Фијаско на 49-тата седница

Последната седница на Советот на општина Охрид беше огледало на целокупната работа на овој состав на совет.

pretsedatel
претсеател

Последната седница на Советот на општина Охрид беше огледало на целокупната работа на овој состав на совет. Таа повеќе наликуваше на пародија, отколку на средба на луѓе на кои охриѓани им ја дадоа својата доверба.

sednicaФијаско на 49-тата седница на Советотот на општина Охрид. Уште еднаш политичките претензии ставени пред значително поприоритетните прашања, од кои зависи иднината на Охрид. Имено, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, поради како што рекоа загриженост за граѓаните кои настрадаа во вчерашните поплави, дадоа предлог да ја напуштат седницата и да ги посетат оштетените лица.

Ваквата постапка на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, градоначалникот Петрески ја окарактеризира како желба за политичко профитирање. „Оној кој на несреќата на граѓаните купува политички поени, за мене воопшто не претставува ама баш ништо и посакувам истава несреќа да го снајде и него“, револтирано коментираше Петрески. Исто така, тој предвидуваше и дека средбата на ВМРО-вците со граѓаните ќе заврши кобно за нив, бидејќи најверојатно ќе бидат истепани со стапови. Можеби на шега, но побара од нас новинарите да ги известиме за можните последици од оваа посета.

Свој став околу ваквата реакција на советниците од ВМРО ДПМНЕ даде и советникот Томислав Тунтев, кој рече дека доколку некој посакува „театар“ слободно може да повели во советот. „Токму на тоа наликува денешната „пародија““ коментираше Тунтев.

Покрај сите непријатни случувања на денешната седница, единствена точка што помина беше буџетот за 2010 година. Неприсуството на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, останатите советници истиот глатко и без примедби го усвоија. Инаку, од предвидените 49 точки, на денешната седница поради неприсуството на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, беа изземени 15 точки од урбанистичката сфера, кои не смеат да бидат донесени без присуство на опозиционерите. Тие ќе бидат разгледувани на наредната седница на советот, како и последната точка од дневниот ред која се однесувеше на Предлог решението за разрешување на членовите на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, а беше повлечена од страна на предлагачот – советникот Јоне Станкоски. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top