Учествувај и оформи си бенд – биди дел од АЛО 2 Фест

Post Views: 2 Фестивалот Алтернативнативно лето 2 и годинава, по втор пат, се организира во Охрид. Во тек е отворениот повик за волонтери на кој можат да се пријават сите на возраст од 14 до 35 години и тоа за учество во организација на фестивалот, а има простор за пријавување на млади и талентирани музичари кои сакаат да оформат свој бенд или група. „Првично рокот за пријавување беше до 10 јуни, поради екстерните тестирања, мислам дека во ред е на младите им отстапиме уште десет дена така што крајниот рок за пријавување годинава е до 20 јуни“. Паунковски информираше дека фестивалот...

Continue reading

Пристигнаа првите израелски туристи во Охрид

Post Views: 9 Пристигна првата група туристи од Израел. 110 те туристи кои од Тел Авив пристигнаа вчера со чартер-летот на израелската авиокомпанија „Аркиа“, беа дочекани со традиционалната македонска закуска, искршено лепче, а топло добредојде им посака првиот човек на градот Никола Бакрачески. Градоначалникот истакна дека ова значе почеток на нова ера на привлекување на гости и пријатели од Израел во Охрид. „Се надевам дека со воспоставување на овие чартер летови три пати неделно, ќе имаме можност да нашите другари од оваа пријателска држава ги гледаме на охридското крајбрежје ова...

Continue reading

Турција повторно блокира пристап до социјалните мрежи

Post Views: 2 Турција по втор пат годинава го блокира пристапот на YouTube и Twitter, пред парламентарните избори во јуни. Корисниците на интернет во Турција пријавиле проблеми со пристапот на соцјалните мрежи, а многумина пристапуваа на виртуелни приватни мрежи за да ја заобиколат блокадата. Спрема пишувањето на Hurriyet, турското обвинителство побарало забрана на социјалните мрежи откако минатата недела по интернет кружеа фотографии на левичарски милитанти кои го киднапираа обвинителот, а притоа беа убиени тој и двајца милитанти. Забраната за Facebook е укината откако компанијата...

Continue reading

Викендов започнува Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Post Views: 2 Од утре до 26-ти јуни во Охрид ќе се одржува 49-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Семинарот ќе се одржува во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во рамките на семинарот ќе се одбележат „1100-годишнината од смртта на Св. Климент Охридски, основоположник на Охридската книжевна школа“, „70 години од објавувањето на првата граматика на современиот македонски јазик“ и „70 години од објавувањето на првите книги за деца на современ македонски јазик“, ќе се одржи Меѓународна научна конференција на која македонските и странските...

Continue reading

Започнува потрагата по Ристе Алексиески

Post Views: 6 Семејството на 48-годишниот Ристе Алексиески, кој веќе седми ден е исчезнат, денес 10-ти јуни организира потрага по него. На Алексиески од трети овој месец му се губи секаква трага. Сите граѓани кои сакаат да помогнат да дојдат во селото Мешеишта во 07:30 часот. Повеќе информации можат да добијат на телефонот 077/738-691. Веќе шести ден, семејството на Ристе Алексиески трага по него, откако заминал да бере печурки и не се вратил дома. Тие испраќаат замолница до сите граѓани, доколку имаат било каква информација да ги контактираат и на телефоните: 075/229-740, 072/768-562...

Continue reading

logo

Завршија Локалните избори 2013?!

Post Views: 7 Со 14.566 гласови за Жерновски, наспроти 11.760 за актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, од опозицискиот штаб јавија дека Жерновски извојувал победа во Центар со разлика од 3038 гласови. Честитка му упати ИлијаДимовски, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победиле во две од четирите општини на вчерашното гласање. Демократската партија на Албанците во Струга прогласи победа на нивниот кандидат за градоначалник Зијадин Села.По прегласувањето на вториот круг во девет избирачки места во општината, Села ја...

Continue reading

Охридскиот Архив го одбележа Меѓународниот ден на архивите

Post Views: 9 Денеска светот го одбележува Меѓународниот ден на архивите. Овој ден се одбележува со цел да се зголеми јавната свест за архивскиот материјал, за неговото чување и заштитата, за подобрување на пристапот до него, промовирање на ретките документи и создавање подобра слика за архивските институции и нивна отвореност на глобално ниво. Првиот човек на регионалното одделение на Државниот Архив на РМ во Охрид, Славица Јанкоска, истакна дека одбележувањето на овој значаен датум, 9 ти јуни, го следи и нивната реномирана Установа, која последнава година бележи голем подем во подобрување...

Continue reading

gjubre

Ачик, градежен шут во центарот на Струга

Post Views: 0 Цела струшка чаршија и пошироко, одлага смет на едно место, во строгиот центар на градот. Во комуналната сфера владее невиден хаос и самоволие на поединци, за кои очигледно не важат законски пропишаните норми во делот на одржување на јавната чистота во градот, реагираат граѓаните. Струга, како познат туристички центар, пред бројните гости треба да се покаже во добро светло а не да се препушти во рацете на досегашното лошо менаџирање на раководство во комуналното претпријатие на градот, сметаат дел од нив. Градежниот шут на неколку фрекфентни места во градот, боди очи....

Continue reading

Православните христијани денес го прославуваат вознесението Христово, Спасовден

Post Views: 2 Бројни верници од цела Македонија денес се собраа во манастирот „Св.Спас“ во Горно Лакочереј за да го прослават вознесението христово-Спасовден. Манастирот од синоќа ги прима верниците и сите посетители почнувајќи со вечерната богослужба. Денес пак во манастирот се пееше утринска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски, г.Тимотеј. Верниците кои ги затекнавме во манастирот ги запрашавме како тие го прославуваат денешниот голем празник. „Палиме свеќи за здравје, за семејството. Убаво, како и секоја година. Да ни помогне на сите.“ „Ние не сме...

Continue reading

Кокаин и марихуана пронајдени кај тетовчани во Охрид

Post Views: 6 На 9-ти јануари 2022 година во СВР Охрид, приведени се Х.Ќ. (26), Љ.А. (23), М.П. (23) и С.У. (23), сите од тетовското село Пирок. При контрола на возило „Ауди” во кое се превезувале, извршена на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, пронајдена и одземена е кеса со кокаин и марихуана. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Несертифицираните плински боци – темпирани бомби

Post Views: 7   За нецел месец, Единицата на ТПП во два наврати интервенирала при експлозија на плинска боца. Едната била на 4 ти јуни во туристичката населба Пештани, која се случила како последица на експлозија од истекување на горивиот гас пропан бутан, при што едно лице било повредено, а другата вчера, открива за ТВМ Горан Маркоски од ТППЕ. Маркоски нагласува дека голем проблем прават несертифицираните боци кои на пазарот можат да се набават по многу ниски цени, но, истите се опасни бидејќи пoстои голема опасност од експлозија на боцата, за разлика од сертифицираните боци под...

Continue reading

ГЕОРГИЕСКИ ОБРАЗЛОЖИ ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА

Post Views: 0 Градоначалникот Константин Георгиески во изјава за медиумите образложи детали во врска со ребалансот на општинскиот буџет, кој денеска беше усвоен од страна на советниците на 62-та седница на Советот на Општина Охрид. Со цел да обезбедиме подобра функционалност на буџетските средства во насока на исполнување на приоритетните потреби и барањата на граѓаните, со денешниот ребаланс на буџетот вршиме внатрешна прераспределба на средствата по годишните програми за работа на секторите на општината. Согласно мојот принцип на транспарентност, сакам да ја информирам јавноста...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top