Sime

Експресен демант од Локалната

Post Views: 0 “Општата болница ,на чија огласна табла вчера осамна фотомонтажа на која раководството на СДСМ маршира во нацистички униформи,наместо вината за овој скандал да ја бара кај себе , ја обвини локалната самоуправа.“- Симон Илиески, портпарол на Локална самоуправа. „Далеку од здравиот разум е  некој да поверува дека  некој вработен од локалната самоуправа ,на огласната табла  што се наоѓа во административната зграда на општата болница на неколку чекори од директорскат канцеларија,незабележано да влезе  и да ја постави фотомонтажата. Со особена почит кон вработените кои ни...

Continue reading

slika

Кој ја постави контроверзната слика во Општа болница?

Post Views: 4 Контроверзната слика која вчера се најде на огласната табла во управната зграда на Општата болница на која раководството на СДСМ беше прикажано во нацистичка униформа, ги крена на нозе раководните лица на оваа установа. На денешната прес конференција тие целосно се оградија од поставувањето на сликата. Велат дека тоа е конструкција на СДСМ и Локалната самоуправа. „Постојаното омаловажување на вработените на Општа болница и менаџерскиот тим, од СДСМ и Локалната самоуправа само покажува до кое дереџе се дојдени како политичка структура.“-рече портпаролот на Општа болница-Д-р...

Continue reading

np Galicica

Кадровските аспираци го блокираа НП „Галичица“

Post Views: 2 Вработените во НП „Галичица“ се оставени три месеци без плата, по престанокот на манадатот  на двајца членови на Управниот одбор, алармира за состојбите во паркот, членот  на управниот одбор, Ванчо Костоски. Владата од месец ноември мината година усмено ги разреши  членовите. „Одлуката на Владата за суспензија на членовите на УО сеуште ја нема во службен весник и нема нови назначувања“, укажува Костоски. Таквата ситуација се одразува во работењето бидејќи не е донесен буџетот на установата и нема одлуки за работата од страна Управниот одбор. Со ваквиот несериозен однос...

Continue reading

sudenje

Судењето за убиството на Новаковиќ се пресели во Прилеп

Post Views: 0 Судскиот процес за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ е префрлен во Основниот суд во Прилеп. Оваа одлука ја донесе Апелацискиот суд во Битола. Охридскиот суд писмено го известил повисокиот суд во Битола дека сите судии-кривичари од Охрид поради нивен претходен ангажман во истражната постапка по случајот, како и поради презафатеност, не можат да го водат процесот. Претседателот на Основниот суд во Охрид, Владо Дејановски, во понеделникот донесе одлука за изземање на кривичниот совет и судијката Милка Танеска од предметот поради пропусти во постапката. Изземањето...

Continue reading

biblioteka

Охридската библиотека, во друштво со европските

Post Views: 3 Нашата градска библиотека „Григор Прличев“, ќе биде дел од еден многу интересен библотекарски проект, неодамна промовиран на маргините на карневалот „Курентовање“  во Птуј, Словенија. Директорот на градската библиотека, Тоде Илиевски информира дека идејата на проектот е библиотеки од Балканот и Европа, заеднички да ги презентираат највредните печатени дела на кои самите се чувари. „Моја беше идејата да направиме книга со најзначајните ракописни книги, печатени што ги поседуваат овие седум библиотеки. Ќе биде издадена да се знае за што се работи“, вели Илиевски. Трудовите...

Continue reading

opshtina

Дивоградбите дочекаа легализација

Post Views: 6 Ќе се легализираат бесправно изградените објекти. Во наредните 6 месеци отпочнува трката за легализација на дивоградбите. Стапи на сила фамозниот закон. Конечно граѓаните за 1 евро по метар квадратен, ќе можат да ги легализираат своите бесправно изградени објекти. За имплементација на овој закон, вчера во општина Охрид, заменик Министерот за Транспорт и врски, Горан Михајловски, со претставник од катастар, одржа трибина со охриѓани. Мештаните на Охрид поставија интересни прашања во врска со овој закон,  секако, секој за својот проблем. Но одговорите на државните претставници...

Continue reading

mirjana lozanoska

Се подготвува студија за колекторски ситем на шест општини

Post Views: 1 Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе го решава проблемот со отпадните води во шест општини. Студијата за проектот е веќе готова, во моментов се преведува на англиски јазик, бидејќи се подготвува документацијата за реализација на проектот преку компомента на ИПА регионален развој. Вредноста на инветицијата е 20 милиони евра. Општините Вранешница, Пласница, Осломеј, Кичево, Другово и Зајас, ќе добијат колекторски систем и две прочитителни станици. Физибилити студијата за проектот е веќе готова, а во моментов истата се преведува на англиски јазик  и подготвува...

Continue reading

ucenici

Училишни униформи, да или не?

Post Views: 13 Училишни униформи за децата од основното училиште „Григор Прличев“. Овој муабет се слуша низ целиот град. Некои родители со жестоки реакции за предлогот. Како што кажува и името, ова засега е само предлог, кој според директорот на ова училиште, Сашо Ставрески сеуште не е целосно разработен и треба и понатаму да се разгледува. По овој предлог се состанал и советот на родители од ова училиште. „На тој состанок на совет на родители беше донесена одлука за да се формира комисија што ќе работи на овој предлог. Комисијата беше формирана од членови на советот на родители....

Continue reading

kelner

Бланко договорите и вработувањата на црно во туризмот, реалност

Post Views: 3 Приватните агенции за привремено вработување, против работењето на црно. На прашање за тоа колку од агенцијата се запознаени со појавата на потпишување бланко договори во туризмот, Директорот на агенцијата за привремени вработувања,„Партнер“, Раде Ненадиќ вели дека со овие појави, од агенцијата се среќаваат низ целата земја, не само во Охрид и не само во сферата на туризмот. Но како стопанска гранка која е карактеристична за ова подрачје, во туризмот се и најголемите вработувања на црно. Не е логично хотел кој работи сезонски, преку целата година да држи персонал потребен...

Continue reading

drvored

Две Комисии ќе проценуваат за сеча на дрвјата

Post Views: 2 Од Правната служба на локалната самоуправа информираат дека  Дисциплинската постапка против Радован Велјаноски, службеникот кој самоволно одлучи  да се исечат 6-те дрвја  на улица Партизанска е во тек. Согласно одредбите од Правилникот за начин на водење постапка за дисциплински престап  постапката ќе биде завршена во законскиот рок,а епилогот од истата ќе се знае многу наскоро, кусо за ТВМ изјави секретарот на Локалната самоуправа Димитрија Вревезоски. Со оглед на поволниот период за режење на дрвјата  Комисијата за проценка работи непречено, но во друг состав. Од...

Continue reading

zgradi

Со или без ЛУП….

Post Views: 6 Ниеден инвеститор повеќе нема да може да гради врз основа на локална урбанистичка планска документација. Вака неодамна пресече уставниот суд, по што укина 4 члена од Законот за просторно и урбанистичко уредување, кој се однесуваа на уредување на просторот. Причина за ваквата одлука беше оценката на Уставниот суд дека постои паралелен систем на урбанистичко планирање или два различни системи на планирање. Притоа, со овие државни и локални урбанистички и плански документи се излегува во пресрет на едни граѓани без да се информираат и вклучат и други граѓани што е предвидено...

Continue reading

parola

Ловџиите од Л.Д. „Дримкол“ Лабуништа, повторно на протести

Post Views: 28 Лабунишките ловџии повторно на протестен митинг. Овој пат, околу стотина претставници и симпатизери на Ловното друштво „Дримкол“ од Лабуништа, речиси три часа го блокираа соопраќајот на Главната раскрсница Струга-Дебар-Ќафасан. Причина за протестниот митинг,  велат од друштвото, е одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ја додели коцесијата на ловно друштво од Вевчани, старо малку повеќе од една година. „Станува збор за друштво кое е формирано во 1932 –т а година. Иако во 200-та ни беше одземено правото да стопанисуваме со ловиштата,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top