„Ќеиф“ на Охридско лето

Со „Ќеиф“,Белградско драмско позориште гостува на Фестивалот Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Со „Ќеиф“,Белградско драмско позориште гостува на Фестивалот Охридско лето.

pres konferencijaУтревечер во предворјето на Св. Софија настапува Белградско драмско позориште со една од најнаградуваните престави  „Ќеиф“ во режија на Егон Савин. Текстот е на босанскиот автор Мирза Фехимовиќ, кој победил на конкурс во Србија, но не и во БиХ. Станува збор за реалистичен текст за повратниците во Сараево по завршувањето на војната, за луѓето кои побегнале и за оние кои останале.

Муневера и Хамо ликовите од преставата „Ќеиф“ ги толкуваат актерите Радмила Томовиќ  и Слободан Ќустиќ. Преставата ја донесува босанската траума низ неколку испреплетени судбини, помирливо без осуда на ниедна нација бидејќи сите се жртви на болно искуство.  
Покрај наградите за режија, глума и текст кои преставата „Ќеиф“  ги освоила на повеќе фестивали дома, од публиката и жирито ги однела наградите и на „Деновите на Сатира“ во Загреб.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top