Ljupco Kojcinoski

Дебрчани не сакаат депонија во свој атар

Post Views: 50 „Депонија во Општина Дебрца не треба да има“, дециден градоначалникот, Љупчо Којчиноски. Тој има поинаква визија за тоа каде треба да биде лоцирана регионалната депонија.Иако селото Арбиново е една од локациите каде се предлагаше да никне регионална депонија во југозападниот плански регион, мештаните не сакаат ниту да слушнат за реализација на оваа идеја. Објаснуваат дека станува збор за простор идеален за развивање на еколошкиот туризам и органско земјоделство, а со изградбата на депонијата би станал синоним за депонија. Градоначалникот на Дебрца Љупчо Којчиноски...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Бурето, градоначалникот и Фуере

Post Views: 8 Охриѓани Масовно го прославија вториот ден Водици.  На Овој ден познат како зимско капење на рибарите не се фрла крст туку сто литарско буре. Меѓу капачите покрај Охриѓаните и градоначалникот беа и евроамбасадорот Ерван Фуере како и гости од странство.   Срароградска музика, плашици, вино и топла ракија. Вака денеска на Сараиште се славеше вториот ден Водици или ден во Охрид познат како зимско капење на рибарите. Меѓу капачите на овој ден неколку години наназад покрај тајфата на оној што го фатил крстот и  охриѓаните се и  градоначалникот на Охрид Александар Петрески...

Continue reading

Den na ribarite

Денот на рибарите

Post Views: 8 Денешниот ден според риболовците, има две значења. Кога била забранета манифестацијата на фрлањето на светиот крст во Охридските води тогаш рибарите го земале односно краделе крстот (за да не се казни попот) од црквата геракомија и пред да заминат ноќта на риби го фрлале во водите на охридко езеро во месноста Сараиште, а откако ќе се разденело нивните синови, браќа и други роднини го барале крстот под изговор дека се капат за поголем берикет, односно полни мрежи со риба. А потоа кога било дозволено фрлањето на крстот се капеле за берикет на рибарите за да ја продолжат...

Continue reading

Goce Kostoski

Охрид не е имун на климатските промени

Post Views: 1 Денес во Охрид во организација на канцеларијата на Светската Здравствена организација во Скопје и НВО-„Новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина“, се одржа работилница на тема „Климатските промени и потребата од информирањето на јавноста“. Целта на оваа работилница е информирање на новинарите од проблемите со кои ќе се соочи Македонија, а кои се дирекно предизвикани од климатските промени. Хидробиолошкиот институт од Охрид во континуитет ги следи промените во квалитативниот и квантитативниот состав на животните заедници. Имено климатските промени...

Continue reading

plasici

Започна фестивалот за плашицита

Post Views: 7 Тој се одржува денеска и утре и е во рамки на саемот за туризам. Денеска кај каналот Студенчишта се одржа првиот дел од фестивалот – натпревар по риболов, а утре ќе се подготвуваат рибни чорби. Денеска на каналот Студенчишта се ловеше плашица. Оваа риба утре ќе се најде на бројни трпези  припремени од Охридските хотели, а ќе има и дегустатори кои ќе го одберат најфкусното од припременото. Ова е првата фаза од фестивалот за плашица. Вториот дел од истиот е утре кога ќе се палат огнови и натпреварувачите ќе подготвуваат рибни чорби. Од организацијата на фестивалот...

Continue reading

Goko Zoroski

Треба да се гради депонија или не?

Post Views: 17 Се посилни реакциите околу можната изградба на регионалната депонија во Дебрца. ТвМ побара стручно мислење за реперкусиите кои би ги предизвика изградбата на оваа депонија. Апропо реакцијата на група граѓани на општина Дебрца објавена во вчерашното издание на дневникот на ТвМ, нашата куќа побара стручно мислење во врска со можните последици кои би ги предизвикала изградбата на регионална депонија на овој простор. Според инжињерот по животна средина Ѓоко Зороски изборот на локацијата е несоодветен. Зороски додава дека станува збор за сливно подрачје на Охридското езеро,...

Continue reading

hotel

Трет Меѓународен саем за туризам

Post Views: 2 Доста срамежливо и без многу помпа од утре во Охрид во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија  и соработка со Туристичките комори на Македонија и Хотелските асоцијации ќе започне третиот Меѓународен саем за туризам. На него потврдено е присуството на учесници изложувачи од Македонија како на пример туристичките места и градови, Крушево, Берово, Охрид, Струга, Маврово и други. Исто така најавено е присуство на туристички комори, хотелски асоцијации и национални паркови од земјава.Саемот ќе биде добра можност за презентирање...

Continue reading

monografija

Mонографија, 50 години Охридско Лето

Post Views: 3 50 годишното постоење на Охридско лето во монографија од 5 тома. Се знае тимот кој ќе ја работи истата, а започнаа и активностите околу печатењето на истата. Трошоците за монографијата ќе ги покрие министретвото за култура на Р Македонија.   Љубилејното 50 то издание на фестивалот охридско лето ќе биде збогатено со фестивалска монографија. „Подготовките околу ова издание од поодамна започнаа. Да се пофалам дека при крај сме со прибирање на податоците. Познат е и  тимот кој ќе работи на истата“, вели директорот на фестивалот Охридско лето Тони Симоноски. 50 годишното...

Continue reading

cigara

Ќе има каде да пијаме кафе или…?

Post Views: 2 Охридските угостители треба да одлучат дали во знак на револт поради законот за пушење, ќе ги затворат своите објекти. “Треба да се состанеме и да одлучиме дали на 22 ти работиме или не. Мое мислење е дека како охридски угостители и ние ќе се приклучиме кон протестот, вели Драган Битракоски од Мецо Форте. Охридските угостители треба да одлучат, дали ќе се приклучат на протестот против законот за пушење на јавни места. Денеска и утре треба да се состанат и да одлучат дали следниот викенд во времетраење од 24 часа, ќе ги затворат своите објекти, како знак на протест...

Continue reading

Blagoja Samakoski

„Св. Апостол Павле” е името на Универзитетот за информатички науки и технологии

Post Views: 0 Ректорот на овој универзитет тврди дека токму под закрила на овој светец ќе ги жнеат успесите во иднина. На седницата на Собранието на Република Македонија од 12.01 изгласана е одлуката за именување на новиот универзитет во Охрид, како „Универзитет за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле”. „Станува збор за континуитет на поврзување на Охрид со настаните од Христијанството и историјата на Македонија“, рече ректорот Благоја Самакоски објаснувајќи од каде дојде идејата за името на универзитетот. Интересен е податокот дека Апостол Павле, при...

Continue reading

pres konferencija

Фестивал на плашица

Post Views: 2 Охрид ќе добие фестивал на плашица во рамките на третиот македонски саем за туризам. Риболовните клубови „Св.Апостол Петар“ и „Рибарска Вистина“ организираат меѓународен натпревар во спортски риболов на плашица. Покрај натпреварот, претседателот на спортското риболовно друштво „Св.Апостол Петар“, Радован Димитриески, ја објасни и нивната друга намера-поголема промоција на Охридските можности за риболовниот туризам пред странските туроператори.Манифестацијата „Фестивал на плашицата“ е помогната од Агенцијата за развој и поддршка на туризмот. Од таму планираат Македонија...

Continue reading

blagodarnica

Уште еден успех за ТвМ

Post Views: 8 Денес Нашиот медиум доби благодарница за придонес по повод големиот христијански празник Богојавление, кој што се одржува во Свињиште. За се што ќе се случува на одбележувањето по повод овој голем христијански празник говорат мештаните, големите верници и иницијатори. Празник над празниците. Големиот христијански празник Богојавление, Водици секое место го одбележува со своја специфика. Аманет на иницијативниот одбор на МПЦ на Аџиовски, е мештаните на селото Свињишта да продолжат да ја  негуваат традицијата на фрлањето на крстот во водите на реката Свињишка, кумството...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top