Класична матура, без новини

Post Views: 6 Годинава нема матурска екскурзија за средношколците. Рим и Венеција можеби се посакувани, но не и реални дестинации за матурантите од охридската гимназија „Св Климент Охридски“. Матурските екскурзии не се едноставни за организација. Треба добро да се отворат очи кога се работи за било каква активност поврзана со матурите , вели првиот човек на охридската гимназија Наум Рилкоски. После немилите настани од минатогодишната екскурзија на средношколците во Прага, кога кај дел од нив беше пронајдена дроога со што во негативено светло се прикажа и градов и државава, мора да...

Continue reading

И лебот ќе стане луксуз за граѓаните

Post Views: 0 Векна леб, луксуз за најголемиот број граѓани во Македонија. По се изгледа со најавените нови поскапувања и овој основен прехрамбен продукт за многумина ќе стане недостижен. Граѓаните секојдневно се соочуваат со серија поскапувања, но најавата за зголемување на цената на лебот предизвика најжестоки реакции. Во ситуација кога платите остануваат закопани во место со години наназад, обичниот човек одвај врзува крај со крај. Кога на ова ќе се додадат и сметките за струја, вода, комунално, преживувањето на месецот за обичниот човек станува невозможна мисија. Локалните производители...

Continue reading

Македонија е лидер во регионот во спроведување на проекти на МОС

Post Views: 1 Претставници на шест општини Струга со Вевчани, Осломеј со Кичево и Старо Нагоричане со Куманово, дискутираа за можностите кои им ги нуди меѓуопштинската соработка. „ Овие шест општини во текот на следната недела ќе потпишат договори за спроведување на проекти кои ги изработија сами и кои се фокусирани на подобрување на меѓуопштинскиот дијалог, меѓу заедниците меѓу двете општини со друга тематика. Конкретно во Струга се работи на проект за подобрување на економскиот развој и туристичката понуда. Ќе се работи на разубавување на одредени локлации проект кој е во партнерство...

Continue reading

Недостиг на спортски објекти во Охрид

Post Views: 0 И оној мал број на деца кои го сакаат спортот, немаат каде да уживаат во него. Игралиштето кое се наоѓа зад ОУ Григор Прличев иако е едно од малкуте во градов, тоне во заборав. Спортот во нашиов град е ставен на маргините на опстојувањето. Во време кога нашата младина најголем дел од своето време го минува пред компјутер, ние се соочуваме со недостиг на спортски објекти. Дури и оние деца кои го сакаат спортот, поради тој недостиг, не можат да уживаат во него. Игралиштето кое се наоѓа зад ОУ Григор Прличев иако е едно од малкуте во градов, тоне во заборав. Од моментот...

Continue reading

Укинати одредби од Законот за градење

Post Views: 2 Ќе се гради, но како. Охридската јавност, од ден на ден во исчекување што ќе никне на неколкуте фиксирани простори во градов. Еден од поинтересните за нив е просторот кој се наоѓа  во непосредна близина на мучкото училиште.Ставот на Локалната самоуправа посебно за овој простор е јасен. Портпаролот на општина Охрид Симон Илиевски, рече дека во Локалната надлежните служби на барање на инвеститорот, имаат издадено извод од урбанистички план, односно од Локалната планска урбанистичка документација. За десетина дена точно ќе се знае на каков принцип ќе се гради. На денешната...

Continue reading

Удар врз демократијата

Post Views: 10 Портпаролот на ОО на СДСМ Иваноска Љупка, во име на својата политичка опција, денес се обрати пред охридската јавност, како загрижени за ниското ниво на демократија кое не го одбегнува ниту Охрид. Доволна е само една искра за да се разгорат партиските страсти. Охридските социјалдемократи денес одржаа прес односно брифинг разговор, како што самите потенцираа на актуелната тема – замолчување на медиумите. Тие наводно застанаа во одбрана на новинарската професија, притоа не испуштајќи да го повикаат дежурниот виновник за сите случувања во оваа свера, премиерот Никола...

Continue reading

Фекалии сеуште се вливаат во реката Сушица

Post Views: 0 Претседателот на МЗ истакнува дека и покрај тоа што надлежните знаат дека фекалиите од ул. Петрино се вливаат во Сушица, преку неа во Грашница па во Охридското езеро, сепак не превземаат ништо. „ Се трудам ова да се реши еднаш засекогаш. Од фабриката Застава на ул. Петрино поминува и канализациите се спроведени во тој канал ја пуштија водата овде но не можеше да ја прими од оправдани технички причини и затоа ја оставија на течи вака. Апелирам под итно да се превземат мерки ова да се санира“, истакна претседател на МЗ Радојца Новичиќ Перо Петрески Калимеро.   Петрески...

Continue reading

Osnoven sud Ohrid

Судењето на Шапкар одложено, по трет пат

Post Views: 17 Никако да се спојат коцките од мозаикот за разрешница на случајот со глисерската незгода. Повеќе од јасно е дека овој судски спор премногу се одолговлекува. После првиот претрес за глисерската незгода, која се случи на 22.08.2009 во водите на Охридското езеро,  во која животот го загуби Ирина Романова Муцински, следуваат три одлагања на главниот претрес и сите поради неприсуство на некој од главните носители на овој настан. Овој пат неприсуството на Емил Балабан, адвокатот на обвинетиот Христијан Шапкар, беше главна причина поради која се одложи рочиштето. Судијата...

Continue reading

Centar za socijalni raboti

84 домаќинства останаа без социјална парична помош

Post Views: 1 По завршувањето на годишната обнова на документацијата за добивање на социјална помош, во Охрид, 84 домакинства го изгубиле правото на ваква помош. Причината е  поради неподнесување на документи за обнова на истата документација, велат од центарот. Но, не само овие семејства, социјалната помош одредени корисници ја имаат изгубено и по друг основ. Во моментов се води судски спор со 52 корисници кои додека примале парична помош од државата, истовремено заработувале и од друго место. „ Како што вели Законот за социјална заштита, корисниците не пријавиле промена на матријалната...

Continue reading

idejni reshenija

Споменикот на Св. Наум е во завршна фаза

Post Views: 1 Охридската јавност шпекулира дека реализацијата на проектот доцни поради наводни проблеми со постапката за избор на најповолен изведувач, но Јоне Станкоски, претседателот на одборот за поставување на споменици ги отфрла овие шпекулации како невистинити. Станкоски потенцира дека иако желба и на самиот одбор била споменобележјето да се постави за зимен Св.Наум, поради реални причини, поставувањето ќе се одложи.Одборот за поставување на спомен одбележјето е составен од видни личности од градов и државава. Дел од него се претставници од локалната самоуправа од советот на...

Continue reading

puknatini

Kој ќе ги санира новите пукнатини на улицата Јане Сандански

Post Views: 9 Нови пукнатини и вдлабнатини на тротоарот и коловозот на улицата Јане Сандански. Дел од овој коловоз пред извесно време беше затворен заради безбедноста на учесниците во сообраќајот. На тој дел асфалтот е распукан, а на тротоарите се појавија вдлабнатини. Согласно договорот кој го има потпишано изведувачот на градежните работи, доколку се утврди дека е причина за овие проблеми се градежните зафати должен е да ги санира, вели Зоран Шикалоски советник за патишта во локалната самоуправа. Шикалоски признава дека вакви пукнатини има не само на овој дел туку по целата улица....

Continue reading

uzurpirani trotoari

Злоупотреба на тротоарите

Post Views: 5 Злоупотреба на тротоарите во градов има. Безбедносните зони за пешаци, посебно во делот на крајбрежната линија, узурпирани некаде во целост а некаде само на дел од нив. Охриѓани сметаат оти сопствениците на дел од угостителските објекти во овој дел од градот, си го гледаат само сопствениот интерес, не водејќи сметка за безбедноста на движењето на пешаците.Одобренија за поставување урбана опрема издаваат од Секторот за Урбанизам. Тихомир Дурнев, од тој сектор, вели дека секоја година согласно Законот за градба, се донесува програма за поставување на урбана опрема кој...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top