Post Views: 1
Дирекцијата за заштита и спасување, денеска на прес конференција ги соопшти деталите и информациите од акцијата .После 50 години дното на Охридското езеро ќе биде исчистено од сите експлозивни средства. Акцијата ќе трае еден месец и ќе се одвива на 4 локации во езерото. Ќе се вадат неексплодирани експлозивни сретства од Балканските војни и Првата и Втората светска војна. Со скенирање од пред неколку години, само се потврди дека рачни бомби, гранати и мини се распослани во должина на брегот на самото дно. Опасните материи се наоѓаат на оддалеченост од 50 метри од брегот,...
Post Views: 0
Иако оваа седница требаше да помине во знакот на урбанизмот и донесување локалната урбанистичка планска документација за одделни градежни парцели, поинтересни за пратениците беа точките од дневниот ред поврзани со МЈП „Проаква“.
Најмногу врева крена одлуката за давање согласност на одлуката за кредитно задолжување на „Проаква“.
Ништо помалку интересна не беше ни Предлог одлуката за предавање на водоводната мрежа од МЗ Вапила и Ливоишта на „Проаква“. Оваа точка секако, започна со споредбата со ситуацијата во Лескоец и обвинувања до првиот човек на „Проаква“.
Директорот...
Post Views: 1
Денеска се обележуваа местата а од утре специјално обучени екипи ќе ги отстрануваат неексплодираните средства. Донатор на акцијата со која езерото комплетно ќе се исчити од минскоексплозивни средства е американската влада, преку Министрството за надворешни работи.
Неескплодираните мини, бомби, гранати од најразличен калибар, како и експозивните средства конечно ќе се извадат од Охридското езеро. Опасните материи се наоѓаат на оддалеченост од 50 до 100 метри од брегот, на длабочина од 4 до 5 метри. Денеска специјално обучени нуркачки екипи ги обележаа 4-те локации...
Post Views: 3
ВМРО ДПМНЕ обвинува но првиот човек на Проаква ,Трпчевски ,смета дека не треба на се да му се дава политичка конотација.
Ново кредитно задолжување не доаѓа во предвид, се побунаа денес советниците од ВМРО ДПМНЕ. Оваа изјава ги разниша и онака тенките односи на тема Проаква и нејзината актуелна состојба. „Со одлуката што ја донесе советот се продлабочува неефикасното работење на ЈП Проаква затоа што со одлуката за кредитно задолжување дел од средставта се насочени кон покривање на тековните потреби на јавното претпријатие а со тоа се продлабочи неефиксното работење...
Post Views: 4
Втор обид за подобрување на безбедноста во општинската зграда.
Само со документи за лична идентификација ќе може да се влезе во објектот. Ќе се спречи ли со ова хаосот кој настанува при посетата на службите на министерствата и Локалната самоуправа.
Од први февруари годинава, секоја странка која ќе сака да заврши некоја работа во просториите на општината, ќе мора со себе да носи документ за лична идентификација односно лична карта или пасош. Иницијативата доаѓа од фирмата „Секјуриком“ која покрај тоа што обезбедува дел од општинската зграда односно службите на министерствата...
Post Views: 11
Србите во Охрид по втор пат го организирано го прославуваат еден од најголемите српски национални празници, свети Сава.
Одбележувањето на овој ден од страна на граѓаните од српско потекло минува во пригодни свечени средби, прослави и дружење.
Здружението на срби во Охрид „Коштана“ денес со пригодна свеченост денес го одбележа еден од најголемите српски национални празници, Св.Сава. Свеченоста започна со духовен чин, односно благословување на празничен колач или леб и вино. Потоа следеше читање на химната на Св.Сава. Свети Сава претставува голем духовен потенцијал...
Post Views: 2
Универзитетите за информатички технологии од Охрид и Бари потпишаа договор за соработка.
При госувањето во Италија Св. Апостол Павле бил петставуван како наследник на првиот универзитет во Европа, пред Болоња. На средбата во Италија било договорено летово во Охрид да се организаира семинар под покровителство на Мајктософт.
Универзитет за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле го потпиша првиот меѓународен договор за соработка со универзитетот во Бари. „Ова е наш прв излез на меѓународната сцена“, вели ректорот на универзитетот Благоја Самаковски.
„Иницијативата...
Post Views: 0
Ни во седмиот обид и со планиран буџет од околу осум милони денари за десетина културни проекти, Охрид не успеа да стане „Град на културата за 2010 година“.
Од друга страна со предвиден буџет од само 6.200 000 денари, но и планирани 147 културни настани, Кавадарци го доби најпрестижното културно признание годинава.Името Охрид само по себе не е доволно за да бидеме град на културата за 2010 година. Доказ за тоа се неуспешните седум обиди да го добиеме ова престижно културно призанине. Додека денес во Охрид допрва се претставуваше програмата со која конкурираме, кавадарчани...
Post Views: 0
Над 1000 вработени во „Емо“ не зеле плата повеќе од 3 години.
Плата, односно социјална помош како што велат од охридската СДСМ, земаат само вработените во новоформираните ДООЕЛ-и. Но, и тие последно зеле во септември минатата година, информираат од охридскиот СДСМ. Излегоа со констатација дека „Емо“ е банкротирана фирма, некогашната гордост на Охрид сега е трагедија на човечки судбини.
Со последното прекршување на законот за бруто плата ги замолчуваат работниците за вистинската состојба во која се наоѓа фирмата, додаваат од таму. Наум Јованоски, претседател на ОО...
Post Views: 4
Моментот за конечна координација е тука. Кој стопанисува со езерото, чија е одговорноста за неговата заштита?
„Ситуацијата е сериозна, потребен е сериозен пристап, нема место за меѓусебни критики, а конструктивниот дијалог мора да започне“, потенцира охридскиот градоначалник Александар Петрески.
Треба да се лоцираат проблемите и да се дефинираат задачите кои треба да се преземат. Да се знае каде завршува одговорноста на државата, а каде започнува улогата на Локалната самоуправа. Пред се да се користат исти аршини при решавањето на проблемите околу заштитата на Охридското...
Post Views: 0
Нивните објекти ќе бидат затворени во рок од 24 часа во знак на револт кон Законот за заштита од пушење. Угостителите сметаат дека постоечкиот закон е премногу ригорозен и негативно се одразува на нивното работење.
Со овој вид на незадоволство ја изразуваат потребата од негова итна измена. Иако ја поздравуваат одлуката за пушење на летните тераси, сметаат дека таа е неприфатлива за нив и нивното работење, па веќе поднеле барања до владата потенцира угостителот Драган Битракоски.
„Тие барања се помалите објекти до 100 квадрати сами да решат дали ќе бидат за пушачи ...
Post Views: 1
Првачињата од албанската и турската етничка заедница во основното училиште „Братство- Единство„ не одржаа час по македонски јазик.
Два дена по решението на Министерството за образование во наставната програма за првачињата од етничките заедници да се воведе и изучува македонскиот јазик, првачињата го скокнаа овој час. Ситуацијата на ниво на Републиката се рефлектира и во нашето училиште, објаснува Осман Османи, директор на оваа образовна институција. „Родителите не се согласуваат децата да учат на 6 годишна возраст три јазици во прво одделение. Мој впечаток е дека...