Состојбата со поплавите во Радојца Новичиќ се нормализира

Состојбата со поплавите во населбата „Радојца Новичиќ “се нормализира, тврди првиот човек на Проаква, Бранислав Трпчевски. За работите побрзо да се вратат во нормала од  МЈП инсталирале три пати посилна пумпа за испумпување на надојдените води.

 |  Татјана Маленкова  | 

radojca NovicicСостојбата со поплавите во Радојца Новичиќ се нормализира, тврди првиот човек на Проаква, Бранислав Трпчевски. За работите побрзо да се вратат во нормала од  МЈП инсталирале три пати посилна пумпа за испумпување на надојдените води.

Се нормализира состојбата во населбата Радојца Новичиќ. Деновиве покрај постоечките пумпи кои од Проаква тврдат дека се адекватни на потенцијалот за оваа населба, била инсталирана уште една многу посилна, со цел надојдената вода побрзо да биде испумпана. Директорот на МЈП Бранислав Трпчевски вели дека во моментов се работи на лоцирање на домакинставата кои се диво приклучени на системот за секунадарната канализација, затоа што дивите приклуцоци се главна причина за настанувањето на овие поплави.

“Во населбата Радојца Новичиќ има голем процент на септички јами. Истовремено и олуците од дождовната  вода се инсталирани во канализацијата. Сето ова доведе да се преблокираат цевководите“, вели директор на МЈП Проаква, Бранислав Трпчевски.

Директорот додава дека за надминување на проблемите во Радојца Новичиќ, на барање на Проаква биле остварени повеќе средби со месното население и месната заедница.  „Проаква ќе ги суспендира сите кои не се соодветно приклучени на колекторскиот систм. Ќе мора да ги лоцираме сите корисници на алтернативни септички јами но и сите оние кои атмосверските води самоиницијативно ги имаат конектирано на системот, додава директорот.
Трпчевски не сакаше да открие бројка колку од домакинствата во оваа населба се диво приклучени во колекторскиот ситем. Вели, немаме точен увид на се што значи легална градба, па поради тоа неможеме да објавуваме бројки. За жал има случаи каде семејства  имаат живеалишта направени според стандардите, а користат и септички јами“, додава директорот на МЈП.
Трпчевски освем дивоприклучените во колекторот, како проблем за поплавите ги посочи и природните канали кои во мометов се затрупани со шут и земја, со што се попречува одливот на вишокот на вода.   
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top