Post Views: 4
Екстремно високите температури никако да ја напуштат земјава. Новиот топлотен бран кој ни доаѓа од Северна Африка причина за се почеста појава на летни вирози и стомачни вируси. Иако не се работи за некои алармантни бројки, сепак лекарите и понатаму апелираат за следење на препораките кои што важат за летниот период. Охриѓани очигледно ги почитуваат. Засега само мал број на пријавени со вакви вирусни заболувања.
„На ниво на државата слушаме дека имало поголем број на случаеви посебно во Скопје. Во Охрид отрприлика последните месеци има собрано статистички етероколит...
Post Views: 2
Прашањето за позицијата директор на Националната установа „Охридско лето“ повторно станува актуелно. По објавениот извештај на Државниот ревизор за работењето на „Охридско лето“, најголема прашина се крена токму околу поставувањето на В.Д директор на оваа Установа. Според Државниот ревизор, Министерството за култура немало право по втор пат да назначи вршител на должност, со што раководењето на „Охридско лето“ било препуштено на лице кое нема статус на директор. На оваа точка од извештајот со забелешка се јавило и Министерството за култура во кое покрај другото се...
Post Views: 0
По завршувањето на вториот уписен рок во трите општински средни училишта сеушта има слободни места.
Во општинското средно училиштре „Св. Климент Охридски“ за гимназиско образование запишани се 3 полуматуранти, додека за стручното образование во економската и здравствената насока пријавени беа 22 ученици, а запишани 19. По првиот и вториот уписен рок во Гимназија остануваат слободни уште 95 места.
Во средното угостителско училиште „ Ванчо Питошески“ за профилите со четиригодишно образование, во вториот уписен рок нема пријавени кандидати, а остануваат слободни над 25...
Post Views: 47
Слободни места за сместување во студенскиот дом „Никола Карев“, по се изгледа и годинава, ќе има доволно за сите студенти. Неколку години по ред тука опаѓа бројот на студенти кои бараат сместување. Лани во домот биле сместени 145 студенти во расположливиот капацитет од 218 места, вели раководителот на домот Марјан Ристески. Од 1991 година откога овој објект ја има функцијата на студенски дом, бројот на студенти кои се сместуваат тука опаѓа. Податоците од лани укажуваат дека повторно има тенденција на пораст на интерсот за сместување па се очекува и годинава тој позитивен...
Post Views: 1
Под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов околу 40 млади луѓе од целата земја, идни политички, културни и стопански предводници на нашата земја, ќе имаат можност да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини како и да ја развиваат својата креативност и менаџерските способности.
„На Македонија не и се потребни лидери само во политиката. Нас лидери ни се потребни во сите области“, истакна Претседателот Ѓорге Иванов, иницијаторот и покровител на Школото за млади лидери, кое втора година по ред се одржува кај нас. Претседателот Иванов кажа...
Post Views: 0
Од 25 до 29 август, по четврти пат ќе се одржи охридскиот хорски фестивал. Концептот на фестивалот останува иста како и минатите години. Отворањето на 25 започнува со кратки настапи на хористите по шеталиштето.
„Концертите за духовна музика се одржуваат во црквата св. Софија со почеток во 10.00 наутро, натпреварите се петок поручек, сабота преку целиот ден и недела наутро. Недела навечер во хотелот Инекс Горица е фолклорната и поп вечер односно хоровите ќе исполнуваат аранжмани на фолклорни и поп композиции“, вели организаторот на фестивалот Александар Димоски.
Годинава...
Post Views: 0
Доцнат јулските сметки за надомест на електрична енергија, во Варош. Дел од жителите на Охрид од старото градско јадро велат, дека ова не се случува само сега, туку дека овој проблем месеци наназад се провлекува и никако да се надмине. Тие велат дека познат им е и одговорот од страна на ЕВН, дека проблемот потекнува поради доцнење со достава на сметките од страна на „Македонски пошти“. Варошани посочија дека до 15 ти август е законски рок за наплата на сметката за месец јули, која сеуште не ја имаат примено, после што се пресметува затезна камата и сметаат дека точно...
Post Views: 3
Откриен и спречен изворот на фекалното загадување на Каналот, Билјанини извори. Градоначалникот Александар Петерски ги посочи сторителите. Диво приклучени на дождовната канаизлација се зградата и неколку куќи на улица Асном, наспроти РЕ Механизација на Комуналец, вели првиот човек на Охрид. Петрески појасни дека службите пред два дена го откриле и спречиле дивото приклучување во дождовната канализиација која се случувало повеќе години иако во непсредна близина на објектите има канализација.
Од ЈП „ Нискоградба“ посочуваат дека има појави на други диви приклучоци...
Post Views: 8
Со претставата „Медеја“ која вечерва на сцената на Античкиот театар премиерно ќе ја изведе Битолскиот народен театар, завршува 51. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Претставата е во режија на Нада Кокотовиќ од Хрватска, која вели дека е особена чест што една реномираната манифестација како што е „Охридско лето“ ќе биде затворена со проектот што таа го работи со Битолскиот народен театар.
Во улога на Медеја ќе настапи Јулијана Мирчевска. Дел од артистичката екипа се и Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Христина Христова, Митко С. Апостоловски, Валентина Грамосли,...
Post Views: 2
На ден пред затварањето на 51 –то издание на Охридско лето, директорот и двајцата селектори на прогрмата се задоволни од квалитетот на прикажаното во текот на 40 –те фестивалски дена. Директорот на Фестивалот, Илија Мојсоски истакна дека со понудената богата музичка и театарска програма овој фестивал го зацврсти своето високо реноме.
„Беа реализирани 25 музички концерти, 10 драмски престави на 5 различни простори, 6 зиложби и една филмска проекција. Според податоците фестивалот го посетиле 20.000 гледачи со што е постигната и рекордна постеност“, истакна Мојсоски.
Моја...
Post Views: 8
Ристоски Борис, жител на улица „Железничка“ се посомневал во две лица кои во текот на вчерашниот ден собирале добротоворни прилози за изградба на верски објект.
Внимавајте на кого давате доброволни прилози. Во текот на вчерашниот ден, две лица едното на возраст од 50-тина години, а другото на возраст од 30-тина, прибирале добротоворни прилози под изговор дека прибираат средства кои потоа би се користеле за санација на верскиот објект, манастирот „Св.Спас“ во Горно Лакочереј. Ристоски Борис жител на улица Железничка веднаш се посомневал во овие две лица и решил да не...
Post Views: 59
Универзитетот за информатички технологии – Охрид, ги чека новите студенти. Од таму, досега се задоволни од досегашниот одзив на идните академци, како од домашни така и од странци. Ректорот на универзитетот проф. Данчо Давчев вели дека веќе се заокружува бројката од околу 100 студенти на 5 те факултети кои работат во рамките на универзитетот. Тој додава дека годинава максимално биле ангажирани за да ги обезбедат сите услови за студирање на идните академци.
Годинава формиран е и т.н. научно истражувачки совет во кој што учествуваат и членуваат повеќе од 20 тина...