Која е судбината на паркинзите во Охрид

„Не е продолжен договорот со концесионерот на паркинзите во центарот на Охрид“, тврди градоначалникот Петрески.

 |  Татјана Маленкова  | 
parking
паркинг

„Не е продолжен договорот со концесионерот на паркинзите во центарот на Охрид“, тврди градоначалникот Петрески.  

parkingСудски спор нема да има затоа што  мислам дека ќе се договориме. Според првиот човек на Охрид, ЈП „Билјанини извори“ за скоро време ќе биде едно од посилните јавни претпријатија не само во Охрид, туку и во државава.   

Договорите со концесионерот на Паркинзите во централното градско подрачје, не е продолжен. Важноста на истиот му истекува во јануари 2010 год, истакна градоначалникот Александар Петрески.

Со концесионерот на паркинзите нема да дозволиме да дојде до судски спор, се ќе биде направно врз основа на претходен договор, тврди градоначалникот. Петрески појасни дека ЈП „Билјанини извори“ покрај со паркингот кај старата НАМА, од неодамна стопанисува и со паркингот кај Ривиера, како и катните гаражи кои треба  допрва да се изградат.

Паркинзите на ул. „ Македонски Просветители“ повторно ќе бидат издадени под концесија, затоа што јавното претпријатије не е во можност да ја набави потребната опрема, а уште помалку да направи нивна модернизација.

„Парите кои ќе се собираат од овие паркиралишта ќе се слеваат во касата на ЈП“, вели Петрески.

Според плановите на локланата на неговата сметка ќе се слеваат пари од паркинзите со кои ќе стопанисува постоечките но и ново изградените на плажите,спортските објекти отворени и затворени како и базените кои треба да се изградат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top