Здружението на бродари ќе ги решава нивните проблемите

Формирано Здружение на бродари и екипажи на брод. „Вакво здружение беше повеќе од неопходно, затоа што охридското  бродарство со години е на маргините“, вели  претседателот на здружението, Горан Устијаноски. Членовите на здружението се надеваат дека здружението конечно ќе најде решение на проблемите кои со години  им претесвуваат мака на бродарите. 

 |  Татјана Маленкова  | 
Brod
Брод

UstijanoskiФормирано Здружение на бродари и екипажи на брод. „Вакво здружение беше повеќе од неопходно, затоа што охридското  бродарство со години е на маргините“, вели  претседателот на здружението, Горан Устијаноски. Членовите на здружението се надеваат дека здружението конечно ќе најде решение на проблемите кои со години  им претесвуваат мака на бродарите.  

 Бродарите повеќе од сигурни дека ова е единствениот начин за решавање на нивните проблеми. „ Многумина сматаа дека здружението се формираше поради бродската несреќа на 5 ти септември. Може да се каже дека таа има голем удел но иницијатива за формирање на вакво здружение имаше многу од подамна “, вели претседателот на здружението Горан Устијаноски.

„Главниот проблем  што Охридските бродари со години се на маргините. Ситуацијата се промена и има потреба од воден транспорт“ , вели Горан Устијаноски, претседател на Здржение на бродари и екипажи на брод.

kormiloПретседателот на здружението вели дека приоритет во работата ќе им биде тие да влијаат во сите свери на внарешната пловидба. Тој додава дека проблемите на бродарите, членовите одамна ги имаат  дефинирано.

„Имаме проблеми со инфраструктурата, конечно да се реши проблемот со техничкиот преглед на бродовите како и донесување на бродски книги“, додава Устијаноски.

Тој  вели дека бродовите се контролираат постојано, но според него таа треба да биде променета, подобрена, корегирана, за се да биде во склоп на европските директиви. „За жал со Капетанијата  имавме минимална комуникација од објективни  и субјективни причини . Се трудиме неа да ја подобриме. Им стоиме на располагање со она што го познаваме во научна смисла да им помогнеме во решевањето на состојбите кои денес владеат“, вели Устијаноски.   
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top