Градбите по ЛПД сеуште во мирување

Постапките за локални плански документации сеуште замрзнати. Неофицијално дознаваме дека уставниот суд конечната одлука по однос на планските документации ќе ја донесе за две недели.

 |  Татјана Маленкова  | 
zgradi
згради

Градбите на објектите по локална планска документација сеуште стопирани. Постапката за овие документации веќе втор месец замрзната од страна на уставниот суд. Оваа институција неодамна започна процедура за преиспитување на Законот за просторно планирање, со кој локални комисии, на барање на инвеститори, многу лесно добиваа маркици за зголемување на катноста на веќе постоечки објекти.  

Портаролот на уставниот суд на Р Македонија Југослав Миленковски, во телефонскиот разговор, истана дека кај сите објекти, вклучувајќи ги и оние со комплетна документација на граѓани, помината на совет, мора да ја почитуваат забраната на уставниот суд и градбите да ги остават во онаа фаза, во која што биле во моментот кога се донесе забраната од судот.

И раководителот на одделението за инспекциски надзор, поточно градежниот инспекторат, Танас Танасоски, истакана дека забраната на судот во Охрид начелно се почитува.  Тој додава дека општинскиот инспекторат ќе го причека решенито од уставниот суд, за да видат како треба да постапуваат.

За сите оние кои ја прекршиле одлуката на уставниот суд, следуваат санкции. Надлежностите за контролирање на мирувањето на инвеститорите за локалните градби, ги вршат нспекциските служби и тоа, државниот инспекторат за градбите на државно ниво и локалниот инспекторат за градбите на локално ниво.

Досега се издадени повеќе од 2000 дозволи за зголемена катност – најмногу во Скопје и во Охрид.  
За нецела година, во охридскиот градски совет беа изгласани дури 133 локални плански документации.

Неофицијално дознаваме дека уставниот суд конечната одлука по однос на планските документации ќе ја донесе за две недели.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top