ohridska delegacija vo Turcija

Делегација од Охрид во Турција

Post Views: 4 Иницијативата за посетата на оваа земја е на здружението македонско – турското пријателство и со подршка на градоначалникот на Општина Охрид. Првичната идеја  за патувањето се повеќе месечните контакти за  воспоставување на соработка помеѓу Битолскиот универзитет Св Климент Охридски и Универзитетот Нами Кемал од Текирдак -Турција. На средбата со ректорот и претставници на општината најпрво бил презентиран Охрид со неговите културни, историски и природни убавини, а проф. д-р Вера Караџова од ФТУ го  презентирала и универзитетот Св. Климент Охридски, по што се воспостави...

Continue reading

humana akcija

Чифлиганец и за Велигден во Охрид

Post Views: 2 Уште еден хуман гест на кумот на Водици, Ванчо Чифлиганец. Тој за Велигденските празници реши на  најзагрозените семејства од Охрид да им подели 50 хуманитарни пакети со прехранбени и хигиенски производи. Потпретседателот на здружението „Богојавление“, Димитри Пендо, рече дека тука сме благодарение на кумот и неговата желба да помага преку целата година. „И ова е уште една потврда дека не згрешивме со изборот на годинешниот кум, напротив со ова се покажа и докажа неговата добрина и големина и неговата вљубеност кон христијанството и православните празници и вљубеноста...

Continue reading

sveki

Денес се чествува Велики петок

Post Views: 1 Денес се чествува денот кога се споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и неговото слегување во адот. Овој ден претставува стожерна точка во Страдалната седмица кој минува  во знакот на тагата. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење, освен за немоќните и престарените, во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. „ Денес е моментот кога Христос се симнува од крстот и се извршува опелото на нашиот Господ Исус Христос, потсетувајќи се на оние кои го распнаа и ние кои постојано го распнуваме со нашите прегрешенија...

Continue reading

jagnesko meso

Ќе има ли јагнешко на Велигденската трпеза?

Post Views: 5 Што е Велигден без јагнешко? Ова е некое реторичко прашање кое навистина нема потреба да се поставува…или сепак има? Македонската трпеза за големиот христијански празник Велигден традиционално во себе го содржеше јагнешкото месо. Дали од адет, дали поради религиозни побуди или нешто друго, Велигден не може да се замисли без печено јагне. Во последниве години за жал трпезата на обичниот граѓанин се повеќе осиромашува. Ги запрашавме oхриѓани дали тие можат да си дозволат печено јагне за големиот празник. „Тешко, тешко дека ќе имаме јагнешко за Велигден. Како што...

Continue reading

kotva

Не се важни парите туку љубовта

Post Views: 1 Подигањето на спомен- обележјето посветено на празникот Богојавление- Водици, се поизвесно. На наредната седница на Советот на општина Охрид ќе биде формиран Одбор , кој ќе треба да се погрижи околу реализацијата на иницијативата на годинешниот кум на манифестацијата „Водици“, Ванчо Чифлиганец. Кумот не открива колку пари ќе го чини подигањето на ваквиот споменик, но вели дека тоа и не е толку важно. Чифлиганец потенцира дека оваа иницијатива е дадена со љубов и со желба споменикот што поскоро да се изгради. За таа цел апелира до надлежните институции да ја забрзаат...

Continue reading

jajce veligdensko

Охриѓани го слават Велики Четврток

Post Views: 0 Охриѓанката Лилјана Сотироска една од многуте наши сограѓанки кои од раните утрински часови ги вапцаа првите јајца. Потоа според обичајот и Сотироска го извади првото јајце да го види светлото на денот. Таа открива дека уште на Велики Вторник ја подготвува бојата и јацата кои треба да се вапцаат.  Објаснува дека со овој чин и во нивната куќа започнува да се чувствува предвелигденска атмосфера. „Во нашава куќа и секаде најпрво се вапцуваат црвените јаца кои го симболизираат христиајнството, а тоа доаѓа од таму што Марија Магдалена кога го посетила починатиот Исус Христос,...

Continue reading

deponija

Јапонците ни ги скенираат депониите

Post Views: 1 Ќе се реши ли конечно еден од најгорливите проблеми во регионов? Ќе се изгради ли во Југозапдниот плански регион современа регионална депонија? Оваа тема деновиве повеќе од актулена, поради посетата на високите гости од Јапонија на Југозапдниот регион. Во рамките на поддршката што Јапонската влада и ја дава на Македонија, претставници на меѓународната агенција за соработка – JICA, предводени од заменикот директор Араки Арефу го посетија Центарот за развој на Југозапападниот плански регион, при што беше разговарано за решавањето на проблемот со цврстиот отпад во...

Continue reading

Ljupco Nаstoski

Скромен подарок за Велигден, но даден од срце

Post Views: 1 Да прогледа малата Симона Јовеска. Тоа е велигденската желба на независниот советник Љупчо Настоски. На само два дена од одбележувањето на големиот Христијански празник Велигден, Настоски на неколку социјално загрозени семејства од Охрид им донесе табла јајца и милиброд. Помошта не е голема но истата е од срце, вели Настоски. „Душевно сум полн, со тоа што не е можеби којзнае што, сепак посебно ми е драго што им помагам на социјалните фамилии. Исто така не ја заборавам и малата Симона, ја посетувам неколку пати и посакувам до година да ме види како изгледам. Таа со својата...

Continue reading

komisija

Награди за најуспешните

Post Views: 29 Славица Танеска, ученичка во седмо одделение во ОУ “Григор Прличев“, Јулија Митревска ученичка во осмо одделение во ОУ “Григор Прличев“ и Христина Ристеска од ОУ “Кочо Рацин“, се добитнички на првата , втората и третата награда на распишаниот ликовен конкурс од страна на Здружението на граѓани Богојавление. Тие не го криеја задоволството од добивањето на едно вакво признание.На конкурсот кој го распиша Богојавление уште пред три месеци  биле испратените 60 цртежи од учениците од сите основни училишта во општина Охрид. Ликовниот уметник Славко Упевче, член на комисијата...

Continue reading

kolaci

Велигденски хуманитарни акции

Post Views: 2 Велигденски јајца, колачи, украси, пилиња. Основците од Св. Климент Охридски од Охрид и Св. Наум Охридски од Пештани за Велигден подготвија хуманитарни продажни акции. Продажната хуманитарна акција во ООУ Св. Климент Охридски е проект на советот на родители и истата од година во година е се поорганизирана и поуспешна. „Како и секоја година, така и оваа организиравме продажна хуманитарна акција. Парите кои ќе се соберат се наменети за дечињата од социјално загрозените семејства, поточно за оние кои не се во можност да платат за престојните екскурзии“, вели преставникот...

Continue reading

канео

Мистерија колку пари му носи туризмот на Охрид

Post Views: 5  На охридското крајбрежје и во рестораните има се помалку елитни гости. Љупчо Патчев, познатиот охридски угостител од ресторанот „Далга“, со повеќе децениско искуство, нагласува дека во последните години многу е сменета структурата на гостите кои претсојуваат во Охрид. За гостите кои трошеле пари во Охрид, некогаш и денес, Патче вели дека сега градот го посетуваат гости со поплиток џеб. Патчев вели туризам има само во Скопје. Во светиот град, како што се нарекува Охрид со 365 -те цркви, не може да се развива елитен туризам каде што се мешаат Хозе Карерас и српска фолк...

Continue reading

katalog drvca

Еко-свест од најмала возраст

Post Views: 1 Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни раскажаа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top