Post Views: 1
А.Д. МЕПСО и Албанскиот електропреносен систем оператор OST денес склучија Меморандум за разбирање, со што ги започнуваат подготвителните работи за изградба на нов 400 kV далновод меѓу Република Македонија и Република Албанија на коридорот Битола-Елбасан.
Првиот билатерален договор во историјата на електропреносните систем оператори на двете држави го потпишаа Дејан Бошковски, генералниот директор на АД МЕПСО и Сокол Рамадани, генералниот директор на OST, денеска во Охрид.
„Со меморандумот за разбирање двете страни ќе ги остварат меѓусебните права и обврски, заедно...
Post Views: 0
„Панкот не е мртов“ конечно ја здогледа светлината на денот. Иако се соочуваше со повеќе проблеми од самиот почеток, филмот сепак успешно завршен. Снимањето траеше седум недели, главно на локации во Скопје, но и во Куманово, Дебар и Дебарско Езеро. Се работи за Панк филм и објаснување на некои дејствија кои ни претставуваат една поинаква Македонија. Во филмот учествува и навивачката група Комити Скопје. Овој филм премиера ќе доживее и во Охрид.
„На 15ти Април во Центарот на култура ќе се одржи премиерата на македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“. Филмот припаѓа...
Post Views: 2
Локалната веднаш излезе со реакција во медиумите во врска со пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, која ја пренесуваме во целост:
„Изградбата на Здраствениот дом во Охрид е прашање од интерес на граѓаните ,а не дежурна тема на ОК на ВМРО- ДПМНЕ за полемика со локалната самоуправа.Недолични се обвинувањата дека виновник за доцнењето со изградбата на овој важен здраствен објект е локалната самоуправа зошто речиси 5 години не е доставена потребната документација.
Сметаме за потребно уште еднаш да и предочиме на загрижената охридска јавност дека со ваквите неосновани напади ОК...
Post Views: 26
На површина испливаа лагите и манипулациите на СДСМ и актуелниот градоначалник Александар Петрески, околу најновите случувања за издавање на дозвола за изградба на Здравствен дом во Охрид, обвини првиот човек на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ во низата обвинувања на адреса на спротивниот полчитички блок рече дека градоначалникот нема ниту страм ниту одговорност кон сопствените граѓани а најмалку за иднината на здравството во Охрид. Според него постапката на менаџментот на здравствениот дом е исправна, во врска нивните побарувања...
Post Views: 25
Најдолгата скулптура јагулата, во нашата земја и во светот, конечно ќе биде изложена на соодветен простор. Јагулата ќе биде лоцирана на почетокот од шетачката патека кај Горица, на просторот околу плажата Куба Либре. Скулптурата ќе биде изложена како туристичка атракција најдоцна до почетокот од мај. Уметникот кој ја изработи јагулата Сергеј Цингулоски задоволно вели дека конечно најдоа заеднички јазик со Локалната самоуправа.
Деновиве од секторот за урбанизам ќе започнат со постапката за издавање дозвола за партерно уредување на просторот. Сопствениците на Куба...
Post Views: 0
Охриѓани се почесто другаруваат со книгата. Иако најчесто се жалат на недостиг од време, сепак читателската публика расте. Почнувајќи од денес па до недела читателите ќе имаат можност да се сретнат со книгата на 23-тото меѓународно издание на Саемот на книга кој се одржува во Скопје. Мотото на овој саем е „Подари книга, подари богатство“.
За среќа поминува времето кога се чекаа вакви настани за да се купи омилената книга. Се повеќе луѓе одат по книжари, купуваат книги, се посетуваат библиотеки. Сепак брзото живеење и борбата за заработка оставаат се помалку време за...
Post Views: 1
Онаму каде што има чад, навистина имало и оган. Вистинити испаднаа шпекулациите кои последниве три месеци се слушаа во охридската јавност за тогаш наводната, а од денес веќе и официјална смена на Директорот на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчевски.
Можеби Трпчевски нема да се најде на листата кандидати за пратеници, како што во последно време се шпекулираше, но според градоначалникот Петрески кој го назначува директорот на ова јавно претпријатие, политиката и претстстојните парламентарни избори се причина за смената во врвот на Проаква. Трпчески и неговиот нов политички...
Post Views: 7
За нешто повеќе од два месеци и општина Охрид ќе добие дел од колачот наречен, неизградено градежно земјиште. Сеуште државното градежно земјиште останува најпосакуваниот извор за финансирање на локалните самоуправи. Речиси никој од градоначалниците, без оглед на тоа на која политичка опција припаѓаат, никогаш не се откажаа од барањата за целосно владеење и управување со него. Ако градоначалникот на соседна Струга, Рамиз Мерко вешто одбегна да посочи кои поатрактивни локации ќе ги добие назад од државата, Александар Петрески пак, Градоначалникот на Охрид информира,...
Post Views: 5
Се отфрлаат обвинувањата од директорот на Здравствен дом, д-р Митко Дабески, упатени до секторот за урбанизам и просторно планирање, дека тие ќе бидат виновни за пропаѓање на проектот за изградба на современ објект. Раководителот на секторот, Бранко Арнаудов демантира дека тие ја опструираат неговата изградба. Токму ние ги информиравме за законските измени и можноста да покренат иницијатива за изградба на современ објект, вели Арнаудов. Тој објаснува дека во приложената документација со која ЈЗУ Здрваствен дом “ бара одобрение за градба, спорна е сопственоста...
Post Views: 1
Македонија е далеку од Јапонија па, останавме безбедни од катастрофалните потреси кои се случуваат во оваа пацифичка земја. Сепак, овие земјотреси предизвикаа некаква реакција и кај македонските граѓани. Осигурителните компании во земјава забрзано почнаа да склучуваат полиси за осигурување на недвижен имот, со дополнително осигурување на ризикот-земјотрес. Осигурувањето од земјотрес не спаѓа во задолжителните видови на осигурувања, но после неодамнешните природни катастрофи, се повеќе клиенти се заинтересирани за него.
„Доколку се јави некој штетен настан, луѓето пројавуваат...
Post Views: 4
Европската иднина на вашата земја е цврста и затоа вратите на унијата за вашата земја се целосно отворени порача од Охрид, претседателот на Европската Комисиjа , Жозе Мануел Баросо.Тој по средбите со Премиерот Никола Груевски и Претседателот Ѓорѓе Иванов ја пофали Македонија за успешно спроведените реформи во сите области.
На македонските власти Баросо им препорача да продолжат со реформите за Македонија да не застане во пристапниот процес кон Унијата. Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европската Комисиjа, истакна „ треба да постои консензус за сите стартешки...
Post Views: 1
Законот за Охрид секако беше еден од најдолго очекуваните закони и од јавноста и од експертите. На 6ти овој месец тој конечно ја виде светлината на денот. Иако насловот старо градско јадро асоцира на Охридското кале, сепак тоа е само дел од целината. Всушност со Законот за Охрид опфатена е скоро целата територија на градот. Од Владата, амбициозни и сигурни во корисноста на овој закон.
„Очекуваме дека законов ќе стави крај на урбаното дивеење и урбаната мафија во Охрид. Како главен носител на оваа активност била и останува општината и советот така што очекуваме дека...