Post Views: 1
Последната седница на Советот на општина Охрид беше огледало на целокупната работа на овој состав на совет. Таа повеќе наликуваше на пародија, отколку на средба на луѓе на кои охриѓани им ја дадоа својата доверба.
Фијаско на 49-тата седница на Советотот на општина Охрид. Уште еднаш политичките претензии ставени пред значително поприоритетните прашања, од кои зависи иднината на Охрид. Имено, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, поради како што рекоа загриженост за граѓаните кои настрадаа во вчерашните поплави, дадоа предлог да ја напуштат седницата и да ги посетат оштетените...
Post Views: 2
Со цел да има подобар ефект во однос на туризмот, за наредната година, локалната вклучува отвореност на Охрид и комуникација со туроператори со кои е веќе во преговори.
Исто така ги користат можностите кои ги дава Европската унија во однос на користење на нивните средства.
Светската економска криза придонесе за голем пад на работата во туризмот. Голем пад секако дека има, тоа го потврдуваат сите показатели, велат експертите. Факт е дека има намален број на гости и ноќевања, а она што ќе се случува за Новата година сепак е тешко да се предвиди. Административно во Општина...
Post Views: 0
Советниците експресно го усвоија ребалансот на буџетот за 2009 година.
Планот, годинава во општинската каса да се слеат 465 милиони денари не се реализира, и третиот квартал заврши со 57,42 посто од планираниот износ. Четвртиот квартал се уште тече, па не се знае точно колку од планираниот износ останал не реализран. Помалиот прилив на пари во однос на планираниот се должи на неколку ставки, објаснува градоначалникот Александар Петрески.
Потфрли очекуваниот прилив во урбанизмот, а тоа се должи пред се на политички причини кажува градскиот татко. Се бојкотираше...
Post Views: 2
Викендов во Охрид се одржа традиционалниот Новогодишен концерт, во организација на Лајонс клубот Охрид. Овој концерт кај Охриѓани предизвика голем интерес.
НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше премал да ги прими сите оние кои сакаа да го следат концертот. Концертот започна со настап на охридскиот хор, за потоа пред присутните да се претстави и оркестарот на ОУ „Св.Климент Охридски“. Поетесата Кристина Аслимоска одржа рецитал, а програмата продолжи со незаборавната изведба на членовите на Основното музичко училиште „Методи Патчев“ – пијано изведба на Ивана...
Post Views: 0
Под мотото „ Реализираме и продолжуваме“ советниците од советот на Охрид во соработка ЈП Комуналец СДСМ даруваа пакетчиња за најсиромашните. Новата година претставува причина за срекни мигови за секого, па така и за социјално најзагрозените граѓани. На оваа ранлива група, која во голем број беше присутна на вчерашната средба, желба за посреќни денови во нередната година им посака градоначалникот Петрески.
„Светската економска криза најсилно се одрази токму на оваа група граѓани“, потсети Петрески. Како Општина која обрнува големо внимание токму на нив, тој вети дека...
Post Views: 4
Причина за ова е излевањето на реките Коселска и Грашница од своите корита, во населбите Воска, Лескајца и Далјан.
Од локалната самоуправа решение на проблемот гледаат исклучиво во пренасочување на реката Даљан во Сатеска.Населбите Воска, Лескајца и Далјан под вода. Сопствениците на куќите од овој дел на Охрид деловни простории, подрумите, неможеа да ги испразнат од надојденета вода и покрај тоа што цела ноќ црпеле од водата. Под вода се и земјоделски површини во Орман и Лакочереј.
Голем број граѓани од наслебата Воска денеска ги напуштија своите домови. Водата покрај...
Post Views: 1
Традиционалното китење на екла под вода не изостана и годинава.
Заслужни за овој атрактивен наатан се нуркачите од нуркачкиот клуб Амфора. Во веселбата учествуваше и Дедо Мраз, кој за сите носеше подароци, кои на присутните им ги врачи под вода.
На само неколку дена пред дочекот на најлудата ноќ нуркачите од Охрид, по седми пат украсија елка под вода. Новогодишната елка ја китеа четириесеттина нуркачи од Охрид и Подградец, Албанија на длабочина од неколку метри во езеро кај локалитетот Градиште.
Подводната забава немаше да биде комплетна без Дедо Мраз. Откако...
Post Views: 18
ЈП Комуналец за шест месеци ќе воведе старателство на гробните места.
Од претпријатието започнаа со имплементирање на измените во Законот за гробишта. Охридски Комуналец е првото јавно претпријатие во земјава кое ќе става ред со гробните места. За таа цел евидентираните граѓани кои имаат гробни места на домашна адреса добиваат известувања. Роднините ќе мора да се договорат кој ќе ја преземе таа обврска зa да нема во иднина хаотична состојба при евентуално нивно повторно користење објаснува директорот Сашо Алчев. За старателите, пак, кои се во странство ќе има дополнителен...
Post Views: 0
Идната година во Охрид ќе отпочне изградба на спомен парк во чест на 15-те загинати бугарски туристи во бродската несреќа.
За својата досегашна работа здружението ја доби првата меѓународна награда. Ротари клибот од Пирдоп ги им додели Иницијатива на годината за 2009 год.
Здружението „Охрид 5 ти септември“за својата мисија ја доби првата меѓународна награда. Со ова на некој начин е крунисана работата на здружението и целта за која беше тоа формирано, вели претседателот на „Охрид 5 ти септември“. На покана од Ротари клубот од Пирдоп, од 17 до 19 декември во Бугарија...
Post Views: 35
ЈП Охридски комуналец денеска спроведе акција за чистење на истиот. Градоначалникот кој присуствуваше на чинот на чистењето обвини дека министрите се ангажираат само тогаш кога треба да се издадат одредени плажи под концесија.
ЈП Охридски комуналец, денеска спроведе акција за чистење на водите на Охридското езеро од цврст отпад. „Само во утриснките часови беа подигнати 20 кубици на отпад кој во текот на вчерашниот ден го исфрли езерото на самото крајбрежје, истакна директорот на ЈП Сашо Алче.. За градоначалниот Александар Петревски, државата наместо да се фали колку...
Post Views: 1
Синоќа Опел Старт од Охрид ни го претстави новиот автомобил од генерацијата на Опел Астра. Станува збор за најзначајниот опелов новитет, не само во 2009 година туку и во изминативе неколку години.
Со традиција од 19 години успешно работење и само неколку вработени на самиот почеток, денес овој реномиран продажен автосалон, брои околу 20-тина вработени вклучени во целокупната активност на фирмата. Се наоѓа на брегот на Охридското езеро на површина од 4520 метри квадратни и врши продажба на возилата од брендот на Опел и Шевролет.Синоќа од Опел Старт од Охрид ни го...
Post Views: 0
Фото клубот Охрид го одбележа деценискиот јубилеј со изложба.
Членовите на клубот се задоволни од посетеноста на поставката. Велат отворени сме за луѓе кои имаат дарба за забалежување на убавото и моќ да го запрат времето за миг.
Фото клубот Охрид одбележа јубилеј 10 години постоење. Тоа беше повод во изложбениот салон, во Куќата на Робевци да отворат прва изложба на уметнички фотографии во црно бела техника. Своите дела ги презентираа 30-тина автори, постари и помлади членови на фото клубот вели претседателот д-р Лазар Коњаноски. Додава наша интенција беше...