Post Views: 9
Целото тврдење дека вакцината го убила Данецот Џорџ Олесен е манипулација. Да, тој бил вакциниран, но во постот е испуштено да се каже дека се соочувал со други здравствени проблеми повеќе години наназад. Исто така, Олесен не е сегашен, туку поранешен најсилен човек на светот. Кога починал имал 60 години, а дански шампион во супертешка категорија во кревање тегови станал во 1983 година.
Објава на Фејсбук објава тврди дека наводно најсилниот човек на светот, Џорџ Олесен од Данска, починал поради примена вакцина. Вака споделена информацијата, на која ѝ недостасува соодветен...
Post Views: 3
Колумбиските вооружени сили го уапсија моментално најмоќниот дилер на дрога по смртта на озлогласениот Пабло Ескобар, Даир Антонио Усугу, познат како Отониел, водачот на моќниот картел Клан дел Голфо (Клан на Заливот), кој бил уапсен во една од колумбиските џунгли, пишува Гардијан.
Разузнавачките служби предводени од САД и Велика Британија дале доволно информации за да им овозможат на повеќе од 500 војници и припадници на колумбиските специјални сили да го уапсат Отониел заедно со осум членови од неговото обезбедување, кои постојано го следеле, соопштија Властите.
Името...
Post Views: 2
Ставен под контрола пожарот на Јабланица, кој три денови беснее помеѓу селата Долна Белица и Вишни. Пламените јазици и силниот ветер синоќа предизвикаа страв и паника кај жителите на селото Вишни. Денес пожарникарите и Македонски шуми смируваат, велат нема опасност од проширување на огнот.
Теренот каде што гори и сеуште се гледа чадот е непристапен, не може да се гасне. Надлежните будно ја следат состојбата.
Теренот е доста непристапен карпесто место со трева и тешко може да се пристапи. Во моментов го поминавме целиот терен и состојбата е задоволителна нема огниште...
Post Views: 12
Европската Унија ќе обезбеди 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови на борбата со пожарите кои избувнаа во Македонија кон крајот на јули.
Овие средства од ЕУ се поддржани и од националниот Црвен крст, кој ќе помага во испораката на потребната помош, вклучувајќи храна и други основни производи.
Корисници на оваа хуманитарна помош ќе бидат 12.600 погодени лица. Дел од хуманитарни средства се храна и хигиенски пакети, пакети за бебиња, сетови за прва помош, душеци, ќебиња, кујнски прибор и постелнина....
Post Views: 10
Не е точно дека дијабетесот може да се излечи за еден ден, сите „рецепти“ што ги објавуваат некои медиуми се непроверени и читателите треба да се консултираат со лекар доколку одлучат да ги користат. Досега здравствените установи во земјата но и меѓународните не прогласиле лек за дијабетес, пишува Порталб.мк.
Од Ардит Рамадани
Насловот на оваа вест е многу надежен за сите кои боледуваат од дијабетес, и додека новинарот објавил вест која е поврзана со здравјето, тој не ја проверил кај здравствените институции во земјава.
„Збогум Инсулин..!? Докторот од Каменица: Дијабетесот...
Post Views: 3
На 18.02.2022 година од 12 до 17 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид, регистрирале и санкционирале 4 возачи кои не одстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.
Дополнително, затекнале 11 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (01 надвор од населено место и 10 во населено место). СВР Охрид апелира на совесно и одговорно учество во сообраќајот и придржување до сообраќајните правила и прописи – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Post Views: 13
На 08.02.2022 во периодот од 11:00 до 16:00 часот на територијата на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците.
Притоа, биле откриени и санкционирани 30 пешаци (Охрид-14, Струга-11, Кичево-04, Дебар-01) кои поминале коловоз вон пешачки премин. Полициските службеници во Струга упатиле еден автобус на вонреден технички преглед, при што биле констатирани технички неисправности на уредот за сопирање – информираат од МВР.
Post Views: 0
Поголем број охридски урбани заедници се без месни одбори. Граѓаните се пасивни кога станува збор за организирано учество во месната самоуправа. Во период од годината кога се крои општинскиот буџет според граѓанските потреби во моментов нема организирана форма преку која жителите од УЗ ќе ги пренесуваат приоритетните барања до Локалната самоуправа за да се решат нивните потреби.
Ванчо Огненов, од граѓанското здружение „Чекоштина урбан“, поаѓајќи од нивното досегашно искуство ги појаснува причините за пасивноста на граѓаните во урбаните заедници. Напоменува дека со децении...
Post Views: 7
Наспроти тврдењата искажани во постот, фактите говорат дека вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи. Дури 75 отсто од починатите од компликации од ковид-19 во земјава се невакцинирани лица. Оние кои починале и покрај двете дози вакцина, имале сериозни здравствени проблеми и низа коморбидитети. Токму затоа Националниот комитет за вакцинација даде препорака да се прими трета доза вакцина или популарно наречена бустер доза, која е од клучно значење за постарите лица и за лицата со коморбидитети.
Во пост на Фејсбук,...
Post Views: 2
Американската војска соопшти дека вчера убила висок водач на Ал Каеда во воздушен напад во северозападна Сирија. Мајор Џон Ригсби, портпарол на Централната команда на САД, потврди дека Абдул Хамид ал Матар е убиен во напад со беспилотно летало.
Ригсби рече дека ликвидацијата на Ал-Матара ќе ја наруши „способноста на Ал Каеда за понатамошно планирање и извршување на глобални напади кои им се закануваат на американските граѓани, американските партнери и невините цивили“. Тој додаде дека Ал Каеда „ја користи Сирија како база за закани за Сирија, Ирак и пошироко“.
Нападот...
Post Views: 4
Пожарот на Јабланица вечерва стигна во непосредна близина на струшкото село Вишни. Веќе втор ден гори планината, во близина на Вишни и над селото Октиси.
Граѓаните се револтирани и коментираат на социјалните мрежи дека состојбата е алармантна и дека не смее да се дозволи опуштеноста со која му се пријде на неодамнешниот пожар на планината Галичица, кога малку фалеше состојбата да излезе од контрола.
извор: ОхридПрес фото: Тоше Танески ФБ
Post Views: 4
Компанијата „DM“ донираше 50 инфузиони пумпи во вкупна вредност од речиси 4 милиони денари во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Со оваа донација компанијата има за цел да придонесе во борбата против корона вирусот, но и да ја подобри опремата за сите пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја.
дм дрогерие маркт како општествено одговорна компанија активно го поддржува здравствениот систем од почетокот на пандемијата, во прилог на што говорат повеќекратно извршените донации на медицинска опрема потребна за повеќе болници...