Post Views: 4
Околу 50-тина индивидуални производители и регистрирани земјоделци од Охрид и околните села покажале интерес да искористат пари од Националната програма за финансиска поддршка на руралниот развој, истакнува Билјана Ѓорческа рак.на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството. За жителите од охридските села не била привлечна можноста за развој на руралниот туризам. До Агенцијата не пристигнала нити една апликација, но затоа, пак, земјоделците пројавиле желба да ја обноват земјоделската механизација. Со помош на државата ќе купуваат трактори, прскалки, атомизери....
Post Views: 1
Големиот број проблеми со кои се соочува здравството во Македонија не беа причина за да не се одбележи Светскиот ден на здравството. На белата ноќ која се одржа во Охрид лекарите се пофалија за нивните активности во изминатата година.
Охридското здружение на лекарите едно од најактивните во државава. Ова беше констатирано на белата ноќ која се одржа на 10-ти април во Охрид. По повод 63 години од постоењето на Светската здравствена организација, секоја година се одржуваат годишни состаноци на здруженијата на лекарите, а 7 ми Април официјално е признат како меѓународен...
Post Views: 0
Пазарниот инспекторат ја контролираше работата на агенциите за недвижности. Биле повикувани лицата кои објавуваат огласи за продажба на станови на интернет порталите. Деновиве на мета на инспекторатот се и стоваришатта и квалитетот на градежните матријали кои тие ги продаваат.
Пазарниот инспекторат со полни раце работа. Нивна најнова задача е воспоставување на ред кај агенциите за недвижности. „ Имавме одредени сознанија, поради кои ги проверивме сите интернет сајтови за да утврдиме кои физички лица се јавуваат како посредници за продажба на станови и апартмани“,...
Post Views: 0
Формирано Здружение на бродари и екипажи на брод. „Вакво здружение беше повеќе од неопходно, затоа што охридското бродарство со години е на маргините“, вели претседателот на здружението, Горан Устијаноски. Членовите на здружението се надеваат дека здружението конечно ќе најде решение на проблемите кои со години им претесвуваат мака на бродарите.
Бродарите повеќе од сигурни дека ова е единствениот начин за решавање на нивните проблеми. „ Многумина сматаа дека здружението се формираше поради бродската несреќа на 5 ти септември. Може да се каже дека таа има голем...
Post Views: 7
Асфалт стар повеќе од 25 години. Уличната мрежа од Населбата „Гоце делчев“ попозната како Бараки, се наоѓа во очајна состојба. Жителите на населбата револтирани велат, крајно време е да се санира истата во целост.
„Некои нејзини делови не доживеале санација повеќе од 25 години, па крајно е време да се интервенира поради тоа што ги уништивме автомобилите“, се жалат жителите на оваа населба.
Инаку, населбата „Гоце Делчев“ брои над 200 домаќинства од кои секое има минимум по еден автомобил.
„Оштетувањата кои секојдневно се нанесуваат на нашите автомобили од страна на...
Post Views: 1
Поради основано сомнение дека се сторители на кривичното дело ,,Примање поткуп,, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата Р.М. (1960) и Г.Б. (1969), двајцата од Охрид. Пријавените, во својство на Специјалисти хирурзи, вработени во Општата болница во Охрид, на 22.03.2010 година, директно од засегнатите родители, побарале 2 000 евра, односно 120.000 денари, со цел да извршат службено дејствие – лекување на малолетно дете. СВР вели дека таквото лекување, тие не смееле да го извршат бидејки со одлука од јануари оваа година, Општата болница донела решение за затворање...
Post Views: 0
„Странски инвестииции во Охрид нема поради тоа што инветиторите не сакаат да имаат работа со владата“ , вели градоначалникот Александар Петрески. Тој додава дека државата е виновна што брендот Соравија се откажа од изградба на елитен хотел во Охрид.
Охрид нема странски инвестиции. Причината за тоа градоначалникот ја гледа во владата. „Ние по странски инвестиции убедливо сме на последно место и зад Босна и зад Албанија. Може да биде поинаку, но доколку сопственост на земјиштата со кои во моментов стопанисува владата , потпаднат под локалната самоуправа“, вели градоначалникот...
Post Views: 1
Инвеститорите кои во моментов градат куќи и згради мора на сметката на ЈП „Комуналец“ да уплатат сума за вонредно одржување на јавната чистота. За вонредно чистење на улиците се плаќа според големината на објектот, цените ги утврди грaдаскиот совет, а договор се склучува со ЈП „Комуналец“. Со овој договор претпријатието се обврзува да ги активира дополнително сите служби за одржување на јавната чистота. Улиците секојдневно се чистат, а во ноќните часови се мијат, објаснува директорт на Комуналец. Првиот човек ЈП Комуналец, Алчев истакнува дека досега не се случило...
Post Views: 7
Под насловот “Македoнскиот бисер на балканот“ Охрид се најде на насловната страница на априлското издание на американското списание “State magazine”.
“State magazine” се објавува секој месец од страна на американскиот Стејт департмент.
Целта на списанието е да се олесни комуникацијата меѓу менаџментот и вработените дома и во странство и да ги запознае вработените со настаните кои можат да влијаат на работењето или персоналот.
Списанието е исто така достапнo на лица заинтересирани да работат за Стејт департментот, како и на општата јавност.
{loadposition...
Post Views: 2
Охридските угостители оптимистички очекуваат добра туристичка сезона – ако тоа се гледа по посетеноста на Охрид за Велигденските празници. И покрај сите случувања, има туристи и гости кои го сакаат Охрид, истакнува угостителот Љупчо Патчев.Тој ги демантира тврдењата дека Охрид е скапа туристичка дестинација. Тие не размислуваат за намалување на цените и велат нема од Охрид да направиме детска градинка.
„Јас мислам дека Охрид не е скап. Aко направиме поевтини цени, тогаш од Охрид ќе направиме детска градинка на Македонија. Ќе го уништиме и оној туризам што го...
Post Views: 12
Се заврши со изградбата на помошните простории за црквата. Оваа црква се наоѓа во непосредна близина на Факултетот за туризам, a е изградена во далечната 1863 година. Од јануари месец 2008 година, црквата е обновена и како парохија, најмала по обем во Охрид според бројот на семејствата. Парохијата брои некаде околу 400 домови. Отец Сашо Ристески информира дека секоја недела и за големите празници има редовна Божествена литургија и редовно се служат сите служби. Отец Ристески кажува дека средства за реконструкција се обезбедени во најголема мерка од донатори, верници,...
Post Views: 3
Орагнизацијата на работодавачи од Европската унија, одржа семинар во врска можностите за употреба на европската легислатива во македонските компании.
Овој пат предмет на расправа беше Законот за безбедност и здравје при работа.
На Македонија и се потребни применливи закони, соодветни на нашиот бизнис менталитет. Најголем проблем со кој се соочуваат наште компании е неинформираноста. Македонските компании на својот пат кон европските пазари, ќе треба да се соочат со 90.000 страници европска легислатива. Втор проблем е имплементацијата на оваа легислатива, истакнува...