Градоначалникот Александар Петрески PERSONA NON GRATА

Македонската заедница во Австралија го прогласи градоначалникот Петрески за непожелна личност.

 |  Maja Савиќ  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески

Aleksandar PetreskiГрадоначалникот Александар Петрески PERSONA NON GRATА – непожелна личност  

Напишано од Radio Ilinden   
Сабота, 06 Март 2010 10:28

По повод планираната посета на охридскиот градоначалник на Австралија, сакаме да ја известиме Македонската заедница дека градоначалникот Александар Петрески го прогласуваме за PERSONA NON GRATА – непожелна личност .

Голема штета е и самата помисла да една ваква личност со нарушено реноме, да се сретне со овдешните македонски организации, здруженија и поединци од Македонската заедница.Г-динот Александар Петрески, градоначалник и член на тесното раководство на СДСМ, ја злоупотреби позицијата која му ја довериле граѓаните и неговата активност како градоначалник од досега стореното укажува на неговите стремежи и насочувања кон тоа:

     Да се откажеме од светото име Македонија а со тоа и од нашите браќа и сестри во Егејска, Пиринска и Македонците во Мала Преспа.

     Да бараме помош од соседот Бугарија која не ја признава македонската нација и го краде нашето минато.

Ако неговиот лидер Бранко Црвенковски сака да го промени името, а овој градоначалнк сака да го ‘продаде‘ Охрид на Бугарија,  за чија постапка потврдува фактот за ‘барање помош‘ од бугарскиот Премиер во случајот со Охридското езеро. Затоа ние Македонците кои ја сакаме и почитуваме нашата вековна родна земја, Македонија, се прашуваме дали еден ваков одродник кој е член на една ваква партија, треба да доаѓа со уште неколку високи функционери и советници од СДСМ овде меѓу нас во Австралија. Браќа и сестри Македонци, ваквите личности не се пожелни и не заслужуваат место меѓу македонската дијаспора во Австралија. Македонското Здружение ЗОМ,  ја прогласува оваа делегација на чело со градоначалникот на Охрид, Александар Петроски, за непожелна и неважечка во Австралија и бараме да се  откаже. Не смееме да дозволуваме и понатаму да се повредува достоинството, честа и интересите на македонскиот народ во и надвор од Македонија.

Ајде сите да се обединиме заедно,  за доброто на Македонија!

Со почит

Македонско Здружение  ЗОМ

Текстот во целост е преземен од: http://www.radioilinden.com.au
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top