Post Views: 65
Патот на јагулата, врзивно ткиво на целокупниот Дримски басен. На двете важни конференции кои неодамна се одржаа во Подгорица Црна Гора, а се однесуваат на Дримскиот басен и заштитата на езерата во басенот, претставниците на Регионалната иницијатива за животна средина т.н РЕНА потенцираа дека станува збор за вид којшто навистина има своја специфика и секако треба да биде ставен под заштита, информира секретарот Билатерален комитет за заштита на сливот на Охридското езеро, Дејан Паноски.
„После презентацијата увидоа тие и увидовме и ние дека имаме една прекрасна...
Post Views: 5
Десетти ден од најголемата статистичка операција во земјава, пописот на населението и домаќинствата во Република Македонија. Ред се редат обвинувањата пред се на сметка на Државната пописна комисија. По скандалот во кој припадниците на заедницата на еѓипјаните тврдеа дека не им се дозволува да работат на терен, сега уште една реакција стигнува од претставниците на Балканскиот политички форум. Тие пред се реагираат на големиот број непополнети места на попишувачи од албанската заедница. Директорот на регионалниот огранок на Балканскиот политички форум, Есад Аслани, вели:...
Post Views: 5
Во Охрид одбележан големиот јубилеј 70 години од почетокот на Народно Ослободителната антифашистичка војна на Македонија и Денот на Востанието 11 Октомври. Пред голем број присутни и преживеани учесници од НОВ и почитувачи на нивната борба, за текот на значајните историски настани од овој дел на поновата историја, се осврна претседателот на општинската организација на Сојузот на борците од НОБ, Гоце Георгиески. Тој потсети дека родољубите и патриотите, на овој светол ден ја започнаа борбата против фашизмот и станаа дел од големата светска коалиција која заврши со...
Post Views: 0
Градоначалникот Александар Петрески денес назначи двајца директори. Едниот е в.д. ,а другиот, пак од в.д стана директор.
Тоа се Перо Георгиески новиот в.д. директор во Основното училиште „Григор Прличев“ и Сашо Алче, сега директор на ЈП „Охридски Комуналец“.
Сашо Ставрески поднесе оставка на директорската позиција во училиштето „Григор Прличев“ со кое менаџираше во два манадати. До објавата на конкурс оваа должност ќе ја обавува Перо Георгиески.
Сашо Алче, пак ќе биде на челната позиција на охридското комунално претпријатие во наредните 4 години, после 2 и пол...
Post Views: 8
Претставниците на етничките заедници, во општина Охрид, Египќаните, Власите, Ромите, Србите, Турците се пожалија на низа проблеми со кои се судираат при тековниот попис. Немаат членови во пописните комисии, некои од попишувачите биле преставени како припадници на други етнички заедници. Во општина Охрид нема нити една заедница со над 20 посто па нема формирано Комисија за односи меѓу заедниците тоа е оставено на добрата волја на градоначалникот и на Локалната самоуправа. Побарано е формирање на вакво тело но досега нема одговор. Од етничките заедници се интресираа...
Post Views: 9
Со кошарка до средства за најранливата категорија Охриѓани. Во СРЦ Билјанини извори се одржа Хуманитарен баскет, во организација на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ и ОО на Црвениот крст. „На почетокот, кога се одлучивме да организираме аков турнир бевме скептици, затоа што досега во Охрид не беше организирана ваква манифестација, но на крај с епокажа дека навистина Охриѓани се хумани. Докажавме дека заеднички сите можеме да направиме нешто добро“, истакна претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев.
„Направивме 30 екипи до 18 години и над 18 години и покажавме...
Post Views: 3
Долго критикуваниот извоз на македонските земјоделски производи се чини конечно го наоѓа својот пазар. Продорот на македонското овошје и зеленчук на Рускиот пазар, овозможува сигурен пласман на овие исклучително квалитетни производи на огромниот руски пазар. Имено во моментот, Руската федерација го привршува процесот на приклучување кон Светската трговска организација што значи автоматско олеснување во меѓусебната трговска размена помеѓу нашите земји. Се чини дека на рускиот пазар свој пласман ќе пронајде и нашето македонско вино, но како готов производ, а не во наливна...
Post Views: 8
Од наредната недела, почнува вакцинацијата против сезонскиот грип. И годинава центарот за Јавно здравје обезбеди вакцина за заштита против грип, информира Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска и апелира до популацијата од регионов, посебно оние со загрозен имунитет навреме да се заштитат.
„Се препорачува на сите болни кои се со хронични заболувања, дијабетичарите, срцевите болни и оние со хронични белодоробни заболувања, сите оние кои имаат ослабен имунитет, се препорачува да ја примат оваа вакцина“ вели Д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска .
Вакцините се...
Post Views: 0
Во Охрид се одржува петтиот конгрес на Здружението на педијатри на Македонија. Др Александар Сајковски од Здружението на педијатри на Македонија, истакна дека луѓето кои се занимаваат со лекување на децата, перманентно се присутни во цел систем на развој на педијатриската мисла и наука. Тој додаде дека посебно задоволство му е што здружението денес има толку партиципиенти. Сајковски рече дека на конгресот се застапени пет глобални теми, кои во моментов се најкруцијални, најинтересни и најактуелни во светот. Тие се од областа на исхрана, интензивно лекување, раст и развој,...
Post Views: 8
Период за назначување на директори. Изборот на Локалната власт за директорските позиции се врши по теркот на добро проверени и докажани кадри, кои пред се законски ја исполнуваат обврската за можност да седнат во директорските фотељи. Конкретно, станува збор за избор на директор на ЈП „Охридски Комуналец“ за што тече и оглас. Петрески вели дека досегашниот В.Д. директор Сашо Алче, заслужува да го добие решението за директор без оглед на останатите пријавени кандидати. Петрески изјави – „ Верувајте дека незнам во моментов дали тој е единствениот кандидат или не. Знаете...
Post Views: 2
Со новиот Закон за кривична постапка, судиите ќе станат неутрални арбитри на фактите, доказите и околностите на еден судски предмет. Од друга страна пак, ќе се зголемува надлежноста на Обвинителството и обвинителите.
Со измените на Законот за кривична постапка, кои за повеќе од една година треба да стапат на сила, нивната улога значајно ќе се измени. Новиот правен систем ќе го презентира судијата, како неутрален во судницата, па така, повеќе нема да изгледа дека судијата е дел од тимот на обвинителството, велат експертите по право. Со овие промени на системот, судијата...
Post Views: 1
Криминалците повеќе нема да можат да се штитат со државјанството на својата држава. Ова го предвидува новопотпишаниот договор за екстрадиција кој неодамна на Министерскиот форум за внатрешни работи и правда, го потпишаа Министрите за правда на Македонија и Црна Гора, Блерим Беџети и Душан Марковиќ. Министерот Марковиќ истакна дека регионалната соработка е еден од најдобрите инструменти за заштита од делувањето на криминалот како во регионов, така и пошироко.
„Со овој договор ние го стеснуваме просторот за криминалците. Со потпишувањрто на овие договори, криминалците...