pehar

Извидниците од охридски „Пионер“ повторно меѓу најдобрите

Post Views: 0   Извидничкиот Одред ПИОНЕР од Охрид на овогодинешните Републички СРЕДБИ НА ИЗВИДНИЦИ-СТРУГА 2015,одржани во периодот од 28-30.08.2015 година, зеде учество со две екипи на помлади извидници и една екипа од извидници. Средбите беа одлично организирани од одредот домаќин Извидничко-поречанскиот одред “Крсте Јон” од Струга,со гости од повеќе градови од РМ, при што учесниците имаа можност да ги покажат своите стекнати и научени животни вештини, комуникација преку семафорска сигнализација и морзеова азбука,урбана ориентација,полигони на спретност,тестови по општа...

Continue reading

Евгениј Поп-Ацев е победник на 29тиот Охридски пливачки маратон

Post Views: 0 Евгениј Поп-Ацев е победник на 29тиот Охридски пливачки маратон. Патеката Климе Савин, од Свети Наум до градското пристаниште, во должина од 30 километри Поп Ацев ја исплива во време од пет часа, 39 минути и 42 секунди. Тој стана првиот македонски пливач кој триумфирал во Охрид во последниве 29 години од возобновувањето na охридскиот маратон. На целта беше пречекан со силни емоции од охриѓани, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и од покровителот на трката, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој нашиот маратонец го овенча со победничкиот ловоров...

Continue reading

Таблетите и паметните телефони се причина за премалку сон кај децата

Post Views: 6 Децата кои имаат таблети и паметни телефони во своите соби спијат помалку од оние кои ги немаат до себе, покажала американската студија објавена неодамна. Децата со модерните играчки во своите соби спијат 21 минута помалку од оние кои ќе ги остават вон дофат, вели студијата објавена во часописот Pediatrics. Освен тоа, децата кои имаат телевизор во собата спијат 18 минути помалку од оние кои немаат далечински управувач до себе. “Овие резултати треба да бидат предупредување дека децата не треба да имаат неограничен пристап до екраните во своите соби”, вели Jenifer Falbe...

Continue reading

Охридскиот патлиџан и охридската цреша да се стават под заштита

Post Views: 10   Охрид ги има сите предиспозиции за да произведува здрава органска храна. Неговата специфична место положба, климатските услови, релативно чистата животна средина се првите предуслови за одгледување здрави производи. Ваквиот вид на храна е многу богата со минерали, се зголемува нејзината нутритивна вредност и е безбедна и висококвалитетна. Многу е важно да се зачуваат и автохтоните сорти на овошје и зеленчук. Охридскиот патлиџан, охридската цреша, пиперката на ниту едно друго место не успеваат и не се со таков квалитет како овде. Охридскиот регион е погоден за овие...

Continue reading

„Година без лето“ најдобра поетска книга меѓу две изданија на СВП

Post Views: 8 Книгата „Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра збирка поезија на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата за 2015 година. За книгата „Година без лето“ на Танчева Златева, претседателот на жири комисијата проф. Зоран Анчевски истакна дека ненаметливо но мошне успешно се појавува како видно освежување во годинешната поетска продукција. „Иако постојано присутно на македонската поетска сцена од последната деценија на минатиот век и почетокот на новиот милениум Танчева...

Continue reading

hard work

Македонците работат два часа дневно, исто толку време трошат и на јадење

Post Views: 13 Еден Македонец, на возраст од 20 до 74 години, во просек поминува два часа и 18 минути работејки, а скоро толку време троши и на конзумирање на храна и пијалоци, стои во податоците на државната статистика. Скоро 35 отсто од деноноќието, во просек еден Македонец, го поминува спиејќи, додека за слободни активности, кои се надвор од работните обврски, троши над два часа. Македонците може да бидат рамо до рамо со голем дел од развиените земји, бидејќи статистиката вели дека 81,9 отсто од семејствата имаат најмалку еден мобилен телефон, што е близу до светските стандарди. Не...

Continue reading

mal plostad

Малиот плоштад кај мини маркет го чека своето свечено пуштање во употреба

Post Views: 27 Стилски канделабри, вградени светилки, фонтана, мини амфи театар, клупи за одмор. Малиот плоштад кај мини маркет го доби својот конечен изглед. Се е подготвено за неговото свечено пуштање во употреба. Овој оплеменет простор, не ги остави рамнодушни граѓаните кои секојдневно поминуваат тука, а кои имаа можност и да следат како истиот постепено се градеше. Ги запрашавме охриѓани што тие мислат за изгледот на ова архитектонско решение. „Добро е, релативно добро е, не е лошо. Само едно му фали, и што фали во целиот град, нема никаде тоалет јавен, а тоа треба да се регулира,...

Continue reading

Misleshevo

Пуштен во употреба патот во село Мислешево

Post Views: 2 Оправдан отимизмот на жителите на струшкото село Мислешево. После пет години чекање конечно пуштен во употреба локалниот пат, од центарот на селото, па се до магистралниот пат М-4. Радоста кај жителите од селото огромна. Жителите од ова село, години наназат се справуваа со бројни проблеми кои се однесуваат на сообраќајната инфраструктура. Улиците со години беа во катастрофална состојба, а селаните  приморани секојдневно да трпат оштетувања на нивните автомобили. Претседателот на месната зедница од ова село, Бране Дамјаноски вели дека иако беа потребни речиси 5 години,...

Continue reading

gradinka

Градинката „Јасна Ристеска“ доби зелено светло за формирање на групи со поголем број на деца од законски предвидениот

Post Views: 3 Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе може да се формираат групи со помал односно поголем број на деца од законски предвидениот. Ваква одлука беше донесена на последна седница на Советот на општина Охрид, а на предлог на раководството на градинката.  Опозицијата беше воздржана во гласањето на предлог одлуката бидејќи велат дека ги разбирале и родителите, но според нив во објектите на „Јасна Ристеска“ во моментов веќе се згрижуваат 347 дечиња повеќе од предвиденото. Советничката од редовите на опозицијата, Оливија Јанева-Пирузева смета дека станува збор за големо отстапување...

Continue reading

Се укинуваат ковид мерките за излез од земјава, бремените да се вакцинираат и да се вратат на работа

Post Views: 9 Комисијата за заштита на населението од заразни болести до министерот за здравство Беким Сали денеска предложи две нови мерки. Прво, се укинува задолжителното поседување на негативен ПЦР тест, вакцинален сертификат или сертификат за прележаност за секој граѓанин кој ќе излезе од Македонија на граничен премин или на аеродром. Тука би сакал да појаснам дека не значи дека во земјите каде ќе треба да поседувате ковид тест или вакцинален сертификат или сертификат за прележаност дека нема да ви се бара, туку само дека при излез од земјава нема да биде потребен да се покаже...

Continue reading

kotor

„Охридско лето“ дел од фестивалската елита

Post Views: 6 Во црквата  Св.Дух  во Котор, Црна Гора, на  иницијатива на меѓународниот фестивал  КоторАрт беше  потпишана Которската  иницијатива,  Меморандум за соработка на четирите најзначајни регионални летни фестивали:  Меѓународниот фестивал КоторАрт (Црна Гора), Дубровнички летни игри (Хрватска), Фестивалот Љубљана (Словенија) и  Охридско лето (Македонија). Спогодбата  ја потпишаа  Ратимир Мартиновиќ (директор на  которАрт  Дон Бранкови денови на музика и  координатор на  сите програми на КоторАрт),  Младен Тарбук (интендант на Дубровничките летни игри), Дарко Брлек (директор...

Continue reading

ДА СЕ ОТСТРАНАТ НЕЛЕГАЛНО ПОСТАВЕНИТЕ ПРЕПРЕКИ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ

Post Views: 0 Општина Охрид упатува апел до сите охриѓани кои узурпирале јавни површини  сопственост на РСМ со поставување  тврди сообраќајни препреки како што се рампи, синџири, „триаголници“ за забрането паркирање  или други ознаки во најскоро време да ги отстранат истите. Во спротивно нелегално поставените препреки од понеделник (05.07 2021 г.)  ќе бидат отстранети од надлежните служби на Општина Охрид. Нелегалното поставување на сообраќајни препреки на јавни површини може да се пријавува на адреса:  inspektorat@ohrid.gov.mk.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top