Post Views: 20
Камерниот оркестар на Македонска филхармонија од денеска до 7 јули ќе одржи концерти во Република Полска, на кои ќе бидат изведени дела на Едвард Елгар, Бенџамин Биртн, Димитрие Бужаровски и на полскиот композитор Војцех Килар.
– Гостувањето во Полска претставува продолжување на меѓународната соработка која ја има Македонска филхармонија. Значајно е филхармонијата да го доизгради својот имиџ не само во Македонија туку и во светот. Ова гостување е на покана на нашиот чест гостин диригент маестро Јануш Пшибилски. Голема чест и задоволство за нас е да се претставиме...
Post Views: 7
Од утре почнува исплатата на јануарските пензии во деловните банки, за пензионерите кои не користат платежни картички.
И овојпат исплатата оди по групи, а први се исплаќаат најниските пензии до 11 000 денари.
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.01.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплата да се изврши на 27.01.2021 година (среда);
– За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплата да се изврши на 28.01.2021 година (четврток), и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.01.2021...
Post Views: 0
Владата на Република Северна Македонија подготви безбеден и строго контролиран автобуски превоз за нашите сограѓани кои ни пристигнуваат денеска со летовите од Виена и Базел.
За 180 патници од летот од Виена во 13:55 часот, обезбедуваме транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, до хотелите „Дрим“ во Струга и „ЕСМ Славија“ во Попова Шапка, каде граѓаните ќе престојуваат следните 14 дена во задолжителен државен карантин.
Согласно протоколите за државни карантини, 180 наши граѓани кои денеска пристигнуваат...
Post Views: 2
Американскиот претседател Барак Обама вчера ја исклучил можноста за американско вклучување во случувањата во Украина, заговарајќи дипломатско решение во спорот помеѓу Русија и Украина за Крим.
„Нема да се вовлечеме во воен излет во Украина“, рекол Обама во интервју за една американска телевизиска станица. “Нема да предизвикаме војна со Русија“, нагласил американскиот претседател.
Обама, кој претходно воведе санкции за 11 официјални лица од Русија и Украина, рекол дека САД ќе ги поддржи дипломатските активности како би се направил притисок на Русија.
„Постои подобар пат...
Post Views: 0
Mеморандум за разбирање и соработка денеска треба да потпишат македонското министерство за информатичко општество и УСАИД.
Со потпишувањето на документот треба да се создадат услови за ефектно спроведување на Проектот е – Влада, се наведува во соопштението.
Меморандумот треба да помогне и во соработката за прашањата релевантни за воспоставување на опкружување кое ќе обезбеди стабилен, конзистентен, планиран, ефикасен и стручен процес на развој на електронските комуникации во Македонија.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Наместо со првите одлуки од 5-тиот сет економски мерки Владата итно да помогне на најпогодените индустрии од пандемијата Ковид-19 носи одлука со која на Стопанската комора на Македонија односно опфатените предлог листи на производи на компаниите “локомотиви” членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија им поклонува неповратна помош во висина од 162,4 милиони евра во 2021 година, која одлука е всушност прва усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците...
Post Views: 2
Механизација синоќа се упати кон опожарената дива депонија во Струга, со цел да овозможи услови за нејзино гаснење, информираат од граѓанската иницијатива “Доста е“.
„На запалената депонија пристигна булдожер и камиони со тампон. Тие вечерва ќе работат на овозможување пристап на противпожарните возила и камиони со земја до запалените делови на депонијата.“-соопшти граѓанската иницијатива “Доста е“.
Граѓаните на Струга денеска масовно излегоа на протест од кој побараа итна санација и дислокација на дивата депонија која го загадува градот со месеци.
Post Views: 3
Американските власти четири години воделе истрага околу техничките грешки во возилата на Тојота кои би можеле да бидат поврзани со сообраќајните несреќи во 2010 година во САД.
Поради тие технички проблеми Тојота мораше да повлече 10 милиони возила. Возилата имале проблем со сопирачките, педалите за гас и подметнувачите кои беа причина за заглавување на педалата за гас.
Тојота беше обвинета дека ги минимизирала тие проблеми. Со постигнатиот договор јапонската компанија ќе избегне кривично гонење.
Американскиот државен обвинител Ерик Холдер рекол дека Тојота “намерно прикривала...
Post Views: 1
Македонска делегација предводена од министрите за надворешни работи и за одбрана, Антонио Милошоски и Зоран Коњановски, денеска во Брисел, ќе одржи состанок со Северно-атлантскиот совет (НАЦ).
На состанокот ќе учествуваат претставници и експерти од надлежните државни интитуции инволвирани во процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО. Во име на Алијансата, со состанокот ќе претседава Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер. Состанокот на Северноатланскиот совет на НАТО (НАЦ) со Република Македонија е редовна средба на НАТО со земјите аспиранти за...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (24/25.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 420 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Post Views: 0
Припадниците на проруските кримски единици за самоодбрана, соопштиле дека го заробиле командантот на морнарицата на Украина Сергеј Гајдук.
Тие денес заедно со руските сили ја завзеле базата на украинската морнарица во Севастопол. Игор Јескин, претставникот на руските сили на местото на инцидентот во украинската база, им изјавил на новинарите дека “Гајдук бил блокиран и немал каде да оди”.
Портпаролот на украинското министерство за одбрана, Владислав Селезњев, рекол дека, во меѓувреме преку Фејсбук, проруските сили го завземале влезот во украинската база на морнарицата...
Post Views: 0
Македонија и Грција треба итно да го решат прашањето за името, порача државниот министер во германското министерство за надворешни работи, Гернот Ерлер.
– Политичарите во двете земји треба да создадат услови за заеднички прифатливо компромисно решение, рече германскиот дипломат и ги охрабри Скопје и Атина да се стремат кон решение, јавува Макфакс.
Ерлер коментарите за името ги даде во контекст на македонското приближување кон Европската унија на конференција за релациите меѓу Унијата и Западниот Балкан во вторникот во Берлин. Тој потсети дека Македонија се стреми...