Post Views: 2
Деновиве механизацијата на ЈП „Охридски комуналец“ги расчиствува одводните канали во студенчишкото блато. „ Високиот водостој носи талог, песок и муљ поради што мора редовно да се интервенира“, вели директорот Сашо Алчев.
Активностите кои не ги спороведе координативното тело за справување со кризи, на свој грб ги превзеде ЈП „Охридски комуналец“. Механизацијата на ова ЈП ги чисти одводните канали, за да не се повтори поплавата која неодамна ја зафати езерската полиција. „ На овој потег интервенираме на два до три дена, со цел да се намали водостојот во студенчишкото...
Post Views: 1
Покачувањето на нивото на Охридското Езеро, ја раздрма локалната самоуправа. Од таму велат дека се преземени низа активности за заштита на населението во градските и приградските средини. Тим од локалната, покрај тоа што во координација со Дирекцијата за заштита и спасување е постојано на терен, работи и самостојно, вели Емин Селман, раководител на секторот за комунални дејности.
„Прво го заштитивме цевоводот од пумпната станица од Пештани до Елешец. Следна наша активност која ја спроведуваме секојдневно е чистење на речното корито во Даљан, на Коселска Река и Грашница“-...
Post Views: 3
Охридското езеро во саботата на потегот од градска плажа- Мизо па се до хотелот Милениум „повраќаше“ шприцеви, шишенца,амбалажа од инсулин, таблети и друг медицински отпад.
Телевизија ТВМ со цел да дознае што се случува со езерото, зошто исфрла медицински отпад на брегот и како тој доспеал во неговите води стапи во контакт со Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи и Државниот инспектор за животна средина и просторно планирање од Охрид ,Игор Трајкоски. Но место ние да добиеме информации од нив , излезе дека се затечени и дека информацијата...
Post Views: 0
ТВМ дознава: Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески ќе ја прекине официјалната посета на Австралија и ќе се врати во Охрид. Тоа наводно се должи на големиот притисок од јавноста, но и од неговата партија СДСМ, како резултат на критиките со негативна конотација на сметка на Петрески поради заминувањето во Австралија во време кога Охрид се соочува со сериозна хидролошка состојба.
Инаку, градоначалникот пред два дена замина на службеното патување во Австралија на покана на градоначалникот на Општина Рокдејл од Сиднеј, Бил Серавиновски, на градоначалникот на Квинсбејн...
Post Views: 2
Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски во посета на Пештани. Го посети месното население ги слушна нивните проблеми. „Владата има милион причини да поднесе оставка, ова што се случува во моментов со поплавите е милион и првата“- истакна Црвенковски. Тој ги демантираше обвинувањата дека посетите во Пештани добиваат политичка конотација.
„ Овде нема политика. Овде има реални проблеми. Не е политика оваа јама, подрумите и куќите полни со вода. Потпорните ѕидови што се рушат се реален проблем со кој се соочуваат овие луѓе кои живеат тука. Ако треба да има политика треба...
Post Views: 4
На градот му се случува катастрофа, а охридскиот градоначалник е на прошетка низ Австралија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Го повикуваат на одговорност и бараат објаснување по кои критериуми ја составил делегацијата со која отпатувал за Австралија.„Градоначалникот на Охрид со својата дружина заминува на одмор две недели во топлата Австралија и тоа во време кога целата влада со сите свои служби и капацитети му помага на градот да ги надмине состојбите со временските неприлики“, обвинува Атанаско Михаилов, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид. Координаторот пак на...
Post Views: 4
Новиот претседател на општинската ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов официјално се појави пред новинарите. Првиот човек на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во своето прво обраќање до јавноста упати прашања и критики на адреса на градоначалникот Александар Петрески, кој утрово со општинска делегација отпатува на две недели за Австралија. Михаилов праша, каква одговорност, морал и чест има градоначалникот да патува кога на градот му се случува катастрофа заради лошите временски неприлики.Прашува, колку ќе го чини патувањето на Петрески со бизнис – тајфата и дали...
Post Views: 3
ВМРО-НП одржа прес конференција во врска со настанатите состојби поради високото ниво на водата во Охридското езеро и последиците кои ќе прозлезат од ваквата ситуација.
Тие предлагаат, водите на реката Сатеска дирекно преку старото корито, да се насочат во реката Црн Дрим.
Штетите кои им се направени на граѓаните, претпријатијата и животната средина се огромни. Тие се резултат на лошото менаџирање на ЕЛЕМ со езерото, обвинуваат од ВМРО-НП. Советникот Владо Цветкоски потенцираше дека ваквата состојба не се должи само на тоа што во месец фебруари имаше обилни врнежи...
Post Views: 0
Денот на жената станува се поконтроверзен празник. Во однос на празникот се оди од крајност до краност. Едни го критикуваат и бојкотираат, други пак, продолжуваат да му даваат важност. Но, како и да e, некогашната еуфорија во празнувањето на 8-ми март спласнува. Тоа го потврдуваат и трговците кои се жалат дека се помалку се купуваат скапи подароци. По традиција пари не се штедат единствено за цвеќе. Сепак има жени кои не се откажуваат од прославувањето на празникот надвор. Оние со подлабок џеб патуваат во странство. Од туристичките агенции велат дека охриѓанки 8-ми...
Post Views: 0
Градоначалникот Александар Петрески PERSONA NON GRATА – непожелна личност
Напишано од Radio Ilinden Сабота, 06 Март 2010 10:28
По повод планираната посета на охридскиот градоначалник на Австралија, сакаме да ја известиме Македонската заедница дека градоначалникот Александар Петрески го прогласуваме за PERSONA NON GRATА – непожелна личност .
Голема штета е и самата помисла да една ваква личност со нарушено реноме, да се сретне со овдешните македонски организации, здруженија и поединци од Македонската заедница.Г-динот Александар Петрески, градоначалник...
Post Views: 1
Велигденскиот турнир во мал фудбал ,„Охрид 2010“ и оваа година во организација на Јавното претпријатие „Биљанини извори. Интересот е огромен.
Турнирот од година во година прераснува во традиционален. ЈП „Биљанини извори“ во склоп на своите активности го организира турнирот во мал фудбал, „Охрид 2010“. Организаторите очекуваат учество на екипи не само од Охрид, туку и од соседните градови, Струга и Ресен.
„Бројот на екипите кои ќе учествуваат на турнирот ќе биде дефиниран деновиве. Од ЈП „Биљанини извори“ ќе се погрижат да бидат обезбедени сите потребни услови, истакнува...
Post Views: 4
И директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу во посета на Пештани. Тој кажа дека состојбата постојано се следи и дека синоќа на критичните места биле поставени вреќи со песок и камења за да ги разбиваат брановите од езерото. Жителите не се сложуваат со директорот. Велат дека посетите се чисто поради добивање поени. Тие додаваат дека стравуваат да не се разболат од заразни болести, затоа што ситуацијата се повеќе излегува од контрола.
„Координативно тело имаме и во селото. Секоја вечер дежураме. Едноставно се плашиме од езерото.“ -додава жител од...