Post Views: 5
Претставници на големи фирми од сверата на информатичката технологија, подготвени да инвестираат во Македонија.
Европските големи фирми во моментов се навистина спремни да отвораат фирми во Македонија. На конференцијата организирана од страна на МАСИТ, комората на информатичка индустрија во Мкедонија, присуствуваа претставници на големи фирми од светот, кои се отворени своите знаења да ги прелеат кај нас. Фирмата која ќе стане член на бордот, може да очекува да има голем пристап до информации, што во светот на информатичката технологија претставува голем бенефит. Нема...
Post Views: 3
Добри вести во врска со решавањето на проблемите во ЕМО, во првиот квартал од наредната година.
ЕМО е една од четирите компании за кои владата првзема мерки за приватизација. Ангажирани се консултантски фирми за решавање на состојбата во овој стопански гигант. Започната е постапка за нивна анализа. „Се надеваме дека во првиот квартал од наредната година, конечно ќе најдеме решение на овој проблем, До крајот на овој месец очекуваме и предложени модели за приватизација, така да до крајот на годината чќе одбереме по која патека ќе оди трансформацијата. Со ЕМО сме во континуирана...
Post Views: 0
Конкурентноста, како и привлекувањето на странски инвестиции во полето на информатичката и комуникациската технологија, тема на денешната конференција која се одржа во Охрид.
Седма конференција која ја организира Масит комората на информатичката индустријата во Македонија, насловена како „Масит опен дејс“. Денешниот ден беше посветен генерално на развојот на електронските комуникации. Потребите за кадар во полето на информатичката технологија е тренд како во светот, така и кај нас. „Македонија ги следи тековите согласно чекорите кои се превземат во општите текови...
Post Views: 7
„Не е продолжен договорот со концесионерот на паркинзите во центарот на Охрид“, тврди градоначалникот Петрески.
Судски спор нема да има затоа што мислам дека ќе се договориме. Според првиот човек на Охрид, ЈП „Билјанини извори“ за скоро време ќе биде едно од посилните јавни претпријатија не само во Охрид, туку и во државава.
Договорите со концесионерот на Паркинзите во централното градско подрачје, не е продолжен. Важноста на истиот му истекува во јануари 2010 год, истакна градоначалникот Александар Петрески.
Со концесионерот на паркинзите нема да дозволиме да...
Post Views: 0
Саниран критичен дел од периметралните ѕидови на Самоилова тврдина. Тоа е во рамките на проектот на Завод и музеј Охрид за конзервација и санација на ѕидот во должина од 3 км.
Секој детал од Самоиловата тврдина има своја важност и треба да се открие. Многу делови на овој локалитет, заначаен за Охрид сеуште се затрупани под земја. Во тек се работите околу проектот за конзервација, санација и реставрација на самоиловата тврдина, цитаделата и периметралните ѕидови. Зафатите кои во моментов ги прави Завод и музеј Охрид, се одвиваат во фази, заради големите инвестиции кои...
Post Views: 18
Борис Стефановски не ја препушта на друг претседателската позиција на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека работи добро, се залага за партиските цели, и е релативно нов координатор. Очекува повторно да ја добие поддршката на Премиерот Груевски.
Нескоромно е, но очекувам повторно да бидам координатор на ВМРО-ДПМНЕ стои во изјавата на актуелниот претседател Борис Стефаноски. Стефаноски рече дека максимално ја почитува партиската процедура, во која повеќе од јасен е партискиот став на централно ниво, после секои избори посебно во општините каде е изгубено градоначалничкото место...
Post Views: 0
Затегнување на кредитната политика од страна на банките. Тие, со цел соодветно да одговорат на светската економска криза, ги зголемија каматните стапки и за населението и за фирмите.
Со кулминацијата на светската економска криза, се затегна кредитната политика на банките. Тие адекватно одговараат со цел да спречат евентуални ризици со кои би се соочиле. Да не се најдат во позиција да повлекуваат голем дел од нивните заштеди, ги зголемуваат пасивните каматни стапки, со цел на населението да му дадат мотив да штеди. Од друга страна, финансиската криза која се прелеа...
Post Views: 12
ЕВН при изведба на ископ за инсталација тотално го уништи дрворедот наспроти механизација на Комуналец обвинуваат од таму. Од ЕВН велат дека се внимава при работата, но работите тргнаа по судските инстанци.
Затрупан дрворед. На ул. АСНОМ кај познатата 110 целосно уништена е зелена површина. Според раководниот тим на паркови и зеленило во ЈП Охридски Комуналец, направена е огромна штета врз зеленилото, поточно целиот дрворед настрадал од ископините на инвеститорот за потребите на ЕВН од електрична инсталација. Раководителот на паркови и зеленило Вера Оравник вели дека...
Post Views: 0
„Сопствениците на шанкови имаат целосна документација за истите, поради тоа ние се оградивме од рушењето “, вели градоналалникот Петрески.Министрвото за транспорт и врски пресече. Нема концесија за Сараиште , нема шанкови. Натегањата кои подолго време се водеа помеѓу месното население, локалната самоуправа и министерството, завршија во корист на граѓаните. Познато е дека Министерсвото за транспорт се откажа од издавањето на овој атрактивен дел од Охрид под концесија, под услов шанковите кои се таму да се отстранат. Акцијата за рушење на истите денеска ја спроведе...
Post Views: 0
Македонија во земјоделството ги применува законите донесени според европските директиви. Фитосанитарната политика на земјава ја уредуваат три закони,изменети и дополнети во текот на оваа година, Законот за здравјето на растенијата, законот за производи за заштита на растенијата и законот за ѓубрива.„Заштитата на растенијата е неминовна агроехничка мерка и претставува еден од најважните работни процеси кај сите земјоделски култури. Директно од неа зависи квалитетот и квантитетот на еден земјоделски производ, но и економичноста и рентабилноста на земјоделското производство...
Post Views: 0
Несовесното однасување кон природата ги премина сите граници. Локалитетот Мауцкер на кој за денот на дрвото беше засаден солиден фонд на нови садници од јасен преставува огромна депонија. Таа наликува на огромен рид од неколку илјади метри квадратни, составен од секаков вид на отпад. Има шут, цврст отпад, како и старо воено орудие. „Навистина е жално вака да се однесуваме кон природата, и сметам дека е крајно време локалната од Охрид како најзасегната во случајов, да ги превземе работите во свои раце и конечно да изнајде решение за санирање на овој проблем, Се согласувам...
Post Views: 3
Согласност за раздружување на меѓуопштинското ЈП Проаква, од владата на Република Македонија, односно од Министерот за финансии Зоран Ставрев, денеска побараа од партијата ВМРО Народна. Двете организации кои би настанале со поделбата, без никакви технички проблеми би продолжиле со својата работа. „Од истото ниту би трпеле граѓаните, ниту пак вработените, а со тоа единствено ќе им се олесни работата на работните групи кои делуваат на овој терен. Ефектот од ова раздвојување би бил многу поголем како техничко технолошки, така и персонално, односно административно. Имено...