Post Views: 0
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против триесет и девет годишниот И.Г. од Охрид заради сомнение дека е можен сторител на две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.
Од СВР Охрид, соопштуваат дека приведениот управувајки го своето патничко моторно возило марка „Даеву-Матиз“ со охридски регистарски таблици, од небрежност, предизвикал сообракајна незгода во која едно лице го загуби животот. Возилото на пријавениот било пронајдено во автосервис...
Post Views: 1
Охридските хотели и приватните станоиздавачи започнаа редовно да ја плаќаат туристичката такса.
Минатата година по овој основ хотелиерите и станоиздавчите уплатиле 19 милиони денари. Споредено со 2008 година, кога биле инкасирани 15 милиони денари, минатата година во касата на државата и локалната самоуправа се слеале 3 милиони денари повеќе вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Наплатата се должи на промената на Законот за привремен престој каде што казните се високи. Казните за неплаќачите изнесуваат до 2000 евра.
Против 4 големи хотели...
Post Views: 9
Се работи за новитет во охридскиот етер, каде има место за сите заинтересирани за негување на македонскиот фолклор и музичари на стари и нови инструменти.
Дека сеуште постои интерес за негување на македонскоиот фолклор, зборува составот на оваа неодамна формирана играорна група. Понесени од ентузијазмот кон традиционалните вредности, во ОУ „Св. Наум Охридски секој вторник и четврток од 19 часот се учи игра, оро и песна. Кореографот Зоран Тодоровски вели дека нивните амбиции се за брзо време да станат професионален ансамбл број еден во државава.
Тодоровски кажа дека...
Post Views: 10
Михаил Ренџов добитник на наградата Григор Прличев, за неговата поема, “Предвесница”.
Најстарата културна манифестација во Охрид, која се организира од 1952 година и годинава одбележана со пригодна програма.
„Кога за прв пат ја добив награда во 1993 година, мислев дека ќе помине возбудата“, беа зборовите со кои Михаил Ренџов се заблагодари за наградата Григор Прличев. Неговата победничката поема „Предвесница“ навестува нов, апокалиптичен ден кој завршува со оптимизам, со раѓање на нов човек полн со добрини со белези на чистота. Но, возбудата за Ренџов е...
Post Views: 2
Централната власт продолжува да врши атак врз локалната, тврди раководителот на Секторот за јавни дејности при Локалната самоуправа во Охрид. Како доказ за ова тврдење, беше приложен дописот, кој Министерството го испратило до сите основни и средни училишта во Охрид, како и до самата Локална самоуправа. Со ова известување, од 01.01 2010 година трошоците за превоз се префрлаат на товар на буџетот на Локалната самоуправа, нaместо на досегашниот буџет на Министерството за образование и наука.
Овој допис, покрај во Охрид, доставен е до сите општини кои сеуште се во првата...
Post Views: 1
Со овие зборови охридскиот градоначалник Александар Петрески и се обрати на централната власт и ја обвини за опструкциите кои таа ги прави. Опструкциите за влез во втората фаза од децентрализацијата, малиот буџет на општината и културата беа само некои од причините за свикувањето на овој прес.
На денешната прес конференција Петрески кажа дека односите помеѓу локалната и централната власт не само што не се подобриле, туку тие имаат тренд на надолна линија. Прво тој го истакна намалувањето на средствата од страна на Фондот за патишта.
„Ако пред две години добивавме 24...
Post Views: 2
Одбележувањето на патронот на ОУ “Григор Прличев”, годинава ќе биде спектакуларно. Охрид деновиве во знакот на чествувањето на делото на Прличев. Годинава се навршуваат 150 години од Прличевото поднесување на поемата за добивање на Ловоровиот венец во Атина. А во ОУ „Григор Прличев“, веќе два месеци течат подготовките за патрониот празник на училиштето, 6 февруари. За протоколарниот дел по повод одбележувањето на патронот кажа директорот на училиштето Сашо Ставрески. „Низа активности ќе бидат дел од богатата програма која нуди интересни содржини, што ќе го привлечат...
Post Views: 16
Објавена програмата по која годинава ќе работи Националната установа Завод и музеј. Центарално место во неа зазема заштитата на културното наследство, конзервација и реставрација на цркви како и меѓународната соработка. Годинава конечно има пари и за Златнaта соба која ќе биде отворена за јавноста пред почетокот на летото.
Министерството за култура ги објави проектите кои ќе ги финасира годинава. Директорката на Нациналната установа завод и музеј Тања Паскали иако сеуште не знае колку пари ќе добие заводот, сепак е задоволна од бројот на проекти кои им се одбрени...
Post Views: 1
После вчерашниот прилог на ТВМ, за ненавременото сервисирање на противпожарните апарати во училиштата, денес реакција од Локалната самоуправа – “нема место за паника”, но се согласуваат дека постои проблем. Раководителот на Секторот за јавни дејности, Митре Вељаноски, вели дека секоја година Локалната самоуправа издвојува 700 000 илјади денари за санација и набавка на нова противпожарна опрема. „Најмал е проблемот за сервисирање и полнењето на ПП апаратите“, вели Вељаноски и додава дека проблемот е покомплексен.„Она што е полнењето и сервисирањето на ПП апаратите е најмалата...
Post Views: 4
Доби средства за подобро функционирање. Со Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата, покрај финансиски средства за програмскиот дел, одобрени се пари и за техничко доопремување на центарот.
Националната установа, Центарот за култура „Григор Прличев“ годинава ќе биде технички доопремен.
„Ако претходните години добивавме средства за санација на поголеми инфраструктурни зафати, како што беше целосната замена на покривот на центарот и одредени преправки во внатрешноста, оваа година одобрени се средства за негова техничка доопременост“, задоволна...
Post Views: 0
Културната манифестација „Прличеви беседи“ со која традиционално се одбележува денот на смртта на македонскиот преродбеник, Григор Прличев, годинава богата со творечки содржини. Најстара културна манифестација во Охрид, која се организира од 1952 година и годинава ќе биде одбележана со пригодна програма. Н.У. Центар за Култура кој го носи името на најголемиот македонски преродбеник е организатор на свеченоста посветена на лауреатот за најдобра поема.
„Оваа свеченост ја организираме заедно со „Просветно дело“ и традиционално ја доделуваме наградата за најдобра поема,...
Post Views: 0
Училиштата немаат сопствени средства за одржување на ПП апаратите. Во тоа им помага локалната, но засега не е префрлен ни денар за таа намена. За самата постапка на одржување и дополнување не успеавме да добиеме одговор. Охридската противпожарна служба не прошета до инспекторот Сашо Тодоровски, а пак Тодоровски очигледно не беше расположен за разговор.
Еден противпожарен апарат се сервисира за 1200 денари. Во охридските училишта сеуште не е направен сервис на ПП апаратите. За таа намена училиштата немаат сопствени средства и најчесто тој терет оди на локалната самоуправа....