cajnice

На денешен ден во 1922 тргна првото вовче кон Охрид

Post Views: 0 Во 1922 година, на денешен датум, била пуштена во употреба пругата од Ханриево (денешно Ѓорче Петров), преку Падовина (Жеровјане), Групчин, Охридски ниви до Охрид и до струшкото село Ташмаруништа. Возот патувал многу бавно, само 15 километри на час, и до Охрид се стигнувало за два дена. Но тоа не го менува фактот дека пред девет децении поврзаноста меѓу Скопје и Охрид била подобра отколку денес, па наместо железницата да се развие, таа исчезнала и сега со воз најдалеку може да се стигне до Кичево. {loadposition content9}

Continue reading

Entity vo Grcija

„Ентити“ најдобри на Балканот во електронски спортови

Post Views: 12 Охридската екипа „Ентити“ се врати од Трикала, Грција со освоено прво место во електронските спортови. После успехот во националните кавлификации за светското првеснство што треба да се одржи во декември годинава во Кореа петчлената екипа во континуитет нижи успеси. И овојпат покажаа дека се најдобрите меѓу бројна  конкуренција на екипи од Балканот и од Израел. „Им покажавме на Балканот дека се најдобрата елетронска сила, а се подготвуваат за успех и во Кореа , вели челнот на екипата Јован Каланоски“. Спортистите од „Ентити“ во Грција отпатуваа во сопствена режија....

Continue reading

gradezen rabotnik

Никој не ја ферма одлуката на Советот за неградење во летна сезона

Post Views: 6 Паѓа одлуката на Советотот да не се гради во централното градско подрачје за време на летната сезона, од 1-ви јули до 31-ви август. Колони автомобили,  механизација, зголемена бучавост, прашниви коловози. Вака изгледа  јулската летна слика на центарот на Охрид. “Се повеќе инвеститори не ја почитуваат одлуката на Советотот на општина Охрид за неградење  во туристичката сезона во централното градско подрачје“ се жали портпаролот на општина Охрид, Симон Илиески . Градежните инспектори пишувале прекршочни пријави и ги поденесувале до судот, појаснува Илиески и додава дека...

Continue reading

gavel

14, 5 години затвор за 4-ца виновници за смртта на српскиот турист Новаковиќ

Post Views: 0 Тројца охриѓани и еден државјанин на Србија добија затворски казни за смртта на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој лани во Охрид беше брутално претепан до смрт. Учесниците во тепачката денеска ги слушнаа пресудите. Митре Костовски е осуден на 4 години затвор, Иљче Јоновски доби 4 години и 6 месеци затворска казна, најдолга казна од 5 години затвор доби Србинот Драган Ѓорѓевиќ кој е во бегство и кому му беше судено во отсуство. Ѓоко Наумовски е осуден на една година затвор. Сите се осудени за учество во тепачката во која брутално до смрт беше претепан српскиот турист...

Continue reading

pozar

Внимавајте да не настане пожар!!!

Post Views: 1 Високите температури „идеални“ поттикнувачи на пожари. За да се спасиме од нив треба свеста на населението да биде на многу високо ниво.  Од НП „Галичица“ започнаа со спроведување на превентивните мерки кои се дел од опертативниот план на паркот за заштита од пожари. „Ние ги преземаме сите неопходни мерки, кои пред се се превентивни, како и едукација на населението. Во таа насока, годинава, како и лани, ќе дистрибуираме над 10.000 флаери со едукативна содржина за заштита од пожари. Досега поделени се 20 илјади во сите угостителски објекти, но и на сите оние кои гравитираат...

Continue reading

Genocid 21

„Геноцид 21“, на Охридско лето

Post Views: 16 Вечниот конфликт на џелатот и жртвата, тема на вечерашната театарска претстава на „Охридско Лето“, Геноцид 21. Претставата е во режија на Владлен Александров, на текст на Љубиша Георгиевски. Според драматургот Сашо Миленковски „Геноцид 21“ е аутопсија на еден злостор. Форензичарски увид во митологијата, вивисекција на историјата како полужив труп. Плетивото на текстот е времето, кое виси некаде во безвремието, а боли сега и овде. Ова е можеби најхрабриот, и секако, најопстојниот увид во македонско-грчката сторија. Продуцентот Бранко Ѓорчев истакна дека куриозитет на...

Continue reading

toplo vreme

Температурите се високи, но барем има каде да се ладите

Post Views: 0 Врнежливиот почеток на летово веројатно причина за потешката адаптација на моменталните високи температури. За многу кратко време се случија големи температурни промени кои негативно влијаеа посебно врз лицата со хронични заболувања. Од Центарот за јавно здравје во Охрид не информираа дека засега некои итни случаи како последица на високите температури немало, но ситуацијата постојано се следи. Покрај редовните препораки кои ги даваат лекарите во вакви ситуации, од Центарот за јавно здравје презеле уште една мерка во насока на заштита на здравјето на граѓаните. „Пуштен...

Continue reading

Ohridsko leto-otvoranje

Спектакуларно отворање на „Охридско лето“

Post Views: 2 „Музиката започнува онаму каде што говорот завршува“. Со овие зборови на Де Ла Мартин, покровителот на реномираната светска манифестација „Охридско лето“, претседателот на Р.Македонија, Ѓорге Иванов, го прогласи фестивалот за отворен. Иванов рече дека вистинска чест е да се биде покровител на фестивал кој во континуитет ја промовира врвната европска и светска култура во срцето на древниот Охрид. Додаде, дека од синоќа, сите патишта на сценската, вокалната и музичката уметност водат кон Охрид. Иванов истакна дека годинава неговото задоволство е поголемо, бидејќи отварањето...

Continue reading

Dejan Novakovic

Семејството на Новаковиќ најави тужба во Стразбур

Post Views: 8 Семејството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој минатата година беше претепан до смрт во Охрид, денеска најави дека правдата ќе ја бараат во Стразбур. Ваквата одлука семејството ја донела бидејќи биле незадоволни од завршните зборови во процесот кој се води во Основниот суд во Прилеп против четворицата осомничени. Братот Ненад, сопругата Александра и мајката Јулијана не можат да прифатат како е можно да исчезнат сите докази за убиството и никој од дваесетината сведоци не знае, не видел или не памти како Дејан бил претепан до смрт. Според нив, Обвинителството било...

Continue reading

Vele Mitanoski

„Рани спомени“-хроника за Охрид и охриѓани

Post Views: 5 Сеќавања, творештво и документација. Понесен од потребата да се оддолжи кон градот, познатиот новинар, публицист и политички аналитичар, Веле Митаноски, ја напиша книгата „Рани спомени“. Оваа книга претставува хроника за Охрид и охриѓани, испишана на без малку 600 страни. Една од поентите на книгата е дека сите охриѓани треба да му се одолжат на градот на некаков начин, а посебно на новинарите. Авторот на книгата „Рани спомени“, Веле Митаноски си го исполни своето ветување, вели Тоде Илиески директорот на НБУ „Глигор Прличев“. Тој додава дека со материјалот на ова дело...

Continue reading

Непочитувањето на сообраќајните знаци-редовна пракса во летните месеци

Post Views: 1 Почетокот на секоја летна туристичка сезона редовно ги носи карактеристичните проблеми. Зголемена фреквенција на возила чии сопственици често и не обрнуваат внимание на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Сообраќајните знаци буквално како да не постојат. Еден ваков пример ни беше посочен од загрижен граѓанин кој забележал дека многу често не се почитува знакот за еднонасочна улица на пресекот на ул. „Партизанска“ и „Димитар Влахов“, односно кај Домот на АРМ. За овој случај ги информиравме службите во СВР Охрид кои ни потенцираа дека тие најпрво се обидуваат...

Continue reading

zemjishte

Локалната допрва ќе бара да управува со градежното земјиште

Post Views: 4 Охридската  јавност, деновиве е изненадена  од информациите дека до Министерството за транспорт и врски само неколку општини од земјава побарале да  менџираат со градежното земјиште од 1 јули. Општина Охрид не се споменува меѓу нив. Зошто доцнат со барањето за овој процес одговор побаравме од  портпаролот на Локалната самоуправа, Симон Илиески.  Прашавме на што се должи ваквата ситуација и дали станува збор за затајување на службите. Илиески ги отфрла  ваквите сомнежи. „Нема затаено никој. Претходно бевме подготвени, клучно беше за Локалната самоуправа најпрво да се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top