Post Views: 4
Земјите од регионот имаат идентична визија за иднината. А тоа е што е можно побрз влез во големото Европското семејство и НАТО интеграциите. Ова беше заедничкиот став на учесниците на денешната Трета регионална средба на претседателите од земјите во регионот. Што се однесува до решавањето на емотивните билатерални прашања помеѓу земјите од регионот, како примерот со спорот за името помеѓу Македонија и Грција, Македонскиот претседател истакна дека решавањето на овие комликувани билатерални спорови треба да биде оставено настрана.
„Билатералните прашања, не смеат да бидат...
Post Views: 2
Со мултимедијалниот спектакл „Трилогија Романа“ од Оторино Респиги, најавуван како вистински спектакл без ниту еден актер на сцена, со невидени светлечки ефекти и сценографија пропратени со музиката која ќе ја изведува оркестарот на Македонската филхармонија утревечер ќе се отвори 51 издание на фестивалот „Охридско лето“. „Ако за некоја институција може да се каже дека е прозорец на сцетот и прозорец кон светот тогаш тоа е фестивалот Охридско лето. Годинава за фестивалот подготвивме нови програмски изненадувања достојни за реномето на охридско лето. Концепот на годинешниов...
Post Views: 2
Мајкл Рид кој со своите 33 препливувања на Ламанш, со право го носи прекарот „Кралот на Ламанш“, вчера го преплива Охридското Езеро. Девет часа му беа потребни да ја преплива 30 километарската патека „Климе Савин“ од Св. Наум до градското пристаниште во Охрид. Тој е маратонецот кој каналот Ла Манш само за една година го препливал 6 пати и тоа во далечната1979 година, рекорд кој сеуште никој од мажите не го соборил. Овој искусен маратонец, задоволен од условите и организацијата на самиот настан.
„Пливањето беше прекрасно, условите беа апсолутно совршени. Имав неверојатни...
Post Views: 2
Религиските теми и начинот на нивно медиумско презентирање често нудат многу контроверзии. Причината за ваквата состојба лесно може да се пронајде во недостигот на комуникација помеѓу религиозните групи и медиумите. Токму во насока на подобрување на соработката на овие два субјекти е и дводневната работилница од проектот „Толеранција, дијалог, соработка“ која се одржа во Охрид.
Религијата е чувствителна тема и за оние кои ја практикуваат и за оние кои известуваат за неа. За да се избегнат грешките кои многу лесно можат да се направат, нивото на соработка помеѓу религиозните...
Post Views: 1
Охридските гимназијалци и економисти покажаа високо ниво на знаење и успех на матурскиот испит. Според првичните неофицијални податоци, од 364 пријавени ученици нема нити еден ученик кој паднал и не ја положил државната матура, вели директорот на Општинското средно училиште Св.Климент Охридски, Наум Рилкоски. „Презадоволен сум од првичните неофицијални резултати кои се добиени од моите колеги и учениците по елетронски пат. За разлика од претходните 2-3 години оваа генерација ќе биде многу подобра од претходните во однос на постигнатите резулатати“, појаснува директорот.
Со...
Post Views: 9
Со цел безбедно и непречено одвивање на планираните средби и програмските активности во рамки на Регионалната средба на претседателите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово што денеска и утре се одржува во Охрид, Секторот за внатрешни работи – Охрид презеде серија оперативно-тактички мерки.
Мерките на охридската полиција првенствено се однесуваат на физичко обезбедување на објектите и просторот за време на посетата на претседателите и нивните делегаци, но и привремено ограничување на движењето на моторни и друг вид на возила со физичко регулирање на сообраќајот,...
Post Views: 0
Уште еден фолклорен фестивал. По 6 ти пат од 20 до 24 јули на градскиот плоштад ќе се одржи фестивалот народни песни и игри Александар Македонски.
На овој фестивал ќе учествуваат преку 600 учесници од Русија, Украина, Кипар, Словачка… и за прв пат годинава на дел од него ќе бидат и групи од Израел.
„Оваа година на фестивалот ќе напстапат 37 групи од различни држави , Кипар, Израел, сите балкански земји. Фестивалот на градскит плоштад. отворањето е на 21 јули отворање“, вели директорот на фестивал „Александар Македонски“, Миленко Андрески.
Фестивалот како целина...
Post Views: 10
Културен туризам без граници. Можеби сеуште звучи недостижно, но ова е темата на која се дискутираше на денешната средба помеѓу нашиот Факултет за туризам и угостителство и Економскиот факултет од Благоевград-Бугарија. Крајната цел-промовирање на целокупното балканско наследство како еден глобален туристички производ карактеристичен за регионов.
Културните рути не познаваат физички и државни граници, тие се движат по линијата на културното наследство. Балканскиот регион изобилува со културно богатство од најразлични периоди, а тоа е богатство со неверојатни сличности...
Post Views: 6
Од самиот старт на почетокот на летото можеме да очекуваме успешна туристичка сезона доколку се следи максимата „Ако по утрото се познава денот“. Хотелиерите и туристичките работници се задоволни од посетеноста на странските гости и стартот на туристичката сезона, нагласува Зоран Стрезоски директор на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот.
Засега со празни кревети останаа приватните станоиздавачи кои претежно се најмуваат од гости кои се на транзит во Охрид на ден – два. Но, со подобрување на временските услови од викендов се очекува и станоиздавачите...
Post Views: 8
Прес контењери, спас од црните точки за комунален смет. Вакви контењери поставени се на проблематичните места во градов, кои на ЈП „Охридски Комуналец“, му создаваа големи проблеми. На ваквите локации досега невозможен беше пристап на нашите камиони за подигање на контењерите, вели Сашо Алче, директорот претпријатието. Додава дека поради тоа се одлучиле да го изменат начинот за управување со комунален отпад, така што тие места ги нарекле зелени острови и поставиле прес контењери.
Со цел граѓаните во тој дел на градот да бидат подобро и попрецизно информирани изготвени...
Post Views: 4
И покрај известувањето и предупредувањата упатени од страна на Оптинскиот инспекторат од Охрид, до сопствениците на пловните објекти, да ги отстранат своите пловила, овој дел од крајбрежјето неупотреблив за рекреативците.
Една од ретките градски плажи во стариот дел на Охрид каде што граѓаните бесплатно можат да уживаат во сонцето и водата, онаа на Сараиште, останува неупотреблива за туристите. Пловните објекти кои речиси преку целата година се оставаат на овој простор и покрај извествувањето од Општинскиот инспекторат за нивно отстранување, сеуште се тука.
Три дена...
Post Views: 3
Академик, д-р Блаже Ристовски со указ на претседател на руската федерација Дмитар Медведев е одликуван со највисоката руска државна награда „Пушкин“. Наградата му ја врачи рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шербеченко пред голем број посетители на 44-то издание на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Ова високо државно одликување се доделува на руски и на странски државјани кои дале особен придонес во уметноста, науката, литературата, образованието и културното наследство. Меѓу истакнатите личности кои ја добиле оваа награда е македонскиот...