vmro-np

Државата е лош стопан – обвинуваат од ВМРО–НП

Post Views: 1 Три години туристичкиот комплекс Св. Наум потсетува на Дивиот запад. Ова е заклучок на претседателот на ВМРО – НП. Ванчо Костоски на денешната прес конференција  рече дека најелитното место на охридската ревиера се соочува со состојби непожелни за туристите, почнувајќи од паркинг просторот, влезот, плажата и импровизираните тезги. Тој го лоцира и виновникот поради ваквата состојба. Костоски потенцира дека досега во неколку наврати како партиско тело и сугерирале на Владата овој комплекс да го врати на НП „Галичица“, бидејќи тие имале одличен проект за да го уредат овој...

Continue reading

kaneo

Старо-нова рекламна кампања за спас на македонскиот туризам

Post Views: 1 Билборди со убавините на земјава ќе красат неколку главни градови од соседниве земји и за прв пат, Москва. Директорот на Агенцијата, Стрезоски убеден во ефикасноста на овој вид на промоција. Резултатите ќе ги почувствуваме но, за 2-3 години. Осоколени од успехот на минатогодишната слична ваква кампања, од Агеницијата за промоција и развој на туризмот и оваа година со поставување билборди во неколку главни градови од соседниве земји ќе ја промовираат Македонија. За Директорот на Агенцијата Зоран Стрезоски минатогодишниото зголемување на бројот на странските туристи од...

Continue reading

Ekonomsko

Економски и Гимназија – секој по својот пат

Post Views: 6 Вељаноски додава дека мора да постои спој помеѓу средното образование и потребите на бизнизнис секторот. Оваа иницијатива требаше да се направи и порано, додаваат од Одделението за образование. Инаку, работите околу одделувањето на Економското училиште од Гимназија сега засега се застанати кај иницијативата која што ја донесе советот, но последниот збор треба да го даде Министрвото за образование. Сега се чека само продолжението на седницата на совет која е веќе закажана за 7 ми мај, за да се изготви одлука. Потоа неа треба да ја потпише претседателот на советот а образложението...

Continue reading

znaminja

Втора светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Post Views: 1 Од 6 до 9 мај во Охрид по втор пат ќе се сретнат еминентни верски претставници од целиот свет. Под мотото „Религијата и културата – нераскинлива врска меѓу народите“, ќе се одржи Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Оваа конференција всушност претставува продолжение на Првата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Тогаш се усвои заедничка Декларација и се формира Меѓународен комитет за организирање на втората светска конференција во текот на 2010.Конференцијата се одржува во организација на Министерството...

Continue reading

vitraz

Кој сака да научи да прави витраж?

Post Views: 0 Архитектот Митко Поповски во неговото специјализирано студио веќе 15 години изработува витражи. Последниве две години, тој своето знаење го пренесува на сите оние кои сакаат овој медиум да им биде хоби или прфесионална определба. Основите на уметноста која прво се појавила како техника на застаклување, веќе две години може да се изучуваат во Охрид. Станува збор за уметност која за прв пат се појавила во Европа во 10 век, како техника за застаклување на прозорци, за да во 12 и 13 век со неа се кителе прозорците на црквите Св. Софија во Цариград и Св. Петар во Рим. Така,...

Continue reading

kej

Збогум на урбаниот хаос ?!

Post Views: 0 Нова слика на охридската чаршија и на кејот најавуваат од локалната самоуправа во престојната туристичка сезона.  Ова го поткрепуваат со изгласаниот, нов Правилник за поставување на урбана опрема. Годинешната  програма е во согласност со Законот за градба и за прв пат поделбата на локациите ќе се врши по пат на лицитација, најавува раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање, Тихомир Дурнев. Лицитацијата ќе биде по пат на јавен оглас за прибирање на затворени, писмени понуди. Заинтересираните ќе може да учествуваат во наддавањето за добивање локации...

Continue reading

alarm

АЛАРМ повторно стартува

Post Views: 3 Од 25ти до 27ми јуни, на плажите на Љубаништа ќе се одржи единствениот опен ер музички фестивал во Македонија – „Аларм за природата“, објавија организаторите на  фестивалот. Најавени се 3 сцени (main, dance, alternative) со 24/7 музичка програма, преку 100 артисти и ДиЏеи, кино, театар, фудбал, ликовни колонии, изложби, предавања и посебен однос кон природата и нејзиното зачувување. Според организаторите, Аларм за природата ќе се обиде да пробуричка во совеста на младите, кои сакале или не, ќе ги наследат реките, езерата, шумите и сите чуда што природата ни ги подарила....

Continue reading

komarec

Ќе се одбраниме ли годинава од комарците?

Post Views: 0 Од Центарот за јавно здравје повторно ги нудат услугите за извршување на дезинсекцијата. Сепак, на тендерот ќе победи оној со најповолна понуда, ветува Петрески. Оваа година дезинсекција ќе има, ветува Охридскиот градоначалник. Ќе има дерман за охриѓани и гостите ова лето од комарците. Директорот  на Регионалниот центар за јавно здравје, Атанаско Михаилов вели дека и оваа година е иницирано до Локалната, со цел да се преземат потребните превентивни мерки на дезинсекција, дератизација и дезинфекција. Михаилов потенцира дека ова е единствен начин да се одбраниме од комарците...

Continue reading

zlatno srce

Охрид најгостопримлив град за 2009 год!

Post Views: 1 Градоначалникот и дел од тимот кој работи на туристичката промоција на Охрид, денеска пред новинарите ја претставија престижната награда која неодамна му беше доделена на нашиот град. Станува збор за таканаречениот Туристички  оскар за Југоисточна Европа – „Златно туристичко срце“ или „Чаша на гостопримството“.Наградата најгостопримлив град во Југоисточна Европа за 2009 година, Охрид ја доби поради љубезниот однос кон гостите во 2009 год и тоа во конкуренција на голем број туристички дестинации од Југостична Европа, меѓу кои се градови од Турција, Романија, Бугарија,...

Continue reading

pijaloci

Петрески апелира да се спуштат цените на пијалоците

Post Views: 8 Градоначалникот на денешната пресс конференција упати апел до сите угостители, наместо да ги креваат цените на пијалоците за празниците, истите  да ги усогласат или намалат. „Давам препораки цените да не се креваат, туку да се спуштаат“, вели Петрески. Тој уште додава дека онаму каде што општината ги креира даноците, тие се спуштени на мнимум, а на сите останати кои ги креира државата не можат да влијаат. Туризмот е во интерес на сите и треба да го гледаме како извозна гранка, додава градоначалникот Александар Петрески. {loadposition content9}

Continue reading

policija

Кривични дела за време на празничниот викенд

Post Views: 9 На подрачјето на Полициската станица Охрид, евидентирани се три кривични дела „Тешка кражба“, седум кривични дела „Кражба“, една Телесна повреда и пет нарушувања на Јавниот ред и мир. Покрај тоа, евидентирани се  четири дела „Оштетување“ и  седум сообраќани незгоди со предизвикани телесни повреди и материјална штета. На подрачјето на Полициската станица Струга,  регистрирани се  едно кривично дело „Тешка кражба“, едно кривично дело „Изнуда“  едно нарушување на Јавниот ред и мир и една сообраќајна незгода со предизвикана материјална штета.Против сторителите на кривичните...

Continue reading

recepcija

Дај боже, ваква да ни биде и сезоната

Post Views: 8 Празникот на трудот ги наполни охридските хотели претежно со странски гости. Филип Мишев, менаџер по продажба на хотелот Метропол вели дека хотелите Метропол и Белви се полни скоро 80 % и дека тоа е според нивните очекувања. „ Гостите се претежно од регионот, Албанија, Србија, Косово. Има намалување на домашните гости, за затоа на нивно место се враќаат грчките гости. Од завчера доаѓа и првиот чартер лет од Холандија. Пополнетоста е според очекувањата“, вели Мишев. „Очекуваме солидна сезона, со оглед на фактот што се наоѓаме во средината на економската криза“, вели Мишев....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top