Post Views: 0
Македонија денеска треба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг да го поднесе меморандумот со писмените докази во спорот против Грција.
Државава ја тужи Грција за прекршување на Времената спогодба од 1995 година, поради ветото за приемот на Македонија во НАТО лани во април на самитот во Букурешт.
Меморандумот покрај другото ќе ги содржи изјавите на официјални грчки претставници и текстови кои можат да послужат како аргумент во процесот.
Грција треба да одговори со своите аргументи во јануари годинава, по што процесот продолжува следната година.
{loadposition...
Post Views: 0
По ревизија на податоците, официјалниот број на починати како последица од коронавирус во Перу се зголеми на преку 180.000, како што потврди и премиерката Виолета Бермудез. Со тоа земјата со 33 милиони жители стана прва во светот по смртност од коронавирус во однос на вкупниот број население.Причина за зголемувањето на бројот на починати во јужноамериканската земја е проширувањето на официјалите критериуми за смртните случаи кои се базираат на зараза со вирусот.Експертска група дошла до заклучок дека претходно важечката бројка од 69.000 жртви на коронавирус е прениска....
Post Views: 4
Во сабота 30 јануари, во Скопје, против Голдент Арт КЛ7, охридскиот градски ракометен клуб ги започнува контролните натпревари во подготвителниот период.
Натпреварите од плејофот стартуваат на почетокот на март. Се натпреваруваат осум екипи, ќе се играат по седум кола дома и во гости, или вкупно 14 кола. Победникот во плејофот е победник и шампион на првенството. РК Бутел Скопје ќе биде прв противник на ГРК Охрид.
Post Views: 3
Европскиот завод за статистика, Евростат, излеол со податоци за минималните плати во јануари кои значително варирале од 174 евра во Бугарија до 1921 евро во Луксембург.
Кога ќе се земат во предвид ценовните разлики помеѓу државите, диспаритетот помеѓу членките на ЕУ изнесува 1:11 (изразено во евра) односно 1:5 спрема стандардот на куповната моќ.
Евростат ги рангирал земјите на ЕУ во три групи спрема нивото на минимална плата.
Првата група ја сочинуваат земји со минимална плата под 500 евра и во неа се наоѓаат: Бугарија, Романија, Летонија, Литванија, Чешка, Естонија,...
Post Views: 4
Отворен ден на Министерството за образование и наука(МОН) се одржa денеска во Охрид.
Целта на средбата е граѓаните а дадат свои предлози и сугестии за решавање на одредени проблеми во образованието.
Иако во сенка на денешниот маратон се одржа отворен ден на МОН. Посетителите засегнати со свои проблеми, дадоа одредени сугестии за за решавање на одредени прашања во врска со образованиот процес.
Согласно конкурсот објавен од МОН во првиот уписен рок се запишани 92% од учениците кои следат настава на Македонски јазик. Во министерството се презадоволни од овој резултат...
Post Views: 10
Во текот на изминатото деноноќие (27/28.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 365 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.
Post Views: 0
Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.
Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на Ковид-19.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје- 7, Куманово-7,...
Post Views: 6
Обвинети сме за загрозување на националната сигурност, рекол заменик главниот уредник на „The Guardian”, Пол Џонсон, додека на главниот уредник на весникот му било речено дека премиерот, заменик премиерот, шефот на дипломатијата, и главниот обвинител имале проблем поради „The Guardian”, пренесува агенцијата AFP.
Британската тајна служба се заканила дека ќе го затворои весникот поради објавување на документи за американското масовно прислушкување кои им ги доставил одбегнатиот американски разузнувач Едвард Сноуден.
Британските и американските функционери потполно различно...
Post Views: 0
Два земјотреса чиј епицентар се наоѓа на околу 110 км јужно од Скопје, а десет километри југоисточно од Битола, се почувствувани вчера во битолското епицентрално подрачје.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, првиот земјотрес се случил во 17 часот и 23 минути и бил со јачина од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.
Вториот земјотрес со јачина од три степени според истата скала се случил пет минути подоцна.
Земјотресот се почувствувал во повисоките згради во Битола,а не се регистрирани евентуални штети.
{loadposition...
Post Views: 0
Во најновиот објавен Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл Северна Македонија е рангирана на 111-то место со 35 бодови.
Индексот користи скала на бодови од нула (многу корумпирана земја) до 100 (некорумпирана земја). Ова место Македонија го дели со Босна и Херцеговина и Монголија. Во регионот пред Македонија се Хрватска на 63-то место, Црна Гора на 67-то, Бугарија на 69-то, Србија на 94-то и Косово на 104-то место. На врвот, првото место го делат Данска и Нов Зеланд со 88 бодови. Следуваат Финска, Сингапур, Шведска, Швајцарија, Норвешка Холандија...
Post Views: 2
Македонските генијалци, покажаа како кантариoнот ги убива бактериите во човечкиот организм. Тоа на средношколците од приватниот колеџ Јахја Кемал, од Струга им го донесе второто место на Олимпијадата за генијалци која и оваа година се одржа во Освего универзитетот во САД. Јас и мојата другарка постојано бевме окупирани со тоа како нашата идеја да ја преточиме во стварност, вели Зафер Муарем ученик во „Јахја Кемал“. Тоа практично и го докажавме, со денови и ноќи работевме на нашиот пронајдок и во тоа успеавме, се надополнува на него и неговата другарка со која ја дели...
Post Views: 9
Во борбата за подобра заработувачка и услови за работа, вработените на аеродромите и јавните служби во германските покраини, се наоѓаат во предупредувачки штрајк кој како што пренесуваат германските медиуми, ги погодил аеродромите во Франкфурт, Минхен, Келн, Дизелдорф, Хамбург, Хановер, Штутгарт…
Поради штрајковите во јавните служби ширум германија и на аеродромите, дошло до големи доцнења и откажувања на летови, а само во Франкфурт, најфреквентниот аеродром, има околу 2500 штрајкувачи, пренесуваат германските медиуми.
Луфтханза уште вчера анулирала 600 летови...