pedijatri

Со размена на искуства до подобри резултати во педијатријата

Post Views: 1 Целиакија, ларингит, бронхолит, даунов синдром, ова беа дел од темите на кои денес се разговараше на педијатриските стручни средби на медицинските сестри кои се одржаа во хотел Мизо во Охрид. На овие средби учествуваа 110 медицински сестри од државава. Целта на овие средби кои се одржуват години наназад е размена на искуства помеѓу персоналот во педијатриските одделенија ширум Македонија. Гордана Јонческа Маџоска, медицинска сестра во педиатриското одделение при општата болница во Охрид вели дека работата со деца е многу специфична. Од една страна е големо задоволство...

Continue reading

parking

Кафето може скапо да ве чини

Post Views: 2 Времето затопли и нормално е луѓето да го искористат тоа за да излезат од дома. Кафулината преполни, а улиците, уличките затка од коли. Еден таков хаос од возила се создава на дел од улицата Коста Абраш. А само на неколку метри, помеѓу двете рампи кај градскиот плоштад има огромен паркинг. Граѓаните кои што живеат во тој дел од градот и секојдневно минуваат од тука, реагираат и во континуитет укажуваат дека надлежните треба сериозно да пристапат кон надминување на проблемот. И од СВР Охрид признаваат дека на оваа улица постои сериозен проблем а со самото тоа и тие имаат...

Continue reading

sednica

Веќе видено сценарио или случајност

Post Views: 0 Само што тргна, работата застана. Се израдувавме што денешната седница на Советот на општина Охрид после еден час доцнење конечно почна, но радоста не ни траеше долго. Советниците се сопнаа уште на првата точка од дневниот ред. Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на финансискиот план за 2011 година на Центарот за развој на Југозападниот плански регион им ги разгоре страстите. Советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска рече дека во овој извештај не виделе ништо ново. Таа потенцираше дека аплицирањето со проекти до фондовите...

Continue reading

parking

ЈП „Билјанини извори“ конечно ги доби паркинзите во градов

Post Views: 4 Бидна и тоа. Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги доби паркинзите во Охрид. Ваквата одлука денес беше едногласно изгласана од Советот на општина Охрид. Со тоа, ова јавно претпријатие, по стапувањето на сила на оваа одлука, ќе биде носител на правото на располагање со 12 стари паркинзи низ градот, но и со четири нови од кои два лоцирани во Лагадин, и по еден кај Горица 3 и хотелот Бетон. Сепак директорот на ЈП „Билјанини извори“, Боро Шајн вели дека ќе ги задржат само најпрофитабилните паркинзи. „Ако ние ги задржиме сите паркинзи, тогаш по нашите проценки ќе ни...

Continue reading

aviom Holangani

Холанѓаните пристигнаа

Post Views: 12 Првата група од 120 туристи од Холандија преку аранжманите на тур-операторот „Арке травел – ТУИ“ денеска со чартер лет пристигна во Охрид. Беа пречекани на традиционален начин со погача и сол, но и со шампањ и торта. Гостите воодушевени од дочекот, организиран специјално за нив. „За вашата земја слушнав од мојата девојка. Таа беше овде минатата година и ми пренесе многу позитивни искуства за Охрид – беше воодушевена“, вели едне од гостите. Друг пак открива дека во Македонија очекува да види многу планини, цркви и пријателскиот народ“. Првата група холандски туристи,...

Continue reading

банер

Tеатарската претстава „Ромео и Јулија“ ќе го отвори 52-то издание на „Охридско лето

Post Views: 1 После цели 12 години, фестивалот Охридско лето ќе биде отворен со македонска тетарска претстава. Елизабета Јанкулоска, директорот на фестивалот, најави дека програмата е веќе утврдена и кажа дека ова 52-ро издание на фестивалот, во целост ќе биде посветено на уметниците и уметничките вредности. „Сега дозволете ми со голема чест и задоволство да ве информирам дека отворањето на Фестивалот „Охридско лето 2012 година“, ќе биде со театарскиот оратриум Ромео и Јулија, кој во себе ќе ги обедени музичко сценските уметности, тетатрот, операта, балетот и музиката. Многу се радувам...

Continue reading

Елизабета Јанкулоска

Проблемите во „Охридско лето“ ќе се решат

Post Views: 1 Директорката Елизабета Јанкуловска истакна дека управата на фестивалот паралелно со подготовките за неговото 52-то издание, работи и на справувањето со финансиските и останатите проблеми со кои се соочува оваа националната установа. „ Во финансискиот дел, забелешки има, имаме обврски од нив не бегаме. Обврските ги вклопивме, направивме , кои ќе ги оствариме оваа година со што ќе можеме да се пофалиме на некој од наредните пресови дека и тоа прашање го завршивме, асега ќе кажеме дека буџетот на фестивалот нема да биде оптеретен и нема да  биде на сметка на квалитетот...

Continue reading

petreski srce

Охрид шампион во туризмот

Post Views: 6 „Златното туристичко срце“, светна во кабинетот на градоначалникот Александар Петрески. Охрид се закити со ова престижна награда како шампион на културниот туризам во Југоисточна Европа за 2011 год. Не е прв пат општината да е добитник на ова високо признание, во една силна конкуренција со атрактивните туристички дестинации од Србија, Хрватска, Словенија,Босна и Херцеговина, Турција, Албанија, Романија Кипар Малта и Грција, вели градоначалникот. „Ние и пред некоја година добивме награда и сме многу среќни што успеваме покрај се поголемата и поголемата конкуренција, сепак...

Continue reading

плостад

Одмор или кошмар

Post Views: 0 Годишниот одмор од задоволство може да се претвори во кошмар. На туристите кои доаѓаат да одмараат на охридско-струшката ривиера им се препорачува добро да се грижат за своите лични предмети. Хотелиерите од Охрид и Струга тврдат дека ги превзеле сите мерки за гостите ова лето да имаат што побезбеден одмор. Гоце Тасески од хотелот „Инекс Горица“ вели дека во нивниот хотел поставени се безбедоносни камери како би ги заштитиле гостите од крадците, но потенцира дека и гостите треба да се едуцираат како самите да се зштитат од опасностите кои ги демнат. Според податоците...

Continue reading

sdsm

Двапати крои, еднаш сечи

Post Views: 4 Во општинската организација на СДСМ наголемо се подготвуваат за предстојните локални избори. Тие пред се работат со своето членстви и симпатизери на терен, но големо внимание посветуваат и на политички неопределените граѓани. Ставот на централата на СДСМ во Скопје е до крајот на јуни да се истакнат кандидатите за идните градоначалници. За Охрид веќе се споменуваат две имиња. Тоа е името на актуелниот Градоначалник Александар Петрески и името на претседателот на Општинската организација, Науме Јованоски. Кој ќе биде кандидатот за првата градска фотеља ќе одлучат резултатите...

Continue reading

Jonce Trajkoski

Станови се градат, но не се купуваат

Post Views: 17 Драстично намалена продажбата на станови во Охрид во споредба со минатите години. Сопствениците на агенции за недвижности велат дека продажбата им опаднала за дури  70 до 80 %, но дека не ги плаши само тоа што не се продаваат станови, туку тоа што луѓето воопшто не прашуваат за купување на станови. Но, за вака лошата моментална состојба Сопствениците на агенции, вината ја насочуваат во економската криза, но и предимензионираната градба во градот. „Сите инвеститори преќутно кажуваа дека продваат, но општ е заклучокот дека многу малку станови се продаваат. Неможе да...

Continue reading

volonter

Охриѓани најмногу донираат финансиски средства и храна

Post Views: 4 Иако според Светскиот индекс на донирање, Македонија многу ниско котира, тоа дефинитивно не е случај со Охрид. Доказ за тоа е успешно спроведената Недела на солидарноста, од страна на младите волонтери од Општинската организација на црвениот Крст од Охрид. Марија и Ангела се само мал дел од триесеттината волонтери од Клубот на млади при О.О. на Црвениот крст  од  Охрид, кои ја спроведуваат Неделата на солидарноста. Обележени со обележја на Црвениот крст  и наоружани со промотивни материјали, добра воља и голема желба да помогнат кога е најпотребно, тие од врата до врата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top