Post Views: 2
Уапсена криминалната група која изврши вооружени грабежи и разбојништво во златарите во Охрид, Струга и Дебар. Како што истакна директорот на македонското биро за јавна безбедност, Митко Чавков тоа пред се се должи на добрата соработка со албанското МВР. Додаде дека успешната реализација овој случај, било резултат на брза размена на информации и заеднички оперативни активности на македонската и албанската полиција .
„Се работи за кримиална групација која што има многу поширок меѓународен аспект во кримаиналните активности според заедничките информации тие се албански...
Post Views: 4
Она што се случи во Отава е аларм за узбуна и во Лондон, тврдат лабуристичките пратеници во Парламентот.
Туристичките тури околу зградата на Парламентот во Лондон станале опасни, сметаат некои од пратениците. Имено, разузнувачките служби тврдат дека исламистичките екстремисти се уфрлуваат во разгледувањето на Парламентот за да добијат што повеќе информации за зградата, внатре и однадвор. Стравуваат, дека и во Лондон би можело да се случи она што се случи во Канада, пишува Daily Mail.
Поради ова на посетителите на Парламентот им е забрането фотографирање во внатрешноста...
Post Views: 4
Прв пред охриѓани и гостите, коалиционите партнери како и членовите на извршниот одбор на Охрид и пратениците се обрати председателот на партијата Зоран Заев. Тој зборуваше за актуелните случувања во државата, за тешката економска состојба во која се наоѓаат граѓаните, но и за мерките што СДСМ ќе ги превземе доколку дојде на власт.
„Ја најави Заев бомбата и најави арггументации и докази против власта, се нема случено експлозијата, бомбардирањето е започнаот во државата.Гледате дека од сите страни се ниша власта.Ова што овие денови им се случува како инает и непопуштање,...
Post Views: 1
Од МЈП „Проаква“ Р.Е Водовод, информираа дека денес во периодот од 8:30 до 14 часот ќе има прекин на водоснабдувањето на сите улици во населбата „Гоце Делчев“.
Слиужбите на меѓуопштинското јавно претпријатие објаснуваат дека прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на главна водоводна линија.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Виртуелниот земјотрес во Јадранското море, после кој ќе следи и разорно џунами ќе се случи на 30-ти март во 04:02 часот, ќе ги зафати сите екс-југосоловенски републики, освен Словенија и ќе усмрти десетина илјади луѓе, а зад себе ќе остави хаос и голема материјална штета.Иако на прв поглед изгледа дека станува збор за „несолена првоаприлска шега“, станува збор за интернет вежба на Центарот за истражување на државниот универзитет во Сан Диего
Вежбата наречена „X24 Europa“, ќе се спроведе за да се истражи моќта на социјалните медиуми и користење на ресурсите на интернет...
Post Views: 3
Светна новогодишната елка на градскиот плоштад , чин со кој Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и официјално го означи почетокот на новогодишните празнувања во нашиот град.
Никогаш досега на градскиот плоштад немало толку многу помошници на Дедо Мраз. Стотина дечиња од градинката Јасна Ристеска и младите танчери од студиото за танци „Соната“ со своите песни и танци го најавија доаѓањето на Новата Година. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески информираше дека годинава празнувањата ќе започнат на 22-ри декември, а во десетдневната програма ќе има содржини...
Post Views: 1
Правата на жените на завидно ниво во вевчанските институции. За тоа се залага комисијата за родова еднаквост, преку соработка со локалната самоуправа и други институции.
Во образованието, здравството и други институции во Вевчани, жената е доминантен фактор. Подигнување на свеста и улогата на жената во општеството е главна цел на комисијата за родова еднаквост. Од неодамна во општина Вевчани назначен е нов претседател на оваа комисија, Елена Ангеличиноска. Таа за ТВМ потенцираше дека „досега на полето на унапредувањето на жената во општеството и нејзините права направено...
Post Views: 5
Неизвесно е поставувањето на 6 те типизирани куќарки на градскиот плоштад за престојните празници. Нивната судбина зависи од тоа дали или не годинава ќе се постави лизгалиштето, како што изјави ракводителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.
„Претпоставувам дека доколку се јават заинтересирани оператори и се постави лизгалиштето ќе се пријави интерес за поставување и на такви куќарки, се зависи од тоа дали ќе имаме поставување на лизгалиште а се разбира дека тоа понатаму ги повлекува и другите содржини кои ќе бидат околу него“ – изјави Апостолов.
Само за потсетување, минатата...
Post Views: 1
На десетина дена до истекот на рокот, деновиве е урната уште една атрактивна плажа на брегот на Охридското Езеро, плажата Atlantic Beach во Елешец, јави порталот Ohridpress.com.mk.
Тешката механизација е се’ уште на лице место, каде се расчистуваат разурнатите објекти и инфраструктурата на плажата. На овој потег, се расчистуваа и објектите на плажата пред Авто кампот Елешец, кој е пред плажата Atlantic Beach.
фото: Ohridpress.com.mk
Post Views: 6
Предновогодишната забава во очи пречекот на 2015 година ќе започне од 22 и ќе трае до 31 декември. Петар Нечоски и охридскиот бенд Камелеон ќе ја загреваат атмосферата за новогодишната ноќ во Охрид, а Нова година на охриѓани и сите останати гости ќе им ја честита Владо Јанески. Раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов на денешната прес конференција информира за сите новогодишни активности.
„На градскиот плоштад ќе се одвива богата културно уметничка програма која што во работните денови ќе биде во терминот од 18 до 20 часот додека за викендите од 12 до 18 при што на неа...
Post Views: 2
Времените објекти низ градов дел отстранети, а дел не. Веќе половина година трае акцијата која ја презеде локалната за отстранување на овие градби од времен карактер од атрактивните локации во централното градско подрачје. Дел од сопствениците на времените објекти кои сеуште не се отстранети а кои редовно ги подмирувале давачките кон државата и локалната сметаат дека до тоа воопшто нема да дојде. Некои сопственици пак се на мислење дека поради тоа што објектот континуирано работи нема да биде отстранет. Се тешат дека локалната досега ги отстранила само оние што биле...
Post Views: 7
Alan Eustace, еден од главните извршни директори на Google во потполна тајност скокнал од работ на вселената и го обори рекордот на Felix Baumgartner поставен пред две години, пишува британскиот Telegraph.
57-годишниот Eustace скокнал од 41.842 метри, а својата небеска авантура ја започнал од напуштениот аеродром во Њу Мексико.
Откако му требале 2 часа да се искачи на висина од 41.000 метри, се спуштал кон Земјата со брзина од 1.287 километри на час во слободен пад кој траел 4,5 минути.
За разлика од Baumgartner, Eustace сам го финансирал проектот, а се претпоставува...