Post Views: 1
Нема еколошка катастрофа тврди Атанско Михаилов и ја негира неодамнешната изјава на охридскиот градоначалник. Не е точна изјавата на градоначалникот Петрески дека на езерото му се случи еколошка катастрофа, дека е загадено и преполно со фекали од колекторскиот систем, тврди претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Истакнува дека езерската вода е со извонреден квалитет. Испитувањата покажале дека на сите мерни места водата е од прва категорија, а само на две е од 2 категорија.Со изјавата за еколошката катастрофа се шокира охридската јавност, македонската...
Post Views: 5
За прв пат денеска во нашиот град се отвори конзуларно преставништво на Турција. Првиот охридско – струшко – вевчански почесен конзул, е бизнисменот Абдураман Бајрактар.
Денес се отвори првото конзуларно претставништво во Охрид. По тој повод Министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Даутоглу денес престојуваше во нашиот град. Тој кај нас доаѓа по четврти пат. Кога се работи за Охрид, Даутоглу очигледно ги селектира најдобрите зборови. Вели, „Охрид е еден од најубавите светски градови“. Турскиот министер истакна дека со отварањето на конзуларното претставништво,...
Post Views: 0
Квалитетот на водата во Охридското езеро добар. Последните земени мостри од езерото од страна на Центарот за јавно здравје, покажуваат дека таа е од прва и втора категорија. Со намалувањето на водостојот на езерото се очекува да се намали и квалитетот на водата во него.
Квалитетот на водата во Охридското езеро на задоволително ниво. Направена е физичко-хемиска и микробилошка анализа на осум земени мостри. Примероците за анализа се земени од локации специфични поради близината на колекторскиот систем. Три од примероците се земени од влезот на колекторскиот систем кај...
Post Views: 1
Проблемот по се изгледа лежи во некоординираноста помеѓу СВР И локалната самоуправа. Додека од скторот тврдат дека поднеле барање за поставување на физички препреки и сообраќајни знаци, од локалната се правдаат дека добиле барање само за физички препреки.
Патеката од Мостот до хотелот Парк кај Охриѓани позната како пешачка патека според деталниот урбанистички план на Охрид е сообраќајница, со две коловозни ленти и зелен појас во средишниот дел, вели Емин Селман, раководител на одделението за комунален развој и сообраќај. Тој додава дека во неможност во моментов да...
Post Views: 0
Трибината ја отвори претседаелот на ОО на СДСМ Наум Јованоски. Стојан Андов, Ѓорѓи Оровчанец и Андреј Петров како дел од опозициониот фронт пред присутните збруваа за актуелните состојби во земјава и начинот како да се собори актуелната владеачка гарнитура.
Средба на опозициониот фронт во Охрид. „Време за акција, време за отпор, време за фронт“ е мотото на собирот на кој учествуваа дел од партиите од опозициониот фронт. Стојан Андов, Ѓорѓи Оровчанец и Андреј Петров како дел од опозициониот фронт предовден од СДСМ синоќа пред своето членство зборуваа за актуелните состојби...
Post Views: 7
Министерот за надворешни работи на Република Турција, г. Ахмет Давутоглу, утре во Охрид ќе го отвори почесниот конзулат на Република Турција. За почесен конзул е назначен Абдураман Бајрактар, познат стопанственик од Струга, кој е најзаслужен за отварањето на почесниот конзулат во Охрид. Ова ќе биде прво дипломатско преставништво во нашиов град лоцирано во близина на старата библиотека во поранешните простории на веслачкиот клуб.Со ова уште повеќе ќе се придонесе во промоцијата на Охрид како на туристички така и на стопански план. Инаку, за време на посетата на Охрид,...
Post Views: 4
Хигиената на црковните дворови на катастрофално ниско ниво.
Граѓаните реагираат и тврдат дека на своја рака многу често ги чистат иако тоа е обврска на Црквата. Митрополитот Тимотеј пак ги обвинува граѓаните. Тие што се жалaт, тие го фрлаат ѓубрето, вели тој.
Хигиената на дворовите на некои од црквите, кои се обележја на нашиов град е на очајно ниво. Жална е глетката на која сигурно налетале туристите, кои на пример, сакале да ја посетат црквата Св Софија. На она што ќе го видат внатре во овој споменик на културата, тешко дека ќе се сеќаваат измачувани од впечатоците...
Post Views: 0
Членовите на комисијата за финсии и буџет, треба да расправаат за разрешување на нивниот колега Дејан Паноски од редовите на оваа комисија. Ова прашање го потегна претседателот на комисијата Ахмед Патељ по неколкуте отсуствувања на советникот Паноски од работата на седниците.
„ Советникот Дејан Паноски согласно членот 68 треба да го информира претседателот за неговото одсуство. На неколку комисии советникот Паноски воопшто не присуствуваше. Деловничката одредба од овој закон јасно и гласно кажува дека за отсуство на било кој член од комисијата се информира претсеадтелот...
Post Views: 1
Откако ТВМ ја пренесе сликата за бедата на ова семејство, почна позасилено да доаѓа помош за Митереви. Петрески увиде дека ова семејство нема елементарни услови за живот и рече дека веднаш ќе превземе активности привремено да го реши овој проблем.
Неизмерна радост и доверба во очите на петтчленото семејство Митереви кога пред нивниот дом застана градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Скромни во своите побарувања тие на градоначалникот му ја кажаа состојбата во која се наоѓаат, а тоа е живот на свеќа без струја, огрев и храна. Во тоа се увери лично и Петрески...
Post Views: 0
Сите физички лица сопственици на угостителски објекти од мал обем, на кои им е истечена важноста на решението за категоризација, треба истото да го продолжат.
Против оние кои не поседуваат вакви решенија или важноста на истите е истечена, ќе бидат преземени соодветни казнени мерки.
Законот за угостителска дејност е дециден. Според него, сопствениците на угостителски објекти од мал обем мора да го продолжат решението за извршена категоризација, доколку сакаат да продолжат да се занимаваат со вршење на туристичко угостителска дејност.
Прво што треба да направи давателот...
Post Views: 26
Избрани делегатите, претставници на стоматолошкиот еснаф од градов во Стоматолошката комора на Македонија.
Двајца од нив ќе бидат делегати во Собранието на комората, додека останатите тројца, се избрани за членови на Опшинскиот одбор на Стоматолошката комора. Минатата недела беа избрани делегатите кои ќе го претставуваат Охрид во оваа независна, непартиска и непрофитна организација на докторите на стоматологија кои вршат професионална дејност. Тоа се Д-р Беби Лаососки и Д-р Бонета Павлеска кои се избрани за делегати во собранието на комората. Отаму се делегирани по...
Post Views: 4
Вреќите со песок подигнати од градското пристаниште. Состојбата во Охрид и Струга повеке не е критична уверува министерот Коњановски при неговата денешна посета на регионот. „Координативното тело за справување со кризи, постојано и ефективно работи на оние места каде што постои најголем ризик. Јас сум задоволен од тоа како функционираа институциите на државата кои беа вклучени во акцијата“, истакна министерот Зоран Коњаноски.„Ние како Влада не бевме моќни да се справиме со временските непогоди, но затоа сметавме дека треба да бидеме одговорни, да ги координираме сите...