За Пешачка патека кај мостот, Охриѓани ќе почекаат

Проблемот по се изгледа лежи  во некоординираноста помеѓу СВР И локалната самоуправа. Додека од скторот тврдат дека поднеле барање за поставување на физички препреки и сообраќајни знаци, од локалната се правдаат дека добиле барање само за физички препреки.

 |  Татјана Маленкова  | 
peshacka pateka
пешачка патека

peshacka patekaПроблемот по се изгледа лежи  во некоординираноста помеѓу СВР И локалната самоуправа. Додека од скторот тврдат дека поднеле барање за поставување на физички препреки и сообраќајни знаци, од локалната се правдаат дека добиле барање само за физички препреки.

Патеката од Мостот до хотелот Парк кај Охриѓани позната како пешачка патека според деталниот урбанистички план на Охрид е сообраќајница, со две коловозни ленти и зелен појас во средишниот дел, вели Емин Селман, раководител на одделението за комунален развој и сообраќај. Тој додава дека во неможност во моментов да се реализира планот патаката ќе функционира како пешачка. Оваа одлука години наназад како таква била изгласувана и подржувана од советниците со носењето на летниот режим на сообраќај. Но годинава на иницијатива на СВР многу побрзо ќе се спречи движење на моторни возила по истата.  
Моторни возила и моторцикли на пешачката патека и покрај иницијативата на СВР Охрид, таа да биде исклучиво за пешаци. Неколку дена од најавите дека делот од центарот за обука на вода до хотелот Парк ќе биде место каде пашаците ќе можат слободно да рекреираат и уживаат нема ништо. Освен кренатиот мост кој колку толку го попречува движењето на моторциклите и  автомобилите, од останатите мерки кои локалната требаше да ги превземе засега нема ништо.
Спротивно на ова Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски тврди дека секторот навреме поднел иизвестување поточно барање до секторот за урбанизам и заштита на животната средина  и комунален развој. Во него стои дека службата констатирала зачестена појава на загрозување на безбедноста на пешаците во делот на пешачката зона од делот на центарот за обука на вода до хотелот Парк. Во дописот уште се бара да се превземат мерки и активности за поставување на физички препреки како и соодветна сообраќајна сигнализација, односно поставување на сообраќајни знаци за забрана на движење на моторни возила. покрај тоа полициски службеник во текот на неделава остварил и телефонски разговор со инспекторот за сообраќајни работи во локалната самоуправа на кого лично му била пренесена содржината на барањето со цел да се убрза постапката.
Од СВР велат дека денеска службата остварила констакт и со раководителот на одделението на сообраќај и развој на патишта при локлната самоуправа Зоран Шикалоски. На средбата тој ветил дека е издаден налог до ЈП охридски комуналец за поставување на жардињери кои треба да служат како физичка препрека, и сообраќајни знаци. Денеска состојбата на терен малку поинаква. Сега засега од  ветувањатат дека патеката ќе биде само за пешаци нема ништо. Претпладнево нашата камера забележа повеќе абтомобили и мотори отколку пашаци. Кога ќе се сложат коцките и кога најавите ќе станат реалност останува да видиме.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top