gosti

Велигден го донесе целиот Балкан во Охрид

Post Views: 6 Ако по утрото, денот се познава, летово не чека туристичка сезона како во старите добри времиња, кога ни доаѓаа и по стотина илјади туристи. Хотелските капацитети исполнети до максимум. Во структура на гости во која доминираат нашите соседи безразлика православни или католици, сите го посетија Охрид и тука го прославуваат Велигден. „Балканскиот Ерусалим“ нарекуван од многумина, Охрид во моментов работи максимално. Од хотели, ресторани, кафетерии, туристите уште од раните утрински часови поседнати по кафулињата го пијат првото кафе крај охридската ривиера. Хотелиерите...

Continue reading

muzej na voda

Мина времето на магаре туризам , доаѓа ерата на културниот туризам

Post Views: 5 Македонија, за жал ни по 20 години самостојност нема изградено старатегија  за развој на туризмот.. Сопственикот на хотелот Славија Спектар , Зоре Темелкоски, со своите визии за развој на туризмот вели последен момент е кога треба конечно да се изработи  стратегија на национално ниво. Темелкоски препорачува во нејзината изработка да се  вклучат Факлутетот за туризам, Факултетот за економија и стопанствениците, а не поединци кои ќе се промовираат себе си  дека се експерти. Таа треба да биде промовирана како генерална стртегија во светот,  од неа да нема отстапувања туку...

Continue reading

Ekonomsko

Дали “економско“ ќе се дели од гимназијата “Св. Климент Охридски “

Post Views: 4 Иницијативата на Локалната самоуправа за одделување на економскиот смер од охридската гимназија. Оваа иницијатива уште пред една година беше усвоена од советниците, сега за реализирање на истата се чека само одобрение од Минисетрството за образование. „Економското училиште одамна требаше да биде посебен правен субјект. Со тоа учениците и со завршено средно училиште би биле спремни како кадар“, вели градоначалникот Александар Петрески и додава: „ Ние ги имаме донесено сите потребни одлуки на седниците на Советот на Општина Охрид и сега чекаме на согласност од Министерството...

Continue reading

ezero

Итно потребна ревизија на старите договори

Post Views: 6 Потребно е ревидирање на старите догвори во полето на управување со водите помеѓу Македонија и Албанија. Станува збор за стари правни рамки, потпишани во други времиња, под други услови, различни од сегашните. И двете страни истакнаа дека посебно внимание треба да се посвети на  заштитата на Охридското Езеро како и заштитата на загрозените ендемски видови пастрмка и белвица. Итно е потребна ревизија на договорите за заштита на водите помеѓу Албанија и Македонија. Албанскиот Министер за животна средина Фатмир Медиу, истакна дека потребно е да се ревидира билатералниот...

Continue reading

obicai

Велигден, некогаш и сега

Post Views: 3 Православните христијани се во исчекување на празникот над празниците, Велигден. Верските празнувања поврзани со Велигден не се забораваат, но за жал исчезнуваат некои поранешни обичаи и празнувања. Пред празнувањето на најголемиот христијански празник Велигден во минатото со голема радост се празнувале повеќе верски празници. Меѓу нив е  Лазарева сабота кој секогаш се слави на една недела пред Велигден. Во  календарот на православната црква овој празник  се поврзува со воскреснувањето на Лазар. Исто така, овој ден се поврзува со периодот на премин од детството кон...

Continue reading

humanitarna pomosh

Стигна помош за Митреви

Post Views: 1 Велигденски празници со полна трпеза. Со солзи радосници фамилијата Митреви ја дочека хуманитерната помош на охридската компанија Гир Риг. За ова семејство, ТВМ сериозно се нафати, прикажувајќи ја нивната слика на живот во неколку наврати, со цел да ги поттикне сите хумани луѓе во Охрид, да бидат дел од обезбедувањето на подобро утре на едно 5 члено семејство, кое со сите сили се бори со тешкиот и сиромашен живот. Претседателот на Црвениот Крст, Сашо Точков, вели добро е сите кои се во можност да го следат овој пример, како би се подигнала општествената одговорност,...

Continue reading

Lavrov i Gruevski

Рускиот гас од Јужен поток сепак ќе потече и низ Македонија

Post Views: 3 Македонија нема да биде тринаесетто прасе во проектот „Јужен поток“. Ваква потврда на премиерот Груевски му даде и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на неодамнешната посета во нашиот град. Соработката меѓу двете земји уште повеќе ќе се интензивирала посебно во делот на енергетиката и економијата. Интензивна соработка беше најавена на неодамнешната средба помеѓу премиерот Груевски и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. На средбата, најголемо внимание било посветено на економските прашања, со посебен акцент на темите од енергетиката....

Continue reading

jagneshko

„Солено“ јагнешкото ама и зеленчукот

Post Views: 1 Јагнешкото месо кое традиционално го има на трпезите за Велигденските празници достигна фантастични 420 денари за килограм. Неговата малопродажна цена од ден на ден се зголемува, а само пред една недела можеше да се набави по цена од  360 до 380 денари. На пазарот покрај јагнешкото месо се продаваат бели и црни дробчиња по цена од 170 денари, јагнешки глави за 60 денари, а шкембето се продава по 120 денри. На пазарот се чувствува  недостиг од јагнешко, а побарувачката од страна на граѓаните расне,  нагласуваат трговците. Високата цена на јагнешкото месо  трговците ја...

Continue reading

den na deteto

Денот на детето

Post Views: 2 Денес во Турција се одбележува 23 април, денот на националниот суверенитет и празникот на детето. Кон прославата на празникот на детето, кој масовно се слави во Турција, денес се приклучи и О.У. „Братство Единство“. Тие во дворот на училиштето низ игра и песна, покажаа чест кон Мустафа Кемал Ататурк, човекот кој овој ден го поклонил на детето. Проф. Ајсеј Доко, рече дека Ататурк оставил јака порака во чест на денот на детето. „Го подарувам овој ден на децата бидејќи денешниве деца се наша иднина“. Таа додаде дека овој празник се слави насекаде во светот каде што има...

Continue reading

Den na planeta Zemja

Да ја зачуваме планетата Земја

Post Views: 1 Американскиот сенатор Гејлорд Нелсон, далечната 1970 година организираше протест кој беше насочен кон подигнување на свеста за загадувањето на воздухот и водата. На 22 Април, повеќе од 20 милиони Американци излегоа на неговиот протест, и на она што денес сите го знаеме како Ден на планетата Земја. Обединетите нации овој ден го слават под името Светски ден за заштита на животната средина. Слоганот на овогодинешниот Ден на планетата Земја е „Милијарда зелени дела“ кој ја потенцира потребата од активно вклучување на секој поединец во глобалната акција за спасување на нашата...

Continue reading

Veligdenski jajca

Денес се слави Велики четврток

Post Views: 5 Првиот ден или почетокот на Велигден најголемиот празник за православната црква и религија. Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ Бог тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија и Исусовата. Со други зборови, на Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата. Денот започна со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение. А заврши со предавството на Богочовекот Исус Христос на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда Искариот,...

Continue reading

Saem na ucilisni kompanii

Отворен саем на училишни компании

Post Views: 9 Се отвори саемот на училишни компании (Охрид 2011). На него се претставија 8 виртуелни компании со сосема различна дејност. На денешната свеченост  учениците од Економското училиште  од Охрид,  имаа можност да ги презентираат вештините, искуствата и достигнувањата стекнати во текот на образовниот процес. Организаторите на проектот повеќе од задоволни од идејата, подготвеноста и реализацијата на замислените компании од страна на средношколците. „ Интензивно се подготвувавме за саемот на училишни компании. Она што требаше да го работиме во текот на целата година, ние...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top