Post Views: 2
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид откако ја одржа пресс конференцијата во зградата на комитетот и му постави повеќе прашања на Градоначалникот Александар Петрески, ги проошета новинарите до Општинската зграда. Атанаско Михаилов таму рече дека во Охрид не е пет до дванаесет од владеењето на овај градоначалник туку дванаесет и пет. Тој додаде дека тоа што се прави во градов во овие седум години откако Петрески е прв човек на Општината е невидена катастрофа. Михаилов тврди дека се трошат големи пари и се прават сомнителни бизниси, а граѓаните...
Post Views: 6
Булевар Железничка станува се понебезбедна сообраќјаница, реагираат од ВМРО-НП. Обвинуваат дека улицата, што два пати се пушташе во употреба пред парламентарните избори, се уште е недовршена и со неквалитетно поставен материјал. Овој магистрален пат со ознака М-5, кој требаше да го растерети градскиот сообраќај од тешки моторни возила, сега им задава сериозни главоболки на жителите од северо источниот дел на градот. Како причини што улицата станува се поопасна по животот, и неодамна однесе еден човечки живот, од Вмро НП ги посочуваат неквалитетно поставените шахти,...
Post Views: 6
Како резултат на спроведената контрола на вработените од Секторот за внатрешна контрола при Агенцијата за катастар на недвижности непосредно пред акцијата ″Отворено со катастарот″ во која беа пронајдени стотина нерешени предмети во фиоките на вработените во Одделението во Охрид, како и од големиот број на граѓани кои изразија незадоволство од работењето на Охридскиот Катастар, против дел од вработените беа превземени санкции и дисциплински мерки. Со цел надминување на констатираните слабости во работењето и за успешна имплементација на новиот електронски катастар, времено...
Post Views: 0
Каде се 50те милиони евра, пари на граѓаните кои Локалната ги потроши за овие седум години, а за возврат не направи ништо? Како се создадени нови долгови од околу 15 милиони евра кога Градоначалникот Александар Петрески рече дека пред три години сите заостанати долгови Локалната ги исплатила? Зошто од страна на Општината се бојкотираат проектите како изградба на здравствен дом, изградба на покриен базен, реновирање на спортската сала во Велгошти и изградба на нови игралишта. Ова се прашања кои Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ги упатува до Градоначалникот на Охрид....
Post Views: 7
Ова е резултат на посетувањето на едногодишната ипа програма за меѓугранична соработка меѓу Р.Македонија и Р. Албанија,а финансирана и подржана од Европската унија. Елизабета Петанова, координаторот на проектот вели дека очекуваат дел од кандидатите кои ги посетувале обуките да се пријават на програмата за самовработување и да добијат грант од 3000 евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис.
За полесно остварување на целта, а тоа е започнување со сопствен бизнис креиран е меѓуграничен советодавен комитет. Тој се состои од три членови од Македонија и три...
Post Views: 8
Тоа не е за занемарување со оглед на фактот што немаат сопствени простории за држење состаноци. Тие испратиле и допис до градоначалникот Петрески за остварување на средба во која од локалната ќе побараат да им обезбеди деловен простор за држење на редовните состаноци. Во меѓувреме комората се снаоѓа и што е поважно донесува сериозни одлуки меѓу кои најважна е онаа за плаќањето на членарината.
„Ако за 2011 година претходното раководство успеало да собере 22.000 денари по основ на членарина, само во Февруари ние успеавме да собереме преку 14.000 денари што не е малку....
Post Views: 1
Со оро, песна, каранфил за сите жени, како и збор два за значението на празникот на жената, во Хотел „Силекс“, Охрид се одржа традиционалната прослава по повот празникот. Одбележувањето на денот на жената е во организација на Активот на пензионерки при Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебрца со Активите на пензионерки од Југозпадниот регион. Претседателката на пензионерките Ружа Балеска вели дека овој ден има посебно значење за нив и дека за достојно одбележување во многу принесува Здружението на пензионерите од Охрид.
Празникот на сите жени им го честита...
Post Views: 121
Судијата Милчо Клишески досега ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на Основниот суд во Охрид. Тој за функцијата Претседател беше избран во конкуренција од пет пријавени кандидати на конкурсот за избор на претседател кој неодамна го распиша Судскиот совет на Република Македонија.
Инаку Клишески на функцијата претседател на Основниот суд Охрид доаѓа на местото на Владо Дејаноски.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Доколку завршивте со честитање и размена на подароци со колешките и пријателките, да видиме што мајка статистистика вели, за тоа каде ни е жената во општеството. Тешко може да се зборува за нерамноправност помеѓу мажите и жените, зошто од вкупниот број на жители во нашава ни државичка, половината се жени. За тоа колку пак припадничките на понежниот пол од нашиов град се чувствуваат рамноправни, тие со поделено мислење. Едни мислат дека се подобри од мажите, други дека сеуште се нерамноправни и приватно и професионално. Во духот на рамноправноста ги запрашавме и мажите....
Post Views: 0
Идејата и проектот е на Министерството за транспорт и врски. Од таму уште во 2010 год од НП Галичица побарале информација за одредување на локации на кои би можеле да се изградат сместувачките капацитети. Изборот кој го предложиле од паркот се локации во населени места, поточно не во строго заштитената зона, населбата Коњско на преспанска страна, во селото Коњско на Охридска страна, на Корита.
„ Согласно планот за управување и проектниот план кој е изработен во НП вакви активности се дозволени единствени во зоната за одржливо искористување. Оваа зона ги опфаќа населените...
Post Views: 1
Жената е мета на различни притисоци и деградирања. Бројните реклами за подобро на жената посебно оние за семејното насилство, и нејзината политичката застапеност, во реалноста покажуваат контра ефект, посебно во Охрид, обвинуваат од ОО на ЛДП и женскиот форум. Тие порачаа наместо каранфили и лицемерни изјави, празникот да се честита со конкретни акции за подобро утре на жената.
Даниела Ангелоска од ЛДП, вели „секое насилство врз жената да биде строго казнувано. Секторите во кои работат жените посебно текстилната индустрија да добијат повисоки примања, поголемо учество...
Post Views: 6
Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната. Поголемиот дел од нивните сопственици тврдат дека таа има селективен однос и дека за некои е мајка а за други маќеа. Ваквата реакција е резултат на тоа што за учество на саемот во Белград кој се одржа неодамна од Секторот за локален економски развој не добиле никаква покана. Од десеттината локални агенции кои работат во Охрид, официјално била поканета само една. Филип Стефаноски, регионалниот директор на Т.А. „Летс травел“ вели дека покана од официјални лица кои работат во туристичката бранша и од Локалната самоуправа...