Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти

Post Views: 1 Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 28, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 18 болни. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 31 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекува 31 болен, а во Куманово 46 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19 Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани...

Continue reading

Путин ги прекинал сите дипломатски односи со САД

Post Views: 5 Владимир Путин, претседателот на Руската федерација, ги прекинал сите дипломатски односи со Белата куќа, пишува амерканскиот портал The Daily Beast, повикувајќи се на извори блиски до врвот на руската администрација. Ова во пракса значи дека Путин не разговара повеќе со Обама. Овој американски портал истакнува дека ова значи дека односите на Кремљ со Белата куќа на највисоко ниво се потполно прекинати и практично не постојат. Владимир Путин оваа одлука ја донел по засилениот притисок и засилувањето на санкциите на западот спрема Русија, а Игор Јургенс, политичкиот аналитичар...

Continue reading

aeromiting

Голем аеро митинг денес кај Битола

Post Views: 3 Голем аеромитинг ќе се одржи денеска на спортскиот аеродром во село Логоварди кај Битола. На аеромитингот во Битола кој се одржува по втор пат, ќе учествува и воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) на АРМ со два транспортни хеликоптери Ми-8/17, еден борбен хеликоптер Ми-24 и еден авион од типот ЗЛИН 242Л. Аеромитингот во Битола, чиј организатор е Аероклубот „Мирко Тодоровски“ од Битола, оваа година ќе има меѓународен карактер. {loadposition content9}

Continue reading

devojce

Струга е ризично подрачје кога станува збор за трговијата со деца

Post Views: 1 За да се намали оваа појава, недостасува поголема ажурност од ресорното министерсво, советуваат невладините организации. Од министерството за труд и социјална политика пак  велат дека со полна пареа работат на решавање на овој горлив проблем. Струга станува ризично подрачје во Македонија кога станува збор за трговијата со деца. Македонија не е повеќе земја на транзиција туку станува земја на потекло во злоупотреба на децата. Состојбата се повеќе се влошуваво земјава, и  Струга покрај другите градови  е место кое директно е инволвирано во вакви проблеми. Оваа го потврдуваат...

Continue reading

379 санкции за неносење маска

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие (11/12.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 379 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Continue reading

Имиња кои се забранети со закон

Post Views: 10 Во некои земји како Италија и Шведска забрането е да се дава име поради кое детето може да биде изложено на потсмев и срам. Anderson Презимиња кои треба да се во служба на име не се дозволени во Германија, како и имиња на објекти или производи. Германците треба да заборават да му дадат име на детето како Тобис, Квинс, Тејлор а истовремено мора да бидат специфицирани, односно да се знае дали се работи за женско или машко име. Bear (мечка) Во Малезија не може да му се даде име на дете по некое животно, овошје или зеленчук. Тоа е забрането со закон. Carolina Имиња кои...

Continue reading

Ilinden

Извлекувањето на „Илинден“ може да започне денескa

Post Views: 16 Извлекувањето на бродот Илинден, кој потона пред две недели во Охридското езеро, може да започне денеска. Ова за бугарската агенција Фокус го изјави Атанас Костов, раководител на бугарската страна на експертската група, која ја води истрагата за причините за бродоломот во кој загинаа 15 бугарски државјани. Бродот ќе се вади со помош на дваесетина воздушни балони и тоа во две фази – прво трупот на бродот ќе се одлепи од дното и ќе се подигне на површина. Во втората фаза бродот ќе биде одвлечен до брегот, каде ќе биде извршен увидот. Токму затоа што бродот е доказен...

Continue reading

deca

Детската недела се одбележа и во Струга

Post Views: 14 Родителите од децата од предшколските установи донираат облека со цел да им се помогне на оние деца од општина Пустец. Детската недела не ја заборавија Стружани. Предшколската установа 8-ми март со бројни активности ги обележа деновите посветени за детето. Членовите во детската градинка “Сонце“ како и „Пеперутка“ кои се во склоп  на „8-ми Март“ во текот на оваа недела се запознаваа со своите права и ја одбележаа со неколку активности. Во склоп на „Детската недела„ предшколската установа организира и хуманитарна акција. Родителите на децата кои се членови во градинките...

Continue reading

Продолжуваат градежните активности за реконструкција на детската градинка „Планински цвет”

Post Views: 0 Градежните активности за реконструкција на детската градинка “Планински цвет” – Вевчани се одвиваат интензиивно. Со овој проект предвидено е: спуштање на плафоните со хантер-даглас елементи, поставување на нова внатрешна расвета, набавка на играчки и реквизити, санација на ѕидовите и нивно фарбање, како и изградба на ново игралиште за децата опремено со нови најмодерни реквизити и урбана опрема. Средствата за овој проект се обезбедени преку проектот “Зајакнување на капацитетите на општинските совети” финансиран од Швајцарската агенција за развој SDC, администриран од...

Continue reading

ДОНАЦИИ ВО ОПРЕМА, ДОБРА И ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КОРОНА ВИРУСОТ

Post Views: 3 Министерството за здравство изразува голема благодарност до сите компании, поединци, организации, институции, амбасади кои со донации во опрема, добра и парични средства даваат поддршка во напорите на здравствените институции за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата. Особена благодарност упатуваме за потврдените донации од Европска Унија во вредност од 4 милиони евра и на САД кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот. Донациите во опрема и добра за Министерството за здравство вклучуваат медицинска опрема за потребите...

Continue reading

Приказна која дава надеж за верба во луѓето

Post Views: 2 Кога келнерката Кристина С. служела еден брачен пар во ресторан во Њу Џерси, не ни сонувала дека само по неколку разменети реченици толку ќе и ја разубави вечерта на начин со која се враќа вербата во луѓето. Додека парот нарачувал вечера, на зглобот од келнерката забележале дека има истетовирано шепа од куче. Ја прашале дали има милениче. Одговорот кој им го дала, толку ги разнежил што решиле да и помогнат. Имено, кучето од Кристина во тој момент се наоѓало во болница каде го оперирале бидејќи проголтало пластично топче. Хируршкиот зафат бил единствен начин да му се...

Continue reading

logo

Почнува снимањето на македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“

Post Views: 2 На повеќе локации во Скопје, Дебар и Куманово од денеска почнува снимањето на долгометражниот македонски игран филм „Панкот не е мртов“ на сценаристот и режисер Владимир Блажевски. Во филмот, кој ќе се снима 40 работни денови, Скопје е претставено како метропола, пандан на поголемите европски градови. Филмот е современа траги комедија или црна комедија која во извесна смисла се занимава со некои феномени на маргинална живеачка во Скопје. Во фокусот е една поранешна музичка панкерска група чии членови добиваат шанси повторно да се соберат. Филмот го следи тој процес на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top