Интелектуална соработка

Универзитетите за информатички технологии од Охрид  и Бари потпишаа договор за соработка.

 |  Татјана Маленкова  | 
plaketa
плакета

Универзитетите за информатички технологии од Охрид  и Бари потпишаа договор за соработка.

Univerzitet po informati;ki tehnologiiПри госувањето во Италија Св. Апостол Павле бил петставуван како наследник на првиот универзитет во Европа, пред Болоња. На средбата во Италија било договорено летово во Охрид да се организаира семинар под покровителство на Мајктософт.

Универзитет за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле го потпиша првиот меѓународен договор за соработка со универзитетот во Бари. „Ова е наш прв излез на меѓународната сцена“, вели ректорот на универзитетот Благоја Самаковски.

„Иницијативата беше потегната од техничкиот универзитет од Бари со кого имаме еден заеднички истражувачки проект што треба да биде одобрен најверојатно во месец април. Покрај заедничкиот проект посетата беше  искористена и за други прашања.Стана збор и за професори и студенти и прилагодување на наставните програми, со заедничка програма на докторски студии и стипендирање на наши докторанти во Бари“, вели ректорот на универзитетот Самаковски.

Гостувањето во Пуља на Македонската делегација  било искористено и за средби со претставници на истражувачки институции од овој регион, но и со функционери на Пуљанската влада од образованието и културата.„Во договор со врвни професори и инжињери од Македонско потекло кои работат во Мајкрософт, понудено ни е летен семинар за влијанието врз социјалните мрежи“, вели ректорот на универзитетот.

Туристичката комора од Пуља од гостите од Македонија побарала и презентација за туристичките потенцијали на нашава земја, посебно за убавините на Охрид и неговото значење. При комерцијалната промоција бил пројавен интерес и за размена на туристи помеѓу Пуља и Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top