свр

Кривична за измама и злоупотреба на лични податоци

Post Views: 2 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (31) од Струга. Во текот на ноември 2015 година, пријавениот  со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на неговиот пријател И.М. од Струга лажно му прикажал факти и го довел во заблуда, кажувајќи му дека познава луѓе од Скопје кои за одреден паричен надомест ќе му обезбедат работно место во Германија. Притоа, пријавениот побарал, и од И.М. во периодот ноември 2015-јануари 2016 година, добил вкупно 66.920,оо денари. Тој...

Continue reading

rodenden

100-от роденден на дедо Драган

Post Views: 19 Од готвењето храна во кафаната „Зелен венец“ во Белград, до одењето на лов во дримколскиот регион, дедо Драган Шуминоски си насобра животно искуство со неговите 100 години. Вчера тој го прослави својот 100ти роденден. Во придружба на баба Крстана, неговиот животен сопатник, поминале низ сито и решето, но си ја зачувале слогата и разбирањето. Целото нивно семејство се собра да го прослави роденденот на дедо Драган, а тој најдобро ја отпочна веселбата, изрецитира песна. Поминале повеќе од 60 години откако баба Крстана дошла во Боровец кај дедо Драган. Таа е 15 години...

Continue reading

свр

Поради имотен лист, кривични пријави за 5 лица

Post Views: 0 Станува збор за 61-годишната М.М., вработена во одделението за катастар на недвижности Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, против едно засега непознато лице вработено во Општина Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, 56-годишниот М.Ќ. од Биџево и 58-годишниот Н.М., адвокат од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „договор за извршување кривично дело“ и „поднесување...

Continue reading

Фејсбук објава шири дезинформација дека од вакцините се умира

Post Views: 0 Во нашата држава се аплицирани 1.662.152 дози на вакцини заклучно со 18.11.2021 година. Податоците од Министерството за здравство говорат дека 39 отсто од целата популација во нашата земја има примено вакцина против ковид-19, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина. Па, според конспирациската теорија којашто тврди дека вакцините предизвикуваат смрт на населението, ова би значело дека само во земјава треба да има значителен број на смртни случаи, кои во реалноста ги нема. Во постот се вели „од вакцините се умира и тоа како.“ Не се вели која е...

Continue reading

zabi snimka

Револуционерна стоматолошка алатка достапна во Охрид

Post Views: 1 Идентификација на кариес без штетните икс-зраци, идентификација на мали кариеси невидливи со други дијагностички методи, идентификација на кариеси под стари полнења кои што исто така не се видливи со други дијагностички методи, јасен мониторинг и јасни слики кои што секој може да ги разбере и да види која е неговата состојба. Ова се само дел од многуте можности кои ги нуди новата револуционерна стоматолошка алатка, Дијагнокам, дијагностичка камера за откривање на кариес. Оваа нова технологија веќе е присутна во Охрид и се применува во стоматолошкиот центар „Д-р. Баткоски“....

Continue reading

СЕ ОДЛОЖИ ПЛАНИРАНОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Post Views: 0 Поради неповолни временски услови, планираната теристичка (од земја) дезинсекција против комарци која требаше да се спроведе на 19.07.2021 година се одложи за 22.07.2021 (четврток). Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Теренијалното запрашување ќе се врши на територија на град Охрид и крајбрежниот појас на потег од с. Подмоље до х.Парк и подножјето на планината Галичица (нас. Б.Извори), како и на потег од река Грашница, Коселска Река, крајбрежје од автокамп Љубаништа до комплекс Св.Наум.  

Continue reading

Опасно свлечиште на патот кај Извидничко, Охрид

Post Views: 0   Опасно свлечиште на патот кај Извидничко, Охрид. Состојбата со асфалтираниот пат пред хотелот „Даљан“, е алармантна. Реката Даљан, го поткопува овој потег ја нагризува асфалтираната површина, создава брза ерозија, поткопување на горниот слој од површината, а претстои и сериозна опасност од лизгање на патот и да нанесе сериозни проблеми по безбедноста на возилата и луѓето кои се движат кон Извидничкиот одред и хотелот Даљан, алармира управителката на хотелот Славица Стефаноска. „Веќе еден месец кај што е известен Фондот за патишта и комунален развој за состојбата која...

Continue reading

Охридското пристаниште безбедно при невреме

Post Views: 3   На преминот од зима во пролет, старите охриѓани кажуваат дека не ретко од снегот што се топи по планините нашиот град го зафаќа невреме. Тогаш Охридското Езеро се бранува и на крајбрежјето носи бранови високи и по два метри. И деновиве при последното невреме кое го зафати нашиот град, дувал ветер со брзина од 80 км/час и биле забележани бранови во висина до 2 метри, информираа од охридската Капетанија на пристаништа на Македонија. Првиот човек Горан Устијаноски вели дека состојбата со пристаништата континуирано и будно ја следат нивните служби и сметаат дека охридското...

Continue reading

Добивала милиони да “прогледува низ прсти”?

Post Views: 0 Во моментот кога се очекува екс првата дама и државен секретар на САД, Хилари Клинтон да ја објави кандидатурата на претстоечките претседателски избори, протекоа информации дека на сметката на фондацијата на Клинтон пристигнувале милиони долари од странство за време на нејзиното лидерство на американската дипломатија. Во јавноста се поставува прашање – Дали Клинтон била во конфликт на интереси водејќи ја надворешната политика на САД спрема државите кои богато ја наградувале нејзината фондација. Washington Post овие трансакции ги нарекува – трговија со влијанието, земајќи...

Continue reading

Новите сметки на ЕВН ги збунија корисниците

Post Views: 2   На почетоков на годинава ЕВН Македонија ги дистрибуираше новите фактури за потрошена електрична енергија на своите корисници. Новите фактури, како што информираа од ЕВН, имаат поедноставен изглед, содржат повеќе инфомации и се поконцизни. Но за дел од корисниците новиот дизајн на факрурите е сосема нејасен, неразбирлив. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека покрај хроничниот проблем на долго чекање со часови пред наплатниот пункт на ЕВН и прескапата тарифа за потрошена електрична енергија, ова било капак на се. „Сепак мислам дека не е реална како што треба лично...

Continue reading

Завршна екскурзија во Будимпешта и Виена

Post Views: 3   Средното општинско стручно училоште „Св. Кирил и Методиј за прв пат од неговото основање организира завршна екскурзија. Вчера излезе и јавниот повик за прибираење понуди од туристичките агенции. Комисијата која е формирана и која ќе е задолжена околу организацијата на екскурзијата треба да ја одбере најповолната понуда. Според претходно извршената анкета на учениците тие ќе патуваат на дестинација Будимпешта- Виена. Ми се чини дека посетата на едно место е попродуктивно и поефикасно отколку посета на повеќе градови бидејќи на тој начин децата најголемиот дел од времето...

Continue reading

ribari

Денес официјално доделени концесиите за стопански риболов

Post Views: 0 Концесиите за стопански риболов во Охридското и Дојранското Езеро, како и акумулацијата Шпилје, денес и официјално доделени. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денес ги врачи договорите за концесија. Носител на концесијата за стопански риболов во Охридското Езеро ќе биде ПАСТРМКА 2012, за Дојранското,  ФИШИЛАН ДООЕЛ – НОВ ДОЈРАН, додека за Шпилје концесијата им припадна на ЗЗ ОХРИДСКА ПАСТРМКА – СТРУГА. Начините и условите за користење се утврдени во риболовните услови. Во риболовните основи воедно е одредена и висината на финансисксите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top