konferencija

Охрид домаќин на 12-тата годишна конференција на македоската берза

Post Views: 6 Сегашноста и иднината на македонскиот пазар на капитал, можностите и активностите што треба да го преземат македонските институционални инвеститори за раздвижување на пазарот, како и новините во Законот за трговски друштва што се однесуваат на одржувањето и свикувањето на акционерските собранија се дел од темите на кои ќе расправаат сто и дваесетте финансиски експерти и берзански работници во рамките на 12 тата годишна конференција на македонската берза. „Народната банка на Р Македонија веќе 16 години усешно ја одржува ценовната стабилност во македонскта економија преку...

Continue reading

zvono

Камбанаријата во Перивлепта раскажува за Пупин

Post Views: 10 Звукот на ѕвоното од камбанаријата од дворот на црквата Св.  Богородица Перивлепта се разлева силно и надалеку. Со радосниот одек се разлева споменот за Св. Климент, но и сеќавањето на Михајло Пупин, донаторот на камбанаријата. По  неговото второ доаѓање во Кралска Југославија, а од контактите во 1921 година со тогашниот Охридски епископ, д-р Николај Велимировиќ, се родила идејата од неговиот фонд  да се изгради камбанарија во  дворот на тогашната црква Св. Климент.  Во тоа време Охрид, лулката на христијанството на Балканот, немал камбанарија, истакнува Проф.Митрески. ...

Continue reading

tv ekipa

Убавините на Охрид и Македонија на Руската национална телевизија

Post Views: 5 Руската Национална телевизија снима документарни филмови за Македонија и Охрид. Екипата во моментов ги прави завршните снимања. Филмовите ќе се емитуваат на специјализираниот канал за патувања кој го носи името на проектот „Моја планета“, открива авторот и водител на филмовите Екатерина Бурлакова. Авторката на филмовите со воодушевување зборува за местата кои ги снимиле и кои ќе бидат презентирани во филмовите. „ Мислам дека гледачите ќе можат да го видат филмот во средината на месец јули и предпоставувам дека ќе го видат веднаш на три канали од големата фамилија на...

Continue reading

Den na policija

Одбележан денот на полицијата

Post Views: 17 СВР Охрид, денот на полицијата или денот на безбедноста го одбележа со низа активности. На кејот Маршал Тито беа поставени четири информативни пунктови каде посетителите се информираа за активностите на велосипедската единица, граничната, езерската и сообраќајната полиција. „Подготвивме повеќе пунктови на кои што ги едуцираме за активностите и мерките што полицијата ги има како свои надлежности во работењето. Акцент ставивме на превентивното работење на полицијата бидејќи тоа е начин на работа кој го преферираме во делот на информирањето и намалувањето на општата стапка...

Continue reading

Неверојатно реален натпревар во укажување прва помош

Post Views: 0 Натпревар со реални ситуации кои се случуваа на 7 пункта низ градов, вака помина четириесеттото издание на натпреварот во прва помош кој го организираше Црвениот крст од Охрид. Пунктови за реанимација, комбинирани повреди, наркомански дувла и пункт за дисеминација и едукација. Низ овие ситуации мораа да поминат сите екипи, а притоа да се прикажат во најдобро светло. Вистински сценарија, одлично симулирани повреди, разработени до најситниот детал. Ова е дел од натпреварот по прва помош кој воодушеви со својот реализам. Во соработка со актерите од драмското студио од...

Continue reading

Holangani

Холанѓаните повторно во Охрид

Post Views: 22 Денес на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, слета првиот авион со холандски туристи. Тие беа пречекани на традиционален македонски начин – со погача, македонска музика и благо, што предизвика позитивни првични впечатоци. Некои од гостите слушнале за Охридското Езеро, а се по прв пат во Охрид, но има и такви кои за нашиот град дознале од интернет порталите во Холандија. Вицепремиерот по економија, Антонио Пешески, задоволен од реализацијата на најавените планови на Владата на Р. Макеоднија. За него, доаѓањето на првите холандски туристи, значи почеток на туристичката...

Continue reading

Gradski park

Ќе скокаме легално или нелегално?

Post Views: 6 Легален или нелегален статусот на детските реквизити за банџи скокови, кои пред помалку од еден месец никнаа во градскиот парк? Неодамна, првиот човек на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, Танас Танасоски, кажа дека сопственикот на ова парче урбана опрема, поседува валиден важечки договор, па со тоа нема простор за нивно делување. Станува збор за договоро за закуп на простор, кој во 2007-та година лицето Трајанчо Митрески го има склучено со Општина Охрид, договор кој истекува во 2012 година. Танасоски појасни дека ваквите договори се издаваат со амин...

Continue reading

VMRO-DPMNE

На листата за пратеници, тројца охриѓани кандидати на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 9 Синоќа нешто пред полноќ, ВМРО-ДПМНЕ ја достави кандидатската листа за пратеници до ДИК. На неа се најдоја имињата на тројца кандидати на оваа партија од Охрид. На листата се најдоа пратениците од претходниот мандат и тоа Александар Николовски, на високото четврто место и Анита Кипаризовска-Крстевска на тринаесетото место. За некои изненадување, но за добрите познавачи на вантерепартиските случувања во охридската ВМРО-ДПМНЕ, очекуван потег беше на кандидатската листа, да се најде името на Д-р Хари Шокаровски. На листата за пратеници струшкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ...

Continue reading

konferencija Evroaziski berzi

Млади берзи кои може да привлечат инвестиции

Post Views: 7 Македонската берза домаќин на Извршниот и Работниот комитет на Федерацијата на Евроазиски берзи (ФЕАС). Иако берзите од регионов се млади, а  некои од нив постојат само 10-15 години, сепак со добра бизнис клима и законска регулатива која ќе се почитува, можат да привлечат инвестиции, велат беразнските експерти, кои учествуваа на Извршниот и Работниот комитет на Федерацијата на Евроазиски берзи (ФЕАС). Директорот на Македоснката Берза, Иван Штериев, посочи дека ваквата соработка е можност да се споделат знаења и информации и да се исцрпат сите нови идеи, кои може да...

Continue reading

katastar

Достапни сите податоци од Kатастарот на недвижности

Post Views: 12 Агенцијата за катастар на недвижности го олеснува пристапот до информации со воведување на 2D и 3D  функционалности, на целата територија на Македонија. Со географскиот информационен систем, се добива можност да се пребарува во графичката база на податоци, по број на парцела, или преку податоците да се дојде до  бројот на парцелата и бројот на имотниот лист. Со користење на услугата на порталот, се добива можност, заинтересираните да имаат пристап до сите податоци, вели Сања Волканова Златаноска, стручен соработник  во Агенцијата за катастар на недвижности. „Со ова...

Continue reading

VMRO-DPMNE

„Глумење единство не може да го покрие расколот во СДСМ“

Post Views: 5 По пресот на ОО на СДСМ, реакција од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Во неа стои: Го потсетуваме шефот на изборниот штаб на СДСМ Петрески, катастрофалниот избор и казната што ја доби од сопствената партија да не ја префрла на други, затоа што СДСМ ќе има квалитетни пратеници на листата како што се: Фијат Цаноски, Митре Вељаноски и Ердоган Сарач. Тие се вистинската слика на СДСМ. Никакво глумење на единство пред медиумите не може да го покрие расколот на СДСМ во Охрид и насекаде низ Македонија, заради роднините на листите. За тоа колку бил успешен Александар Петрески доволно говори...

Continue reading

pres SDSM

Сите митинзи на полигон

Post Views: 1 „Градскиот полигон е идеалната локација за одржување на предизборните промотивни активности“ велат од Општинскиот изборен штаб на СДСМ од Охрид. Претседателот Александар Петрески потенцира дека целта за ваквата одлука е заштитата на градскиот плоштад пред самиот почеток на туристичката сезона. Локацијата за предизборните промотивни активности, тема на денешната прес конференција на Општинскиот изборен штаб на СДСМ од Охрид. Претседателот Александар Петрески во функција на Градоначалник, информира дека и покрај негодувањето на некои политички субјекти одлуката стои....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top