logo

Тројца добитници, само една награда!

Post Views: 11 Обелоденети имињата на добитниците на Св. Климентовата награда и признание. Највисокото општинско признание наместо еден,  годинава ќе го добијат тројца. „Наградата е една, но ќе се подели“, вели претседателот на комисијата Томислав Тунтев. Комисијата за доделување награди и признанија по три средби одлучи – највисокото општинско признание Наградата „Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид“ наместо да ја понесе еден кандидат – да се подели на тројца. Годинешни добитници на Наградата се Професорката Милена Главинчева, архитектот Димитар Зарчев и пратеникот...

Continue reading

Saso Alce

Комуналец, јаболко на раздорот

Post Views: 6 Деловните простории кои ги продава ЈП Охридски Комуналец повторно ги скара советниците. Додека едните сметаат дека дуќаните мора да се отуѓат, други велат претпријатие што работи рентабилно, несмее да си дозволи да продава.    Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на условите врз кои ќе се спроведе отуѓување на деловните простории на ЈП Охридски Комуналец, помина кај градските избраници. Мнозинството во советот  за оваа точка даде зелено светло, за разлика од советниците на ВМРО ДПМНЕ кои уште еднаш ги истакнаа причините поради кои ќе гласаат...

Continue reading

Aleksandra Petreski

Преку Охрид, Македонија ќе бара влезе во ЕУ

Post Views: 0 Ова е паролата на градоначалникот  Петрески која неколкупати ја има кажано во неговите изјави. Очигледно на тоа работи со полна пареа бидејќи после Лугано, Петрески во Брисел.   На 7ми декември во Брисел, со свој штанд на ЕУ-саемот ќе се претстави Охрид. Ова претставува манифестација на која позначајните градови од европското семејство се претставуваат со своите потенцијали и достигања во сверата на нивниот развој. Охрид е единствениот град во Македонија кој настапува со своја презентација на ваков значаен самит. Благодарение на континуираното лобирање од страна на градоначалникот...

Continue reading

МЈП „Проаква“ актуелна на седницата на Советот на општина

Post Views: 1 МЈП „Проаква“ актуелна на десеттата седница на Советот на општина Охрид. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на менаџерскиот тим на претпријатието да обрне поголемо внимание на ефикасноста во работата, но тоа да не биде на сметка на вработените. Ова како заклучок било  донесено уште на 25.06 годинава, со што  градоначалниците на Охрид и Струга биле задолжени во рок од 8 дена да формираат комисија со  по 1 член од Советите на општина Охрид и Струга , 2 претставници од МЈП „Проаква“ и 2 претставници од општинската администрацијаПоостро настапи советничката...

Continue reading

logo

Црвениот крст од Охрид го одбележа денот за борба против Сидата

Post Views: 3 Црвениот Крст од Охрид спроведува низа активности, со цел младата популација што повеќе да биде едуцирана за здрава и сигурна сексуалност под мотото „Сигурно ли знаете да водите љубов“. Охрид го одбележува 1 ви декември Светскиот ден на борба против сидата. Денес активистите на „Црвениот Крст“ од Охрид одржаа четири предавања во 7и 8 мо одделение во ОУ Св Климент Охридски, за тоа колку  оваа популација има познавање за хив – сидата. Учениците внимателно слушаа и учествуваа во разговорот со Др Младен Божиноски едукатор за оваа инфекција. „Од денес се ставаат и црвените...

Continue reading

Монструозно убиство во Слатино

Post Views: 0 Синоќа околу 19 и 3о часот пред дворот на сопствената куќ во с.Слатино, Спасе Митрески со неколку удари во глава со камен ја усмртил својата мајка Милена Митреска. Поради основано сомнение убиство на свиреп начин од страна на СВР против сторителот покрената е кривична пријава. Портпаролот на СВР Стефан Димовски рече дека откако случајот бил пријавен веднаш се превземени сите мерки согласно законот. Портпаролот Димовски вели дека Митрески веќе еднаш е обележан како сторител на кривично дело убиство. Овојпат при приведувањето сторителот бил во алкохолизирана состојба. При...

Continue reading

Mishko Taneski

Петрески додели признанија

Post Views: 14 Градоначалникот Петрески оствари прием со тројца сограѓани. При тоа додели   компјутер  обезбеден од средствата од хуманитарниот концерт на Симон Трпчески. Врачи  и две признанија за промоција на Охрид. Како што беше и ветено Даниел Нунески доби подарок  компјутерска конфигурација која ги задоволува потребите на еден просечен корисник. Компјутерот е набавен со дел од средствата од хуманитарниот концерт на Симон Трпчески. Нунески упати благодарност до градоначалникот, но и до нашиот најпознат пијанист. Петрески врачи и две признанија и награди за промотрите на Охрид....

Continue reading

logo

Охриѓани пијат вода, а не плаќаат

Post Views: 0 Голем број граѓани и должат на МЈП „Проаква“. Ова претпријатие само годинава има побарување за наплата од милион евра. Охриѓани пијат вода на вересија. Четири милиони евра изнесува долгот на Охриѓани кон МЈП Проаква. Оваа сума не е за потценување велат од Јавното претпријатие. Ако се знае дека наплатата на корисниците е реална потреба за да функционира претпријатието, тогаш нормално е да се има побарување за наплата вели првиот човек на Проаква Бранислав Трпчевски. Тој додава дека претпријатието бележи зголемување на приливите по однос на процент од фактурираното. Трпчевски...

Continue reading

Tanja Paskali Buntasheska

Сериозна опасност

Post Views: 0 На карпата, надвисната над дворното место на Куќата на Робевци се констатирани нови напукнувања, и  преставува сериозна закана за околните објекти. За елиминирање на опасноста, директорот на Завод  и Музеј, Тања Паскали Бунташеска вели  сериозно му пристапиле на проблемот и поднеле проект до ресорното министерство.   „Тие напукнувања се резултат на септичките јами кои сеуште се присутни во овој дел од градот, но и од градежните активности кои ги изведуваат сопствениците на куќите а при тоа не мислат за последиците, потенцира Паскали Бунташеска“. По стручните консултации...

Continue reading

Lence Lokoska

Не се прави плажа секаде

Post Views: 30 Од Хидробиолошкиот завод, јавно проговорија за узурпацијата на крајбрежјето во Охридскострушкиот регион. „Апелираме до надлежните институции, онаму каде нема природни услови за плажи, да не се прават“, вели Ленче Локоска доктор по биолошки науки.    Тајни средби помеѓу претставници од министрството за транспот и врски, хидробилошкиот завод и локалната самоуправа од Струга. Тема на дискусија издавањето под закуп на плажи во струшкиот регион. По најавите дека годинава треба и струшките плажи да се издадат под концесија, Министретвото за транспорт и врски побарало мислење...

Continue reading

potrosuvaci

Потрошувачката кошничка, се помала, a се поскапа

Post Views: 5 Неколку начини на кои граѓаните би можеле да заштедат, посочуваат од Организацијата на потрошувачи на Македонија. Се поголемата потрошувачка на граѓаните денес претставува глобален проблем. Потрошувачкото општество е базирано на понуда на мошне голем асортиман на различни производи и услуги, високо професионален маркетинг, насочен кон потрошувачите. Ова создава амбиент на потрошувачка еуфорија надвор од реалните потреби и можности на населението. Сето тоа, во период на економска криза прави дополнително оптеретување на и онака кревкиот буџет на населението. Малите примања,...

Continue reading

turisti

Ќе стартува долго најавуваната субвенција на авио превозот

Post Views: 1 Повеќе странски гости на охридската ривиера во престојната туристичка сезона е заложбата на локалната самоуправа. Градоначалникот Александар Петрески во таа насока, деновиве, оствари средба со преставници од Хрватската „Croacija air lines“ за воспоставување директна авио линија на релација Охрид-Загреб, два пати во неделата. Локалната самоуправа би го субвенцинирала овој авио лет појаснува Петрески. Градоначалникот очекува кон нивната иницијатива за повеќе госѕи и заживување на охридскиот аеродром да се приклучат општина Струга и државата. Стрезоски, исто така  информира...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top