Ангел Карали и Бојан Спасеноски победници на натпреварот за „Најдобар младински бизнис план’

Post Views: 0 Беа формирани три младински клубови во градовите Штип, Охрид и Гостивар, каде членуваа средношколци од стручни училишта кои беа менторирани и подучувани за претприемништвото од македонски експерти во различни категории. Идејата на младите Карали и Спасеноски претставува иновативна автоперална која преку мобилна апликација овозможува да се направи нарачка за чистење на автомобил, кој вработените ќе го преземат и ќе го вратат назад. Велат дека идејата им дошла спонтано и дека навистина им е потребна поддршка на младите за реализирање на нивните идеи. „Ова е голем поттик...

Continue reading

stanovi

Легализацијата и урбанизацијата, причини што не оди бизнисот на агенциите за недвижности

Post Views: 1 Агенциите за недвижности се соочуваат со редици проблеми. Како што вели Александар Трајкоски, од ЕНХЕЛЕЈА  овие проблеми се провлекуваат 20 години нананзад.  Еден доста горлив проблем е што голем процент на недвижности во Охрид се продаваат приватно, односно на интернет сајтовите, како што појаснува Трајкски. „Има ситуација се продава куќа во центарот во стариот дел од градот. Таа куќа тогаш немало урбанистички, со некое авионско снимање влегла само под објект, така било и сега таа има имотен лист, меѓутоа катот не е легализиран или е надвор од габаритот или има некој...

Continue reading

trotoari Kosta Abras

Маси и столици или пешаци на тротоарот од ул.„Коста Абраш“ престојнава летна сезона?

Post Views: 19 Дали пешаците кои чекорат по улицата „Коста Абраш“ покрај самиот кеј на езерото во престојнава летна туристичка сезона ќе бидат побезбедни? Години наназад, граѓани кои гравитираат на овој потег реагираа дека наместо да чекорат по тротоарите кои се за нив наменети, тие се приморани да одат по коловоз, бидејќи на тротоарите се поставени маси, столици и друга урбана опрема. Од Секторот за урбанизам денес велат дека со годинешната програма за поставување на урбана опрема оваа ситуација веќе нема да ја има. „Во програмата што е донесена за 2015та на тој простор нема маси...

Continue reading

Потполно нов дизајн на паметен телефон

Post Views: 6 Иако Samsung и понатаму доминира со мобилниот пазар, оваа компанија во последните неколку квартали западна во проблеми и забележаа намалувања во бројот на испорачани паметни телефони и намалувања во профитот во однос на минатата година. Освен зголемениот притисок на кинеските компании, како Xioaomi кој им зеде голем удел на пазарот на ефтини телефони, во оваа компанија не се премногу задоволни ниту со продажбата на еден од своите најдобри телефони Galaxy S5 и потполно им е јасно дека за да привлечат нови корисници ќе мораат да претстават иновации на пазарот. Една од...

Continue reading

blato

Барањето за дебата за урбанизацијата на Студенчишко Блато не доби поддршка од владеачкото мнозинство

Post Views: 0 Не помина иницијативата и барањето на опозициските советници на денешната седница на советот да има поопширна дебата за урбанизацијата на Студенчишкото Блато. На седницата не присуствуваа ниту Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ниту претставници од Завод и Музеј од Охрид, Хидробиолошкиот Завод или пак еколошки друштва кои опозицијата пред неколку дена бараше да бидат поканети и да земат учество на денешната седница. „Она за што Бакрачески и ДПМНЕ тврдеа дека нема да го прифатат во нивната програма денес сме сведоци дека не само што оваа локална самоуправа...

Continue reading

ucenici

Државната матура, математички проблем за средношколците

Post Views: 1 Одлуката на МОН за воведувањето на математиката како задолжителен предмет за полагање на државна матура, ги вознемири средношколците во државава. За нив оваа одлука е непотребна и избрзана. Покрај математиката, матурантите ќе полагаат и англиски и мајчин јазик, како и еден интерен. Тестовите ќе бидат поделени во два дела, во писмена и во електронска форма. Дел од средношколците веќе три дена протестираат барајќи одлуката да се повлече. Што мислат средношколците од Гимназијата Св. Климент Охридски за овие новини во образованието. -Па не би требало математика да биде задолжителен...

Continue reading

srednoshkolci

Започнува запишувањето во средните училишта

Post Views: 3 Полуматурантите утре и задутре (17-ти и 18 јуни)  ќе се запишуваат во прва година средно образование во учебната 2011/2012 година. Согласно со објавениот Конкурс, на располагање се 35.394 слободни места во 1.041 паралелка. Од нив, 11.730 места во гимназиите, 22.814 во стручните училишта, 578 во уметничкото образование и 272 во спортската гимназија „Методија Митевски-Брицо“ во Скопје. Конкурсот нуди над 10.000 места повеќе од вкупниот број завршени осмоодделенци (25.152 според  податоците на МОН), со што тие имаат поголема можност за избор и професионална ориентација. На...

Continue reading

inovacii

Средствата за иновации, можност за нов бизнис

Post Views: 11 Добриот изум може да се претвори во успешна иновација. Компаниите и иноваторите денес во Охрид имаа можност да слушнат за финансирање на иновативните проекти и искуствата од регионот. Поддршката од државниот Фонд за иновации треба да резултира со нови работни места и примена на нови технологии, вели Катерина Кречева советник во одделението за подготовка на програми, додава дека преку тековниот оглас ќе се распределат 600 илјади евра за 20 компании. „Би скале да ги охрабриме сите заинтересирани компании или претприемачи кои што сакаат имаат идеја сакаат да развијат...

Continue reading

ezero

Охрид без Центар за безбедност на вода

Post Views: 3 Најавата од општинскиот Црвен крст, на брегот од Охридското езеро да биде организиран Центар за безбедност на вода е сеуште без реализација. Оваа вообичаена безбедносна пракса на сите поголеми и помали водени површини во светот кај нас доцни. Се обративме до Министерството  за транспорт и врски и до  Секторот за урбанизам на локалната самоуправа да разгледаат можни локации за овој центар. Но, за жал во тие фамозни урбанистички планови не се предвидени вакви центри кажува Сашо Точков претседател  на ОО на Црвен крст.Надлежните институциите засега се без слух за изнаоѓање...

Continue reading

hirurgija

Превенција за здрав бубрег

Post Views: 33 Бубрежната калкулоза или народно кажано камен во бубрег, не е ретка појава во охридско – струшкиот регион. Таа претставува метаболичко заболување и генетската предиспонираност се смета дека е 12%, вели  Д-р Крсте Стојаноски, уролог при општа болница Охрид. Тој  смета дека превенцијата е најдобар лек за здрав бубрег.  Додава дека секој човек превентивно еднаш годишно треба да направи лабараториски преглед, заради рано откривање на бубрежните заболувања. „Сите ендемски подрачја се претпоставува дека има нешто што пациентот прима редовно, и исто е фактор за тоа што охридско...

Continue reading

Промовирана школата за едрење во Охрид

Post Views: 0 „Со едрилици до зелено Охридско Езеро“ е концептот на едриличарската федерација на Македонија во кој спаѓа и едриличарската школа од Охрид која беше промовирана денес. Од едриличарската федерација перспективно членовите на оваа школа очекуваат поголеми успеси на државен и меѓународен план. „Градењето на еколошката свест, градењето на љубовта и грижата кон езерото, како и градењето на спортски дух се започнува од најмали нозе “ – вели Будимир Соколовиќ од едриличарската федерација на Македонија. Од едриличарскиот клуб „ Акватика Јахтинг “ велат дека интересот кај...

Continue reading

gotvaci praksa

Средношколци од Словенија приготвуваат македонски јадења и се запознаваат со убавините на Охрид

Post Views: 4 Средношколци од Словенија подготвуваат македонски традиционални јадења и се запознаваат со Охрид благодарение на Еразмус плус програмата за мобилност на средношколци и студенти. Учениците од Центарот за биотехника и туризам од Ново Место-Словенија петнаесетина дена ќе ги впиваат убавините на нашиот град, а ќе имаат и практична настава за приготвување на храна и послужување на гости. „Прв пат сме во Македонија, тоа за мене е многу интересно, бидејќи се запознав со македонците, кои се многу пријатни луѓе. Досега искуствата се прекрасни бидејќи ни покажуваат се што знаат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top