните од 15тата урбана единица, беше причина поради која советниците почнаа со работа со толкаво доцнење. Граѓаните од овој дел на градот засегнати од состојбата која им се наметнува со дадениот плански опфат, не отстапуваа од барањето истата да биде изземена како точка на дневен ред. Барањето беше...
Post Views: 2
Охриѓани и бројните гости маки мачат за паркирање на своите возила. Проблемот се провлекува повеќе години, а надлежните неможат да најдат решение кое во целост би ги задоволило потребите на охриѓани и многубројните гости кои доаѓаат во градот.
Каде да паркирам? Прашање кое се поставува постојано. Паркинг просторот болна точка посебно во летниот период. Во Охрид изминатиов викенд имаше околу15 000 илјади возила со кои буквално се блокира градов. Надлежните велат дека се подготвува стратегија за решавање на сообраќајната инфраструктура, но се скептични дека и со неа ќе...