Охрид не е имун на климатските промени

Денес во Охрид во организација на канцеларијата на Светската Здравствена организација во Скопје и НВО-„Новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина“, се одржа работилница на тема „Климатските промени и потребата од информирањето на јавноста“.

 |  Голабовски Крсте  | 
Goce Kostoski
Гоце Костоски

Денес во Охрид во организација на канцеларијата на Светската Здравствена организација во Скопје и НВО-„Новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина“, се одржа работилница на тема „Климатските промени и потребата од информирањето на јавноста“.

Ohridsko ezeroЦелта на оваа работилница е информирање на новинарите од проблемите со кои ќе се соочи Македонија, а кои се дирекно предизвикани од климатските промени. Хидробиолошкиот институт од Охрид во континуитет ги следи промените во квалитативниот и квантитативниот состав на животните заедници. Имено климатските промени ја менуваат динамиката на глобалните процеси и го забрзуваат стареењето на екосистемите.
Според едно истражување, нашата земја е меѓу земјите во кои најмногу ќе се почувствува негативното влијание на климатските промени. Според црните прогнози, Македонија ќе почне да ги губи шумите и животинскиот свет, а температурата ќе се искачи за три степени.  Моментално температурните промени се од 1-1,5 степени. Охрид по неодамнешните обилни врнежи ги почувствува последиците од појавата на поплавите, кои се директен резулата од климатските промени. Претставникот на локалната самоуправа од Охрид, ја потенцира важноста на колекторот како единствен начин за превентива од поплавите.

Потребни се долгорочни анализи и конкретни проекти за да се идентификуваат, испитаат и одстранат последиците од климатските промени врз животните заедници. Република Македонија се вбројува меѓу земјите кои се во напредна фаза во доменот на воспоставување и имплементација на Национална стратегија, која ќе овозможува организиран систем за соодветен одговор на климатските промени.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top