Post Views: 0
При крајот на концертната сезона во Охрид, на плажата во Парк настап на групата Ван Гог.
Организаторите на концертот најавуваат мега музички спектакл со најдобар сараунд. Додека трае концертот ќе се снима и спот кој ќе се прикаже на ЕМ ТИ ВИ Мјузик Аворд.
Легендарните српски рокери “Ван гог”, вечерва ќе одржат концерт во Охрид, на плажата пред хотелот “Парк”. Журката треба да започне на полноќ, а фронтменот Ѓуле и членовите на бендот пред Охриѓани и туристите ќе ги промовираат песните од новиот албум “Лавиринт”. Ван Гог, во Охрид...
Post Views: 0
Светски познатиот музичар Четкар по успешните настапи во светот, за сладокусците на џезот, конечно со концерт дома.
По 6 години од настапот на антички театар во 2003 година, Владимир Василески Четкар настапува во својот град. Четкар и членовите од бендот Хју Ваит – клавијатура, Бено Сатлер – тапани, Џонатан Харвеј бас – гитара, ќе исполнат нумери од албумот „We will never end“, но ќе отсвират и 3-4 најнови теми кои досега не се изведувани. Настапот на светски познатиот џез музичар Владимир Василески Четкар го подржуваат локалната самоуправа и Министерството...
Post Views: 3
Инвестицијата вредна 4-5 милиони евра за изградба на хидроелектраните од страна на Турбо институт „Феро инвест“, наредните триесетина години ќе биде спас за двете општини Струга и Охрид.
Комплетирани сите документи за изградба на четирите мали хидроелектрани на „Летнички извори“. Тоа беше дел од обврската на МЈП „Проаква“..
Изградбата на истите последниве две години, се испостави дека е најсоодветно решение за решавање на проблемот со електричната енергија на МЈП „Проаква“. Документите за добивање одобрение за градба и употребната дозвола беше единствената обврска на...
Post Views: 0
Со „Ќеиф“,Белградско драмско позориште гостува на Фестивалот Охридско лето.
Утревечер во предворјето на Св. Софија настапува Белградско драмско позориште со една од најнаградуваните престави „Ќеиф“ во режија на Егон Савин. Текстот е на босанскиот автор Мирза Фехимовиќ, кој победил на конкурс во Србија, но не и во БиХ. Станува збор за реалистичен текст за повратниците во Сараево по завршувањето на војната, за луѓето кои побегнале и за оние кои останале.
Муневера и Хамо ликовите од преставата „Ќеиф“ ги толкуваат актерите Радмила Томовиќ и Слободан Ќустиќ. Преставата...
Post Views: 1
Годинава, наградата за најдобар расказ ја понесе авторот Блаже Миновски. „Слово горко слово жалосно“ е расказот кој ги доби сите позитивни критики од стручното жири на оваа манифестација.
„Слово горко слово жалосно“, е годинешниот награден расказ на манифестацијата „Живко Чинго“. Синоќа во атарот на црквата Св. Петка во с. Велгошти беше доделена наградата на Блаже Миноски авторот на овој расказ. Миноски повеќекратно е наградуван посебно во делот на пишување на раскази но изрази огромно задоволство, што точно нему му припадна оваа чест.Творештвото на Чинго е непресушна...
Post Views: 13
Поставени на тротоар на висина од метар и шеесет, наместо да ја вршат функцијата, тие го прават споритвното. Не е мал бројот на граѓаните кои завршиле со главата во сообраќајниот знак.
Луѓето со просечна висина ако само за момент не внимаваат што има пред нив, можат да бидат непријатно изнендени. Постои и веројатност да завршат со повреда на главата. Сведоците на неодамнешен случај велат дека токму ова му се случило на турист од Србија.
Од фондот за комунален развој се непријатно изненадени од ова сознание.
„Сообраќајните знаци се поставуваат согласно правилникот,...
Post Views: 18
Во завршницата на Охридско лето концерти на познати светски имиња. Прва пат годинава на Охридско лето чело концерт. Во црквата Св. Софија настап на младиот музички талент виолончелистката со светска слава Моника Лесковар од Хрватска и пијанистката Марија Вршкова од Македонија.Виолончелистката Лесковар по завршувањето на своето образование во Загреб, кај познатиот челист Дешпаљ, својата едукација ја продолжува во Германија кај проф. Давид Герингаз кој што пред две години имаше незаборавен рецитал на Охридско лето. Годинава најдобриот негов студент и асистент Лесковар,...
Post Views: 4
Дваесет и прво издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.Оваа манифестација завзема видно место во рамки на културното претставување пред светот. На неа говореле плејада на уметници кои оставиле трага во македонската и светската култура.
Оваа година ќе се одвива на повеќе локации, информира Славе Ѓорго Димовски. Ќе започне во Домот на култура во Велестово со филмска проекција, продолжува на средсело, а третиот дел ќе се одвива во домот на актерот Мирче Доневски, кој трагично загина па со тоа целокупната вечер ќе му биде посветена нему. Во програмата на манифестацијата...
Post Views: 9
Бука, гласна музика и самоволија . Покрај во стариот дел на градов, граѓаните не можат да спијат и во останатото централното градско подрачје.
Реакции во ТВ М пристигнуваат од сите страни на Охрид. Деновиве најбројни се поплаките за прегласната музика од Неполеон.
Соседите на ноќниот клуб Наполеон се жалат на бучава, викотници, гласна музика и самоволија од страна на гостите. Вознемирените граѓани спас од овие секојдневни вознемирувања, побараа во ТВ М.
„Секое утро од дворовите сами ги чистиме чашите, сметот… Знаеме дека сопствениците на локалот неможат да...
Post Views: 15
Во Охрид пристигна првата пратка со околу 500 бесплатни учебници за основно образование.
„Овај потег на Владата е убав, но треба да има кординација помеѓу Министертвото за образование, Локалната самоуправа и училиштата. Пред стартот на учебнита година се судривме со проблем во средното стручно образование“, вели раководителот на Одделението за образование при Локалната самоуправа, Митре Велјаноски и додава:
„Идејата на ресорното министерство децата да ги обезбеди со бесплатни учебници е добра, но имаме проблеми со реализацијата на истата. Очекуваме голем проблем во...
Post Views: 1
Каде оди туризмот во нашиов град, одговори на голем број прашања.
Дебатна емисија во врска со туризмот на телевизија ТВМ, со гости, градоначалникот Александар Петрески, професор доктор Науме Марионски и директорот на Агенцијата за промоција на туризмот магистар Зоран Стрезовски.
Видео – Каде оди туризмот во нашиов град – прв дел
Видео – Каде оди туризмот во нашиов град – втор дел
Видео – Каде оди туризмот во нашиов град – трет дел
{loadposition content9}
Post Views: 2
Навистина несовесно однесување кон белодробието на Охрид, обвинуваат екологистите од градов.
На дрвата кои се исечени им беа потребни 50год. да израснат, а луѓето од метеоролшката станица ги исекоа за приватни потреби.
„Сведоци сме на уште еден пример на несовесно однесување кон благодетите на природата“, обвинуваат еколозите од Охрид.
„Пред 50год. ученици од повеќе училишта од градот и дел од жителите на Охрид засадија борова шума на потегот над училиштето „Св. Климент“, а сега вработените од метеоролшката станица се дрзнаа истата да ја исечат и тоа за приватни...