Дај боже, ваква да ни биде и сезоната

Првомајските празници го денесоа првиот наплив на гости. Охрид како туристичка дестинација годинава интересен за странците. Во Mетропол, Белви и Силекс, најмногу одмараат гости од Србија, Албанија, Косово, Холандија.  

 |  Татјана Маленкова  | 
recepcija
рецепција

SileksПразникот на трудот ги наполни охридските хотели претежно со странски гости. Филип Мишев, менаџер по продажба на хотелот Метропол вели дека хотелите Метропол и Белви се полни скоро 80 % и дека тоа е според нивните очекувања.

„ Гостите се претежно од регионот, Албанија, Србија, Косово. Има намалување на домашните гости, за затоа на нивно место се враќаат грчките гости. Од завчера доаѓа и првиот чартер лет од Холандија. Пополнетоста е според очекувањата“, вели Мишев.

„Очекуваме солидна сезона, со оглед на фактот што се наоѓаме во средината на економската криза“, вели Мишев. Тој додава дека имаат најава за гости од Германија, Шведска ,летови од Истамбул, но и од Израел. Од 28 мај континуирано 70 соби во хотелот Белви ќе бидат пополнети со израелци, додава Мишев.
Инаку, во споредба со минатата година хотелите Метропол и Белви ги имаат намалено цените за 15 проценти, но според менеџерот за продажба ова намалување придонело за незначително намалување на приходите на овие реномирани охридски хотели.   
И менаџерскиот тим на хотелот Силекс, презадоволен од заинтересираноста на гостите за посета на Охрид и нивниот хотел. „Дај боже, како што почна месецов, така да ни биде целата сезона и целата година, вели Тоше Чочороски, управител на хотелот Силекс.

“Пополнатоста на хотел Силекс, во моментов е околу 90 %. Сите се странски гости. 75 од Албанија, 80 од Србија, дел од Косово, 25 Руси и 10 тина од Македонија. За месец мај веќе се продадени викендите, за семинарски туризам“, вели Чочороски.

Чочороски додава дека годинава немаат направено измена на цените. „Последните корекции ги направивме минатата година, со цел да им бидеме достапни на сите кои сакаат да гостуваат кај нас. Цените се исти како и лани и се прифатливи“, додава Чочороски.
Инаку се до вчера имаше различни анализи и проценки за тоа колку Охрид ќе биде испонет за првомајските праници. Од туристичките агенции очекуваа најмногу гости од земјава и тврдеа дека слаб бил интересот на странците за гостување во Охрид. За среќа овие тврдења не се исполнија.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top