Post Views: 8
30-тина жители од улицата Коста Абраш синоќа после полноќ излегоа на мирен протест. Под полициско обезбедување тие го искажаа своето незадоволство од разуданиот ноќен живот кој го прават посетителите на кабарето „Џез Ин“. Тие се жалат дека 20 години буквално трпат терор од гласната музика, врева, тепачките под нивните прозори. Разочарани велат сега е премината секаква граница на трпеливост.
Со сличен проблем, за кој од синоќа бараат решение соседите на Каберето „Џез ин“, се справуваат и останатите жители од улицата Коста Абраш, кои што имаат домови на потегот кон останатите...
Post Views: 5
Пожарот кој вчера околу 10 часот изутрина ја зафати шумата на потегот Опеница-Прентов мост е целосно ставен под контрола. Како што ТВМ информираше, во интервенцијата беа вклучени и двата специјални авиони-канадери. Со заедничката интервенција на противпожарните служби, двата авиони и локалното население, пожарот беше ставен под контрола. Шефот на заштита од ЈП „Македонски шуми“, Јовче Цветкоски кој сеуште е на терен, не информираше дека првичните проценки говорат за околу 300 хектари опожарена површина, но бројките сеуште не се потврдени. Цветкоски додаде дека во моментот...
Post Views: 0
Охрид конечно ќе добие марина. Од локалната сметаат дека најдобрата локација за оваа градба е месноста Воска, веднаш до стадионот. Сега засега се разгледуваат проектите, но едно е сигурно, марината ќе се гради, а покрај неа во овој комплекс ќе бидат сместени и сите водени спортови.
„ Планираме марината да ја изградиме веднаш до стадионот. Би влегувала околу 100 метри во езерото во длабочина и би се ширела лево према Канео и Лабино на околу 100, 120 метри во форма на буквата Т,. Поголемиот крак би бил према Охрид односно према Лабино, а помалиот према Струга“, истакна...
Post Views: 7
Старите велат: „Не радувај се додека мечката игра во дворот на комшијата“. Социјалните мрежи станаа идеално место за организирање на социјални револуции. Паѓаа диктатори на Блискиот Исток, илјадници хрвати протестираа во Загреб, а на Лондон му се случи анархија, и се беше организирано преку фејсбук.
И Охриѓани решија да се мобилизираат преку социјални мрежи. По се изгледа мечката реши да заигра и во нашиот двор. Зошто?! Вечерва, две групи Охриѓани ќе излезат на дај боже мирен протест во име на своите права и слободи, а копјата ќе се кршат околу клубот „Џез Ин“. Жителите...
Post Views: 2
Од 10 часот изутрина беснее пожар на патниот правец Охрид-Битола во атарот на селото Опеница, во близина на месноста Прентов мост. Гори борова шума и дуглазија на површина во должина од 2,5 километри и висина од 500 метри. Ова за ТВМ го изјави шефот на заштита од ЈП “Македонски шуми“, Јовче Цветкоски. Тој смета дека пожарите не се случајни туку се намерно предизвикани.
„Она што се случуваше на терен не може да е случајно. Во рок од еден час, од нашето пристигнување по дојавата за двата пожари, пламнаа два нови на различни места. Едниот од пожарите е подметнат од другата...
Post Views: 5
„Непопуларна мерка на државата е да се продава атрактивно земјиште само едно евро по метар квадратен“, вели Александар Петрески, Градоначалникот на Охрид.
Станува збор за јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено државно земјиште, односно двете локации на стотина метри од езерото, наменети за изградба на хотелски комплекси на компанијата “Фибула аир Травел“. Охридскиот Градоначалник утре на средба во Министерството за транспорт и врски.
„Убава е желбата на Владата да се привлечат колку е можно повеќе инвеститори, но мора да се внимава кое земјиште ќе се...
Post Views: 1
Уште една пеколна недела дел од Лесковчани ја преживуваат без капка вода. Горливиот проблем кој со години се провлекува, повторно се актуелизира. Иако приклучувањето на градската водоводна мрежа требаше да го реши овој проблем, сепак се провлекува старата приказна. Со недостиг на вода се соочуваат само дел од Лесковчани, и тоа оние кои што живеат во повисоките делови на селото и кои не се приклучени на главната линија. За фрустрацијата на овие граѓани да биде уште поголема, нивните сожители од другата страна нормално се снабдуваат со вода.
Стапивме во контакт со надлежните...
Post Views: 4
По пат на јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено државно земјиште, отуѓени се две локации во општина Охрид наменети за изградба на хотелски комплекси на компанијата “Фибула аир Травел“.
“Предмет на јавното наддавање беа градежни парцели со површина од 13.459 м2 и 4.738 м2. Најповолен понудувач на јавното наддавање е компанијата “Фибула ер травел“од Скопје која за двете градежни парцели на јавното наддавање понуди највисока цена од вкупно 1.291.987 денари (20.000 евра)“, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Компанијата е должна во рок од...
Post Views: 2
Дваесет авиони во еден ден на охридскиот аеродром.
Асоцијацијата на пилоти и сопственици на авиони секоја година организира брзи летови со околу дваесеттина мали авиони, и околу 40-50 патници, до непознати дестинации или речиси непознати.
Така, оваа година овој несекојдневен настан ќе се случи на аеродромите во Тиват, Тирана и Охрид. Ерик Епле член на У.О. на АОПА асоцијацијата истакна дека ова е само почеток, затоа што нивна интенција е членовите, односно пилотите и сопствениците на авиони, да видат некои убави делови од светот кои не се толку познати. Епле пријатно...
Post Views: 3
Куќата на Уранија, реконструирана со солидно внатрешно уредување, ги чека своите посетители. Но, од нејзиното предавање на Ману таа стои празна под клуч. По скоро, две години од реконструкција не е ставена во функција. Првичната намера беше таа да биде резиденцијален објект на македонските академици. Се обративме до службата за односи со јавност во Ману барајќи одговор што се случува со објектот и зошто сеуште е празен и во мрак.
Во МАНУ, заради годишните одмори се правдаат дека нема кој да ни одговори зошто Куќата на Уранија стои под клуч. Не добивме одговор кога...
Post Views: 11
Нова дограма, подови, огради, водоводни инсталации и спортски пропратни објекти за неколку основни и средни училишта во градов. Привршуваат големите зафати на уредување, санација и реконструкција на општинските училишта во градов и околината, кои ги спроведува Општина Охрид, со свои средства. Серафим Наумовски, раководител на одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита, вели дека овие обемни инвестициони зафати се спроведуваат со цел подобрување на условите за работа на учениците.
„Поголем зафат ни е во О.У „Св.Наум Охридски“ во село...
Post Views: 7
Детското творештво кај нас е во криза. Се помалку авторите пшишуваат книги за деца, а се помалку има рецензенти кои пишуваат критика за детската литература. Мал е бројот на авторите кои сакаат да го стимулираат творештвото за деца, истакнува Цвета Спасикова од Штип, која денес во охридскиот Центар за култура промовираше две нејзини дела, „Химена“ за возрасни и „Миленичиња“ за деца. Покрај „Миленичиња“, автор е и на „Сонот на розата“. Спасикува укажува и на тоа дека во Македонија има и само две списанија за деца, „Чекорче„ и „Росица“. „Одговорна и тешка задача е...