Post Views: 0
Во Охрид нема организиран воден сообраќај. Во моментов бродовите пловат низ езерото слободно без ред на возење. Бродарите бараат проширување на пловидбата низ Oхридското езеро бидејќи како што тврдат иако езерскиот брег е во должина од 90 км во моментот тие сообраќаат само кон Св. Наум. За да се посетат и останатите интересни дестинации на брегот би требало да се одреди бродска линија.Охридската капетанија како и многу пати досега се огради од проблемите во водниот сообраќај. Негираат дека тие се надлежни на организирањето на истиот. Овде се наметнува прашањето како...
Post Views: 0
Охриѓани навреме ги вакцинираат своите деца од детските заразни болести, но сеуште постои отпор кон ХПВ имунизацијата. Причини за тоа, недоволна и неправилна информираност, велат експертите.Заштити-спречи-вакцинирај. Тоа е слоганот на овогодинешната европска недела на имунизација. Право на секое дете е да биде редовно вакцинирано, а обврска на секој родител е навремено да го носи своето дете на имунизација. Охриѓани го сфаќаат нејзиното значење.
„Можеме да се пофалиме со 98% опфатеност во Охридско-струшкиот регион, а со неа се искоренети многу заболувања кои во минатото...
Post Views: 7
Претставништво на фестивалот „Охридско лето“ наскоро ќе биде отворено и во Скопје – ова денес за ТВМ го потврди директорот на фестивалот Тони Симоноски. Станува збор за помошна канцеларија чиешто седиште ќе биде во зградата на „Нова Македонија“. “Целта на оваа канцеларија ќе биде да се олесни функционирањето на фестивалот“ информира Симоноски и додава “…канцеларијата ќе функционира и како прес-центар и место каде ќе може да се одржуваат состаноци помеѓу уметниците и селекторското тело на фестивалот“ Симоноски потенцира дека ова во никој случај нема да значи...
Post Views: 8
Состојбата со поплавите во Радојца Новичиќ се нормализира, тврди првиот човек на Проаква, Бранислав Трпчевски. За работите побрзо да се вратат во нормала од МЈП инсталирале три пати посилна пумпа за испумпување на надојдените води.
Се нормализира состојбата во населбата Радојца Новичиќ. Деновиве покрај постоечките пумпи кои од Проаква тврдат дека се адекватни на потенцијалот за оваа населба, била инсталирана уште една многу посилна, со цел надојдената вода побрзо да биде испумпана. Директорот на МЈП Бранислав Трпчевски вели дека во моментов се работи на лоцирање...
Post Views: 3
Светскиот ден на планетата Земја доаѓа по серија големи природни катастрофи, од кои не беше поштедена ниту нашата држава. Ќе се запаметат поплавите во Охрид, излевањето на Вардар кај Тетово, свлечиштата низ земјава. Големите земјотреси во Чиле и Хаити и вулканскиот облак по исландската ерупција во светот се само предупредувања дека природата – го возвраќа ударот, велат екологистите. За Македонија опасноста е уште поголема, со оглед на тоа што спаѓа во ризичната група земји, кои ќе бидат најмногу погодени од климатските промени. Според експертите, на оваа црна...
Post Views: 1
Приказната со едриличарскиот клуб “Бофор“ продолжува. Како што ТелевизијА ТВМ веќе информирше, неисполнувањето на обврските од страна на спонзорот беше причина поради која едриличарскиот клуб “Бофор“, на вонредно собрание кое се одржа на 1-ви април, го раскина договорот со АМАК СП. Потсетуваме дека на истото собрание клубот го избра и новото раководство, а донесе и одлука за враќање на старите симболи на “Бофор“. Овај чин стави крај на соработката која започна во 2003 год, помеѓу едриличарите и Амак СП како спонзор.
Едриличарскиот клуб “Бофор“ во неколку наврати...
Post Views: 1
Работите во меснота Грашница добиваат на интензитет. Градоначаникот неодамна за ТВМ најави дека со овие зафати Локалната прави напори да заживее некогаш најатрактивниот дел на Охрид – Грашница. Петрески вели дека локалната веќе има идеја, но и изготвен проект за враќање на сјајот на месноста Грашница, место каде последниве дваесеттина години плажниот туризам потполно беше замрен. Секретатрот на билатеријаниот секретаријат Дејан Паноски вели дека и како дел од секретаријатот но и како советник го прифаќа секој проект кој обврзува уредување и заштита на Охридското езеро...
Post Views: 4
Хидробилошкиот институт со полни раце работа. Во моментов се работи на национални проекти. Кралството Норвешка финасира проект тежок околу 150 илјади евра а се однесува на биолошки мониторинг на езерото од Македонска и Албанска страна. Првиот човек на инстутут најавува дека следната година ќе започне проет кој се однесува на утврдување на староста на Охридското езеро.
Успешни но скромни. Хидробилошкиот институт работи на национални проекти, кои ги финасира министерството за образование. Внимание привлекува проектот финансиран од кралството Норвешка, вреден околу...
Post Views: 7
Охрид може да се пофали со најмодерната атлетска патека и тоа не само во Македонија туку и пошироко.
Патеката ќе ја оправда својата намена наскоро, со одржувањето на атлетскиот митинг на 19-ти мај. Промотор на митингот ќе биде поранешниот светски рекордер во скок со стап и еден од најдобрите атлетичари на светот на сите времиња, Сергеј Бупка.
Станува збор за најмодерната атлетска патека, не само во нашата земја туку и пошироко. Патека направена по највисоки стандарди, за чијешто поставување се одговорни повеќе институции, вели претставникот на ИО на Атлетската федерација...
Post Views: 3
Нафтена дамка во водите на езерото. Оваа појава вчера во попладневните часови ја регистрира екипата на ТВМ за што веднаш алармира. Надлежните веќе формираа координативно тело и се проверуваат сите шахти во градов со цел да се детектира потеклото на излеаната нафта и сторителот на ова дело.
Се потврди информацијата дека масната дамка во водите на езерото потекнува од нафтени деривати. Имено, како што ТВМ информира, надлежните екипи на МЈП „Проаква“, Општинскиот и Државниот инспекторат, од вчера постојано се на терен на кејот од езерото каде што е регистрирана оваа појава....
Post Views: 0
Во месноста Мазија, охриѓани ќе добијат Холандски парк. Поголемиот дел од средствата наменети за паркот се донација на холандската амбасада во земјава, а дел од локалната самоуправа. Покрај спомен обележјето на холандскиот писател, Аден Долаард, посветен на традиционалното македонско –холандското пријателство, сега се подига и парк. Хортикултурно уредената површина ќе има повеќе содржини кои ќе бидат градени во три фази, најавува проект-координаторот од локалната самоуправа, Антонио Балески.
„Проектот опфаќа не само класичен парк туку функционална, урбана модерна целина...
Post Views: 16
Со одводот на отпадните води проблеми имаат и граѓаните од населбата Радојца Новичиќ. И покрај преземените активности, односно, вклучување на две додатни пумпи, нивото на водата во системот во оваа населба сеуште е високо, информираат од МЈП „Проаква“. Очигледно се работи за прилив на вода од непознато потекло. Од ова претпријатие апелираат на соработка со жителите од оваа населба и доколку граѓаните знаат за постоење на диви приклучоци или дефекти, истите да ги пријават на тел: 046/230-020. Сервисирањето ќе биде бесплатно. Доколку тоа не го сторат во рок од една...