Post Views: 1
Празниците тропаат на врата. Пречекот на Новата година е време кога сите си посакуваме најубави желби. По некое не пишано правило, често на прво место посакуваме добро здравје, а потоа љубов, слога, мир, за повеќето вработување, а се тоа зачинето со „ нешто повеќе пари“. Повеќе пари не е нескромна желба, бидејќи добро е познато дека парите може да направат многу, пред се да го олеснат патот за остварување на останатите желби. Анкета
„За Нова година останувам дома, новогодишна трпеза и тоа. Во Новата 2016 година посакувам добро здравје на сите“. „Со жена ми ќе одиме...
Post Views: 3
Клучот за зголемување на степенот на безбедност во сообраќајот е во континуирана едукација на најмладите, истакна претседателот на Советот за безбедност во сообраќајот Стефан Димоски. Денес ова тело ја одржа последната седница за годинава на која беа заокружени сите активности на Советот во периодот од јуни до декември месец годинава. Со цел подигнување на нивото на безбедност на сите учесници во сообраќајот, како и подигнување на нивото на јавна свест, Советот реализира низа проекти од едукативен и превентивен карактер со цел да се елиминираат можностите од сообраќајни...
Post Views: 5
Рускиот претседател настојувал да го одложи примирјето во Украина за 10 дена бидејќи сакал проруските сепаратисти да го превземат источниот дел на градот Дебалцев во областа Доњецк, пренесува Guardian од сознанија на ЕУ самитот во Брисел.
Три од четири лидери кои учествуваа на разговорите во Минск, германската канцеларка Меркел, францускиот претседател Олан и украинскиот претседател Порошенко, отпатуваа директно од Белорусија на самит во Брисел.
Известувајќи ги останатите лидери на 26 европски влади за преговорите кои резултираа со примирје, чиј почеток е планиран за...
Post Views: 22
Сојузот на спортови на Охрид ги избра најрепрезентативните спортисти за 2015та година. Со неговите одлични настапи за ракометниот клуб “Охрид 2013”, наградата најдобар спортист за 2015та година ја доби ракометарот Иван Тасески кој заедно со неговите соиграчи и стручниот штаб годинава бележат историски успеси во најсилната ракометна лига во земјава. Атлетичарката Мартина Мироска пак беше избрана за најуспешна спортистка за годинава што изминува. Доминацијата на РК Охрид 2013 се чини беше неизбежна, па така нашите гладијатори го добија и признанието за најдобра...
Post Views: 1
Лицата со оштетен слух и глувите лица во годинава што изминува после долгогодишна борба успеаја да се изборат за остварување на правото на глувост. Секое лице кое има оштетување на слухот над 80 децибели доби право на паричен надомест од 4000 ден. Славица Стефаноска, претседателот на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид вели дека ова има големо значење за лицата кои живеат во светот на тишината.
Овој надомест не е многу но ќе го збогати буџетот на овие лица. Тие сите се работоспособни и имаат свои примања, но ова ќе придонесе за еден поквалитетен живот и за...
Post Views: 0
Редок и несекојдневен феномен на прочистување на фреските од денеска претпладне почна да се случува во внатрешноста на познатата скопска црква Свети Великомаченик Димитрија.
Фреските во внатрешноста на црквата, на кои со години се таложеше чадот од изгорените свеќи што ги палеле верниците, постапно почнаа да ја добиваат својата природна боја. Наслагите од чадот почнаа да бледеат, а на површина излегуваше природната боја.Овој процес прво започна на фреската “Воведение на пресвета Богорoдица”, која што се наоѓа од десnата страна од влезот на црквата.
Во текот...
Post Views: 1
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ,1 јануари 2016 година (петок), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата 2016 Година.
Post Views: 8
Си ставив трн во здрава нога. Осумдесет годишната Вента Љабоска од Мислешево, струшко се охрабри јавно пред камерата на ТВМ да ја раскаже својата трогателна животна сторија.
После смртта на нејзиниот сопруг и двете деца старицата останала сама во својата скромна куќа. Самотијата и неможноста да се грижи за себе поради годините, ја натерало да склучи договор со семејството Спироски, за да ја догледа, а за возврат после нејзината смрт да им ја остави куќата. Но отогаш почнува нејзиниот кошмар. „Побарав само вода, касај леб и да ми го наместат креветот, а за возврат добив...
Post Views: 2
Не постои поубаво чувство од искрена детска насмевка. Дечињата од Охридската градинка „Јасна Ристеска“ и годинава на градскиот плоштад се забавуваа, пееја, играа. Малите Дедо Мразовци, принцезата Елса, самовили, срнички, беа најчестите ликови кои ова пладне можеше да ги регистрира нашата камера. Неколку нивни слатки зборови и инсерти навистина ќе ви ги стоплат срцата.
Денешниот ден е посветен на среќата , радоста и убавината, вели директорката Розе Костеска. И таа денес заедно со сите дечиња учествуваше на завршниот хепенинг.
„Како што доаѓа од година во година желбите...
Post Views: 2
Нуркачите од Амфора ја накитија подводната новогодишна елка. Овој веќе традиционален и необичен настан годинава се случува по четиринаесетти пат, а локацијата како и секоја година беше Заливот на коските кај Градиште.
По поставувањето и китењето на елката, нуркачите традиционално наздравија со подводно пиење на шампањско. Настанот на китење на подводната елка има огромно значење за промоцијата на Охрид, езерото како и Заливот на коските каде истата традиционално се поставува под вода. Инаку подвдводната елка како една своевидна атракција за новогодишните празници, претставува...
Post Views: 8
Пристигна најсовремената терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”, објави синоќа на својот Фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.
„Во моментов сме единствена земја во Западен Балкан за чии граѓани е достапен овој лек. Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)“ – Швајцарија, ја склучија 19 земји членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка. Лекот е за потребите на Клиниката за инфективни болести и ќе се дава на нехоспитализирани пациенти“,...
Post Views: 3
Дигиталните панорамски снимки на забите клучен елемент во поставувањето на точна стоматолошка дијагноза. во ерата на дигиталната револуција, дигиталната панорама според стоматолозите е навистина дострел во стоматологијата. Правилната дијагноза според д-р Емилија Стојаноска до стоматолошкиот центар “Д-р Баткоски” овозможува за правилен избор на третман и примена на правилна терапија а со тоа и постигнување на крајната цел на излекување на пациентот. Предностите на дигиталната панорама според д-р Стојаноска се бројни. Од неограничен број на снимања поради употребата...