Post Views: 2
Од колкава помош за младите е неформалното образование? Сведоци сме дека честопати одредени лица кои имаат подолго искуство на одредена проблематика, имаат многу погoлеми вештини за одредено работно место, отколку лице кое штотуку дипломирало. Во последно време дури и одредени земји членки на ЕУ го признаваат бенефитот од овој вид на стекнување со знаења и вештини, па дури се направени обиди и да го официјализираат, вели Исмаилоска Нола од НВО – Младински креативен центар – Велес.
Од едната страна го имаме формалното образование стекнато во образовните институции кои...
Post Views: 1
Охридските убавини преку фотографиите на Зоран Велјаноски Летра ќе бидат претавени во центарот на фотографијата Њу Јорк. 40 фотографии од кои 24 во голем и редок фотографски формат 100 на 70, 18 во формат 50 на 70 жителите на Њу Јорк ќе имаат можност да ги видат од 20 март до 3 април.
„Охрид вечниот град и бисер на Европа“ е насловот на изложбара, а носечка фотографија на ова културно збиднување ќе биде фоографијата на Заливот на коските, фатен од перспектива од пред дожд и тоа од агол каде нема ни еден современ објект.„Фотографиите ќе бидат посветени исклучиво на...
Post Views: 14
Докторите на Одделението за уво, нос и грло при Општа болница Охрид, некултурни. Вака се обвинети докторите Фетах и Беде од ова оделение, во допис од незадоволна пациентка кој деновиве стигна до нашата редакција. Меѓу другото во дописот стои, цитирам;„Премногу бев револтирана за да го премолчам ова и решив да ви пишам. На 21.01.2011 в0 12 и 30 часот бев во оделението за уво, нос и грло. на смена беа доктор Фетах и Др. Беде. Доктор Фетах во моментот беше зафатен со пациенти, па се упатив во празната ординација. Требаше преглед да ми изврши слободниот доктор, во случајов...
Post Views: 17
Во Македонија повеќе од 200 жени секоја година заболуваат од рак на грлото на матката, а приближно половина од нив умираат. На светско ниво годишно се регистрирани околу 500 000 нови случаи од кои дури 300 000 завршуваат трагично. Инфекцијата со високоризичните типови на Human Papiloma вирусот е главен фактор во настанувањето на ракот на грлото на матката. ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува преку сексуален однос, но и преку неполов пат (од мајка на дете, од облека, хируршки ракавици).Еден од начините за превенција е примањето на ХПВ вакцината. Оваа вакцина не содржи...
Post Views: 1
Некои успешни, некои помалку успешни. Но колку навистина истите помагаат за развојот на оваа комплексна стопанска гранка треба сериозно да се дискутира. Неодамна Општина Охрид и Регионалната стопанската комора преку занаетчиството и туризмот, го претставија Охрид на ВИРОЕКСПО саемот во Хрватска.
Во последно време многу слушаме и гледаме за саемите. Дали сеуште саемот е единствено место каде контактите помеѓу оние кои нудат и оние кои бараат, може непосредно да се остваруваат? Сведоци сме на посети на наши делегации, организирани било на локално или централно ниво. По...
Post Views: 8
Најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња и првата жена од Балканот која го препливала каналот Ла Манш, Атина Бојаџи по нејзината смрт предизвика огромно внимание. Граѓаните, а воедно и советниците на политичките партии едногласни дека треба да и се оддаде почит.
Со смртта на нашата една и единствена Атина Бојаџи, се наметна прашањето на кој начин да и се оддаде почит. Мислењата се поделени, но сите се согласни дека треба на достоен начин да и се оддаде признание на првата жена од Балканот која го преплива Ла Манш. Граѓаните со свои размислувања....
Post Views: 7
Останавме без здравје, се жалат граѓаните на бучавоста која доаѓа од угостителските објекти во градот и во Пешатани. Од година во година бучавоста станува се посериозен проблем кој негативно се одразува врз здравјето на мештаните. Туристите пак кои престојуваат во стариот дел од градот и во околните туристички места се почесто бегаат од неподносливата бучава. Оние кои се занимаваат со приватно сместување резигнирано велат ,„останавме и без здравје и без пари“. За да се надмине проблемот со бучавоста, од пред три години е донесен и Закон за заштита од бучавост во...
Post Views: 11
Градбите на објектите по локална планска документација сеуште стопирани. Постапката за овие документации веќе втор месец замрзната од страна на уставниот суд. Оваа институција неодамна започна процедура за преиспитување на Законот за просторно планирање, со кој локални комисии, на барање на инвеститори, многу лесно добиваа маркици за зголемување на катноста на веќе постоечки објекти.
Портаролот на уставниот суд на Р Македонија Југослав Миленковски, во телефонскиот разговор, истана дека кај сите објекти, вклучувајќи ги и оние со комплетна документација на граѓани,...
Post Views: 13
И додека министерот го објави името на новиот директор на Фестивалот, подготовките околу неговата подготовка течат непречено, изјавува за ТВМ, неговиот музички селектор Гордана Јосифоска Неделкоска. „Предлог програмата е готова, сега чекаме од дирекцијата на Фестивалот на селекторите да им се даде буџет со кој ќе располагаме. Од буџетот зависи и со кои имиња ќе преговараме за настап на фетсивалот. Преговорите со големите музички имиња се долгорочен процес, тие не се добиваат од денес за утре“, вели Јосифоска. Инаку, Фестивалот Охридско лето е со долгогодишна традиција...
Post Views: 3
Стрезо Стаматоски верува во „хепиенд“. Еден е од актерите ентузијасти кои веруваа во создавањето на охридскиот театар. Своите студии ги завршил во Софија, Бугарија на престижниот „Љубен Гројз“ театарски колеџ, во класата на Енчо Халачов. На почетокот на постидпломските судии љубовта кон театарската игра и тоа во својот роден град го водат назад во Охрид. Според многумина тежок пат, според Стрезо, вистинскиот избор. Стаматоски се надева дека ќе биде дел од најавената априлска премиера.
„Навистина беше тешко да се убедат одредени луѓе, особено родителите, зошто одбираш...
Post Views: 0
По поплаките на граѓаните до нашата телевизија за оставените отворени шахти на магистралниот пат „Железничка“, надлежните на терен го санираат проблемот. Од ЈП „Нискоградба, велат дека има уште неколку шахти кои се оставени необезбедени, иако тие не се надлежни за санирање на шахтите, туку одговориле на повикот од изведувачот „Илинден“. Хусеин Ќато, раководител на секторот за одржување и изградба на канализација при ЈП Нискоградба, вели дека доцнењето на санацијата се должи на временските услови. Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет на барањата на граѓаните,...
Post Views: 8
Градот Охрид го доби свјот професионален театар. Денес во Охрид Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска ја соопшти веста дека Владата на РМ ја усвои информацијата доставена од страна на Министерството за култура, за формирање посебна организациона единица Театар во состав на Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“.
Со ова постојаната мрежа од 5 тетари кои успешно дејствуваат во состав на центрите за култура во Велес, Прилеп, Куманово, Штип и Струмица од денес ќе се надополнат со новиот потенцијал на Охридскиот театар и ќе бидат стимул и продуктивен импулс...